Connect with us

Македонија

БИТОЛСКИТЕ ДЕЦА АНА И АЛЕКСЕЈ НА „ДЕТСКА ЕВРОВИЗИЈА 2024„

Published

on

Денес градоначалникот Тони Коњановски ги прими во својот кабинет Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) ученици во ОУ „ Даме Груев “ од Битола, кои ќе ја претставуваат Македонија на „ Детска Евровизија 2024 “ со песната „ Маратон “, а со тоа изрази задоволство што овогодишните претставници се токму млади луѓе од нашиот град, кои ќе ја претставуваат Македонија и Битола. Им посака успех и желба за што поголем пласман на овој настан.
Ова ќе биди 22. издание на „Детска Евровизија„ кое ќе се одржи на 16 ноември во Мадрид, Шпанија. Нашите претставници Ана и Алексеј беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис и ќе ја изведат песната „Маратон “ со реден број 7, чиј автор на музика е познатиот македонски композитор и хитмејкер Лазар Цветковски, а текстот е на неговата сестра и постојана соработничка, Магдалена Цветковска. Изработен е и видеозапис во комплетна продукција на МРТ, кој е снимен на повеќе локации.
Општина Битола во рамките на можностите ги помага нашите учесници со финансиска поддршка, како и со организирање на настан заедно со нивното училиште, на 16 ноември на платото на Офицерски дом од 18 часот за следење во живо на „ Детска Евровизија 2024 “.

Македонија

Обвинителството бара 30-дневен притвор за Бектеши и уште тројца поранешни функционери од Министерството за економија

Published

on

Јавното обвинителство побара 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и за уште тројца раководни лица од Министерството за економија, дознаваме од извори во истрагата.

Меѓу оние за кои е побарана мерката притвор се и поранешната државна секретарка Размена Цекиќ, како и раководителот Беким Хаџиу. Тие се првите три лица за кои се отвора истрага и се бара притвор во рамките на пошироката истрага што опфаќа повеќе од 20 осомничени.

Претходно, ваква мерка беше побарана само за седуммина полициски службеници осомничени за истиот случај.

Дополнително, вечерва во судот беа донесени и тројца поранешни градоначалници на Кочани, кои исто така се под истрага. Обвинителството најавува дека истрагата се проширува и дека во наредните денови ќе следуваат нови детали за вмешаноста на останатите осомничени.

Continue Reading

Македонија

Семејството на починатиот Ведат: Докторот беше пијан!

Published

on

Синот на Амет Адеми, Ведат, му почина на раце, во градската болница, од невнимание на лекарот. Во смената кога 32-годишникот отишол да ја земе втората инфузија, лекарот и медицинската сестра му дале терапија без да му ја проверат евиденцијата дека бил алергичен на аналгин. Таткото тврди дека добил информација дека во понеделникот доктор Зоран Ѓеорѓиевски бил во алкохолизирана состојба на работа.

„Не сакам да се политизира случајот, но сакам правдата да проработи, да дејствува! Дека ние зборуваме кај вас во медиумите, додека таму ништо не се прави! Повторно ќе реагираме, имаме уверување дека ми рекоа дека оваа работа ќе биде завршена до крај. Како што ме информираа од одделението, тој понекогаш бил пијан таму, па дури и отишол на работа под дејство на алкохол. Да му се одземе лиценцата за работа бидејќи тоа што му се случи на мојот син нека биде последен случај во оваа катастрофа, но не дозволувајте да се случи на друго место“, вели Амет Адеми.

Семејството Адеми бара правда, не се задоволува само со разрешување на директорот на кумановската болница Стефан Трајановски, кој беше сменет од функцијата откако во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше утврдено дека имало многу пропусти. Министерот Таравари не ги открива наодите, но вели дека сите докази ќе бидат доставени до кумановското обвинителство кое поведе предистражна постапка. Сите страни се сослушани во обвинителството, но се уште не се знае за какво кривично дело се осомничени!

Ова разрешување на директорот беше поради организациски аспект на болницата, денеска е именуван нов директор на болницата. Во однос на лекарската одговорност, извештајот го оставам на лекарите кои се именувани од Министерството за здравство како стручна комисија. 5 члена ќе известат дали докторот е одговорен и ако е така, докторот навистина треба да одговара“, вели Арбен Таравари.

А доколку се утврди неодговорноста на д-р Ѓеорѓиевски, министерот Таравари рече дека ќе побара Лекарската комора да му ја одземе лиценцата за работа. Тој додаде дека е во комуникација и со директорот на Институтот за судска медицина Александар Станов, гарантирајќи му на семејството дека извештајот од обдукцијата ќе биде 100% точен. Загриженоста на семејството Адеми е дека лекарот Ѓеорѓиевски како поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ политички ќе влијае на истрагата. Во текот на денот контактиравме со д-р Зоран Ѓеорѓиевски, но тој не сака да коментира, велејќи дека ќе зборува откако ќе бидат објавени наодите од извештајот и од лекарската комисија.

Continue Reading

Македонија

Сопственикот на фирмата која раководела со „Пулс“ во Кочани однесен за Литванија

Published

on

Во јавноста првично имаше информации дека е во бегство, потоа дека е уапсен, а вистината на крај е дека тој е хоспитализиран.

Денес беше објавено дека Карадакоски е еден од педесетината повредени пациенти кои се пренесени во странство.

Тој е еден од четирите пациенти кој е пренесен во Литванија

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк