Connect with us

Македонија

КУД „ИЗВОР“ ПРОСЛАВИ ДЕВЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Published

on

 

Во неделата, во Дом на култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово се одржа значаен концерт на културното уметничко друштво „Извор“ од с. Јегуновце, кое по 19-ти пат од своето основање ја прослави својата традиција и работа со годишен концерт. „Извор“ , претходно познат како „Југохром“ чии почетоци се далечната 1974 година, постои од 2005 г. и наредната година се спрема за голем јубилеен концерт по повод 20 години постоење, промоција на македонската фолклорна култура, како и реафирмација на полошкиот регион со негување на локални песни и игри.

 

На концертот се собраа многу обожаватели, пријатели и љубители на фолклорната музика, кои уживаа во богатата програма составена од традиционални песни и игри. Играорците на КУД „Извор“ се претставија со: „Моме Митро“, „Пијанец“, „Водарки“, како и „Посеље“ – оро кое го носи името на пределот во кое друштвото функционира и игрите кои потекнуваат од тој простор. Покрај домаќините, гости беа КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од с. Теарце и двајца вокални изведувачи од Фолклорното студио „Блажевски“ од Скопје.

 

Културното уметничко друштво „Извор“ покрај настапите на македонско тло, има настапувано во неколку европски земји, меѓу кои: Полска, Унгарија, Словенија, Турција, Бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора и др. Токму ова лето, младинскиот ансамбл беше гостин на меѓународен фестивал во Мохач, Република Унгарија. Раководител е истакнатиот кореограф и уметнички раководител на играораниот кор во НУ „Танец“, Јовица Блажевски, кој е во „Извор“ уште од неговите почетоци, додека претседател е Ненад Блажески, локален стопанственик.

 

По повод овој годишен концерт, претставниците на друштвото изразија благодарност до сите поддржувачи и покровители, нагласувајќи дека нивната поддршка е клучна за одржување на духот на фолклорната традиција. Организацијата истакна дека претстои јубилејна година во која „Извор“ сака да ги изненади гостите со преубава и несекојдневна програма по повод дваесетгодишниот јубилеј. Групата продолжува да работи на нови проекти и да се бори за зачувување на македонската фолклорна традиција за идните генерации. Фолклорот е важен симбол на полошките предели, што несомнено „Извор“ го докажува со текот на времето.

Македонија

Починатите од пожарот во Кочани ќе се погребаат на посебен дел од гробиштата

Published

on

Гробиштата во Кочани веќе се прошируваат поради големиот број починати во пожарот кој ја пеплоса дискотеката “Пулс”. Сите жртви ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта, пишува Ројтерс.

Булдужери од општината Куманово работат на терен со цел да помогнат во трагедијата која ни се случи.

Инаку и од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, градоначалникот Љупчо Папазов им дал неколку препораки за преземање активности во наредниов период, пред да поднесе неотповиклива оставка.

„Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената 7-дневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и од спортски карактер. Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и да се определи посебно место за починатите во пожарот. Исто, да се донесе одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП Водовод, соопшти Општина Кочани.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Утре започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови

Published

on

Во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

На состанокот се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски уште вчера на прес-конференција во Владата најави дека ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

-Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе најдеме стотици, десетици… Милиметар да недостасува ќе бидат затворени, тука нема да има милост кон никого, рече Мицкоски.

Истакна дека објектот каде што се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.

Continue Reading

Македонија

За 200.000 денари мито изгореа 59 млади луѓе

Published

on

Два дена по трагедијата во Кочани, власта покажа како се справува со одговорните за пожарот. Истрагата е во тек и што е најважно таа е транспарентна. Нема криење од народот, секој заслужува да биди кој е виновен и кој однесе млади луѓе во смрт.

Што се знае до сега

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на вчерашната прес конференција откри дека лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена за мито од 200.000 денари.

200.000 денари, токлку вределе животите на младите кои дошле да се забавуваат а завршија во стампедо или задушени. Каде ќе им оди душата на тие нелуѓе.

Приведени се и поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен, мислам и сегашен раководител на еден сектор на министерството за економија, приведовме и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата.

Ова е само почеток. Како ќе се копа подлабоко којзнае што ќе излезе. Можеби ќе се појави и некој министер од претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Македонија како држава мора да извлече поука од оваа трагедија. Ова треба да биде клучниот момент во кој ќе застанеме во борма против најголемиот непријател-корупцијата, од најниско до највисоко ниво. Толеранција не смее да има кон никого.

Република.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк