Connect with us

Свет

Трамп е новиот претседател на САД: Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела

Published

on

Доналд Трамп е старо – новиот претседател на САД, откако ги освои потребните 270 електорни гласови. Во говорот што го одржа веднаш откако стана јасно дека е избран на позицијата претседател им се обрати на своите поддржувачи и кажа дека доаѓа време на златна доба за Америка и дека сите ќе бидат горди за тоа што гласаа за него и за неговата група на луѓе.

„Ви благодарам на сите, ова е одлично. Ова е движење што никој досега не го видел. Ова е најголемото политичко движење на сите времиња. Никогаш немало вакво движење во Америка. И сега ќе достигне ново ниво на важност. Ќе ја излечиме Америка. Се ќе средиме кај нас. Поминавме пречки за кои многумина мислеа дека е невозможно да се преминат. Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ за поддршката. Ќе се борам за вас, вашите семејства, вашата иднина. Нема да застанам додека не испорачаме силна и просперитетна Америка. Ова ќе биде златно доба за Америка. Ќе ве направиме горди и среќни. Сакам да погледнете наназад еден ден и да бидете горди што гласавте за оваа група луѓе зад мене“, рече Трамп.

Свет

Кремљ потврди дека Путин и Трамп ќе разговараат утре, но една работа се држи во строга тајност

Published

on

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека утре ќе се одржи телефонски разговор помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Меѓутоа, Песков не сакаше да открие повеќе детали за точниот момент на разговорот, ниту за темите што ќе се дискутираат.

„Ние никогаш не го правиме тоа, никогаш не ги откриваме деталите однапред. Разговорот навистина се подготвува. Според нашето разбирање, разговорите меѓу два претседатели не подлежат на никаква претходна дискусија за содржината – затоа тоа нема да го правиме“, изјави Песков.

Да потсетиме, претходно агенцијата Ројтерс пренесе дека американскиот лидер планира да одржи телефонски состанок со рускиот колега во вторник.

Тие известуваат дека Трамп ќе го покрене прашањето за териториите, како и за контролата над нуклеарните централи.

Continue Reading

Свет

Кога е во прашање Путин, на Трамп му остана уште една опција

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оваа недела дека САД би можеле да „извршат разорни потези“ на руската економија за да ја натераат Русија да постигне мировен договор со Украина.

Меѓутоа, постои граница за тоа што Трамп може да направи против Русија, велат аналитичарите за Newsweek.

Тие истакнуваат дека Путин веќе три години води војна против Украина, и покрај тешките економски санкции од Западот. И вчера јасно стави до знаење дека е подготвен за примирје само ако тоа вклучува услови кои Киев многу тешко би можел да ги прифати.

Експертите веруваат дека најдобрата опција за Трамп да изврши притисок врз Москва е нешто што можеби најмалку е подготвен да го направи, а тоа е многу посилен притисок на извозот на руска нафта и гас, кои се главни извори на приходи за Русија и помагаат во финансирање на војната во Украина.

„Ако сакате побрзо решение за конфликтот во Украина, тоа е она што треба да го нападнете, континуираната продажба на руски енергенти“, изјави Емили Килкрис, виш соработник во Центарот за нова американска безбедност, додавајќи дека тоа е единственото што останало.

Но, таа верува дека администрацијата на Трамп можеби ќе се двоуми да преземе таков комплетен пристап за енергетски санкции против Русија, бидејќи тоа би предизвикало дополнителни економски потреси во САД, кои веќе се засилени поради трговската политика на Трамп.

Аналитичарите сметаат дека новото зголемување на цените на горивата предизвикано од построги енергетски санкции против Русија може да се одрази на американските гласачи поради Трамповото ветување да ги намали тие цени.

Марко Финли, експерт за енергија на Институтот Бејкер при Универзитетот Рајс, предвидува дека САД ќе бидат многу внимателни во врска со санкциите кои би можеле да го исфрлат руското нафтено производство од пазарот.

Западот во 2022 година го постави рускиот енергетски сектор како цел на поширок пакет економски санкции, координирани од САД, Европската унија и земјите-членки на Г7. Мерките вклучуваа забрана за извоз на руска сурова нафта преку море и ограничување на цената на руската нафта до 60 долари по барел.

Санкциите имаа за цел да го ограничат профитот на Москва, без да го прекинат целосно снабдувањето на земјите зависни од Русија. Но, и тогаш, Русија најде начин да ги заобиколи санкциите и продолжи да извезува нафта преку морски патишта.

Русија продолжи да извозува природен гас во делови од Европа и го зголеми снабдувањето со Кина, Индија и други земји кои не воведоа санкции.

Според извештајот на Ројтерс, руските приходи од нафта и гас се зголемиле за 26 отсто на 108 милијарди долари минатата година, а ЕУ во 2024 година потрошила повеќе на руска нафта и гас отколку што издвоила за финансиска помош за Украина.

Сега постојат неколку чекори што САД и нивните сојузници би можеле да ги преземат: намалување на горната граница на цените на руската нафта, сузбивање на извозот преку море и воведување вторични санкции за компании и трговски партнери, како што е Кина, кои продолжуваат да купуваат руски енергенси.

Експертите за енергија сметаат дека засилените санкции врз рускиот енергетски сектор ќе го разгневат Кремљ, а тоа ќе бара координација со сојузниците, што би било комплицирано, пишува Newsweek.

Continue Reading

Свет

Трамп издаде наредба до американската армија: “Нападнете силно и смртоносно”

Published

on

Претседателот Доналд Трамп нареди „одлучна и моќна“ воена акција против Хути терористите во Јемен, додека воздушни напади погодиле цели во главниот град Сана.

Американскиот претседател на платформата Truth Social потврди дека наредил на војската да спроведе серија воздушни напади, ветувајќи користење на „силна и смртоносна моќ“ додека побунениците од групата Хути, поддржани од Иран, не ги прекинат нападите врз бродовите долж виталниот поморски коридор.

„Нашите храбри борци во моментов изведуваат воздушни напади на базите на терористите, нивните лидери и ракетните одбрани за да ги заштитат американските бродови, воздухопловни и поморски сили и да ја обноват слободата на навигација“, напиша Трамп.

„Никаква терористичка сила нема да го спречи движењето на американските комерцијални и воени бродови низ светските води.“

Тој исто така упати предупредување до Иран да престане да ја поддржува оваа група, ветувајќи дека ќе ја смета земјата „целосно одговорна“ за постапките на својот посредник.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк