Connect with us

Македонија

Коњановски: Продолжуваме со инфраструктурна офанзива за Битола!

Published

on

Денеска, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, заедно со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Марјан Стефановски, пратеникот Пеце Милевски и членовите на Советот на Општина Битола, официјално го означија почетокот на изградбата на новата комерцијална зграда во АРМ. Оваа инвестиција, која ја реализира АД за стопанисување со станбен и деловен простор, ќе опфати 65 станови, 11 деловни простории и 100 паркинг места. Изградбата, која ќе трае 20 месеци, ќе понуди станбени единици по цени за 30-40% пониски од сегашните пазарни.

„Изградбата на оваа зграда е значаен дел од нашата градежна офанзива во Битола. Благодарен сум на Министерството за транспорт и врски и министерот Николоски за поддршката која ја добиваме – од аплицираните 16 проекти, потпишани се договори за 13, кои ги реализираме со целосна посветеност,“ изјави Коњановски. Тој потенцираше дека значајни инфраструктурни проекти се веќе во тек, како обиколницата на ул. „Бурса“ и влезот на ул. „8 септември“, на кои граѓаните и стопанството одамна чекаа.

Министерот Николоски најави и засилена поддршка за проектот „Купи куќа за млади“ кој ќе им овозможи на младите пристап до поевтини станови. До крајот на 2024 година, преку Министерството за транспорт и врски во Битола се планирани инвестиции од над 10 милиони евра, меѓу кои и реконструкции на улиците „Индустриска“, „11-ти Март“, „Панде Николов“, „Козара“ и „Чеде Филиповски – Даме“. Министерството, со одлука на Владата, исто така доделува 2.7 милиони евра за до крајот на годината, а од наредната година ќе се обезбедат дуплирани средства.

Во своето обраќање Николоски најави дека Битола ќе продолжи да биде фокус на значајни стратешки проекти, со отворање на делницата Градско – Дреново од експресниот пат до крајот на годината и продолжување со делниците до Прилеп и Меџитлија.

Македонија

Ангелов: За пожарот добивме повик од вознемирена мајка, ниту во најтешките препоставки не замислував таква трагедија

Published

on

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ „24“ изјави дека се работи на формирање на една институција од ЦУК И Дирекцијата за заштита и спасување која ќе биде задолжена за заштита и безбедноста на граѓаните. Според него, создавањето на нова институција бара време. Тој зборуваше и за несреќата во Кочани и првите реакции од институциите на терен.

„Основниот курс на владата е формирање на една силна институција од двете постоечки институции ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување. ЦУК менаџира со сите државни ресури, ние управуваме со ресори во случај на кризна состојба, кај нас функционира бројот 112 кој беше корисен во несреќата во Кочани. Во петок закажавме наредна средба со премиерот, се работи забрзано, процесот на правање на нова институција тече но бара време, бара задирање во закони со вотретинско мнозинство, во Уставот нема кризна состојба, воена и вонедна имаме“, рече Ангелов.

Тој зборуваше и за трагедијата во Кочани и за реакцијата на институциите за време на несреќата.

„За овој трагичен настан кој ја потресе јавноста, засегнат сум бидејќи бев на лице место и сведок сум на некои сцени. Во првиот дел, пред да избувне пожарот се покажаа катастрофални системски пропусти а во вториот дел откако избувна пожарот се покажа брза реакција на надлежните институции бидејќи привот повик го добија пожарникарите во Кочани а ние добивме повик од вознемирана мајка која на едниот телефон ја имаше нејзината ќерка по која викаше а на другиот телефон беше повикот со нас. Веднаш ме известија за пожарот и првата проценка беше дека состојбата е тешка. Го повикав градоначалникот на Кочании побарав да оди на местото на пожарот. Ниту во моите најтешки претпоставки немав замисла за ваква трагедија. Брзата помош беше известена, кочанските екипи дадоа прв одговр, побаравме помош од сите екипи во околината. Градоначалникот на Кочани беше изгубен и беше во плач, немаше претстава, зборуваше само дека ова е катастрофа. Кобната ноќ тој направи се што можеше да се направи. Директорката на болницата беше вџашена од тоа што гледа. Ја замолив да направи напор и да преброи колку има починати и колку повредени. Првата бројка што ми ја кажа беше 43 починати, потоа бројката порасна на 59. Бев шокиран, го известив за бројот на починати и повредени Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, тој беше шокиран. Пристигна веднаш во Кочани и премиерот веднаш пристигна. Одговорот кој нашата држава го пружи беше максимум“, додаде Ангелов.

Гледајте ја целата емисија овде.

24.мк

Continue Reading

Македонија

Донирани над 11 милиони денари преку Support Kocani

Published

on

На интернет страната се донира директно на сметките на членови на најблиското семејство на засегнатите лица. Секој може поединечно да избере за кого сака да ја намени својата донација.

Досега близу 11,5 милиони денари се донирани за повредените и семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, преку страната Support Kocani.

На интернет страната се донира директно на сметките на членови на најблиското семејство на засегнатите лица. Секој може поединечно да избере за кого сака да ја намени својата донација.

Собраните средства за секое лице ќе бидат објавени, за да помошта оди таму каде што е најпотребна. Податоците за износот на донации објавени за секоја сметка се базираат само на информациите испратени до нас од донаторите. Не можеме да гарантираме дека прикажаните износи се 100% точни бидејќи немаме целосен увид во сите уплати, велат од Support Kocani.

Дечките од Support Kocani, вчера изјавија дека во изминатите 24 часа, износот на донации бил зголемен за два милиони, а страната има 25.000 нови посети.

Оваа екипа секојдневно се труди да ја подобри страната, за преку директно донирање на сметките на семејствата на загинатите и повредените лица да им се обезбеди дополнителна финансиска помош. Она што како ново го најавуваат е овозможување на донирање преку крипто, за што работат таа опција да биде возможна. Дополнително подготвуваат и видеа со инструкции за овој начин на донирање (како семејствата да креираат крипто паричник и начинот на донирање).

Continue Reading

Македонија

ВО АПРИЛ СНЕГ ДО КОЛЕНА? Македонија пред нов студен бран

Published

on

Според најновите метео прогнози, постои голема веројатност на многу места низ државата да се формира снежна покривка, додека на планинските предели и на скијачките центри се предвидува натрупување на повеќе од 30 сантиметри снег.

Иако календарски пролетта веќе започна, временските услови во Македонија би можеле да наликуваат на вистинска зима во првите денови од април.

Според најновите метео прогнози, постои голема веројатност на многу места низ државата да се формира снежна покривка, додека на планинските предели и на скијачките центри се предвидува натрупување на повеќе од 30 сантиметри снег.

Оваа прогноза ја објави метео прогнозерот Славчо Попоски, кој посочи дека ситуацијата активно се следи и дека сценариото со снежни врнежи во овој период од годината, иако ретко, не е невозможно.

„Можеби звучи многу повеќе од чудно, но барем од она што моментално го цртаа прогностичките материјали, во првите денови од следната седмица, односно почетокот на април, на многу места низ Македонија би се формирала снежна покривка и би владеела вистинска зима, на планините и на скијачките центри ќе има и над 30 сантиметри снег. Ја следам состојбата“, напиша Попоски на Фејсбук.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк