Connect with us

Европа

Лекар од Британија осуден на 31 година затвор за обид за убиство со лажна вакцина против Ковид-19

Published

on

Британски лекар кој бил незадоволен од наследството и на партнерот на мајка си му вбризгал отров кој лажно го претставил како вакцина против Ковид-19, денеска е осуден на 31 година затвор.

Д-р Томас Кван се маскирал во медицинска сестра која доаѓа во домашна посета за да му вбризга отров на Патрик О’Хара бидејќи верувал дека постариот човек му застанува на патот еден ден да го наследи домот на неговата мајка.

Кван минатиот месец се изјасни за виновен за обид за убиство пред судот во Њукасл.

О’Хара преживеа откако помина неколку недели на интензивна нега и му беше ампутиран дел од раката за да се спречи ширењето на некротизирачки фасцитис.

Оттогаш, мајката на Кван, Џени Леунг и О’Хара се разделија.

Полицијата користела снимки од надзорните камери за да го пронајде Кван. Откриле дека тој смислил заговор со испраќање лажни писма со логоа на NHS, хиперлинкови, па дури и QR код за да му понуди на О’Хара домашна посета за вакцината.

Кван се преправил во заштитна опрема од глава до пети, со затемнети очила и хируршка маска и дошол со возило на терминот во јануари користејќи лажни регистарски таблички.

Кван, кој е опишан дека има морбидна опсесија со отрови, користел јодометан, супстанца пронајдена во пестицидите за која сметал дека лекарите тешко ќе ја откријат, рече судијата.

При претресот на неговата куќа, полицијата пронашла арсен, течна жива и рицинусово масло, од кои може да се направи хемиското оружје рицин. На својот компјутер имал инструкции како да се направи рицин.

Кван беше вознемирен од можноста да добие помал дел од своето наследство. Тој имал затегнати односи со неговата мајка и дознал дека таа има одредба во тестаментот што ќе му дозволи на О’Хара да остане во нејзиниот дом доколку таа умре пред него.

Европа

Австриски медицински лет згрижи двајца повредени од Кочани

Published

on

Австрија изрази солидарност со граѓаните на Македонија по трагичниот пожар во ноќен клуб во Кочани, во кој имаше повеќе жртви и повредени. Австриските вооружени сили спроведоа прв медицински евакуациски лет, при што двајца пациенти во критична состојба беа пренесени на специјализиран третман во Австрија.

Австриската амбасада во Скопје активно координира дополнителни мерки за поддршка, а властите од двете земји се во постојан контакт за обезбедување на потребната помош.

Овој хуманитарен ангажман е потврда за блиските односи меѓу Австрија и Македонија и за подготвеноста на Виена да помогне во итни ситуации.

Continue Reading

Европа

Макрон ја повика Русија да го прифати договорот за прекин на огнот

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Кремљ да го прифати предложениот 30-дневен прекин на огнот, инициран од страна на САД и Украина. Макрон за оваа тема разговарал со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски во своето вечерно обраќање истакнал дека со Макрон се фокусирале на дипломатските напори и техничките детали за евентуалниот прекин на огнот. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, најавил дека Украина веќе формира тим за развој на механизми за мониторинг во случај на прекин на огнот.

Continue Reading

Европа

Зеленски: Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и македонскиот народ, за трагедијата во Кочани.

– Трагична вест за смртоносен пожар во Кочани… Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден – напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.

Тој на повредените им посака брзо закрепнување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк