Connect with us

Македонија

Лидерската улога на УКЛО Битола за талентите продолжува

Published

on

Во пресрет на Денот на науката, на Педагошкиот факултет – Битола, единица на УКЛО, на 6 ноември 2024 г. се одржа вебинар на тема „Емпатијата кон надарените и талентираните“.

Научната констатација е дека талентирани се оние кои напредуваат во општествата и светот, а образовниот систем е одговорен да ги открие и негува во професионалниот живот, резимира проф. д-р Љупчо Кеверски, експерт во областа.

Нагласено е дека и Битола и Универзитетот се пионери, креатори на имиџ за третман на талентирани студенти. Педагошкиот факултет на втор и трет циклус има студиски програми за надарени и талентирани, што несомнено претставува висока, додадена вредност на УКЛО.

Ректорот проф. д-р Игор Неделковски го изрази задоволството за посветената грижа за надарените и талентирани студенти, како и нивната улога во општеството. Тој посочи дека УКЛО е лидер во оваа област, со институционализирани активности, развиени правила и формирани групи каде професорите активно работат на поддршка на талентираните млади луѓе.

На настанот покрај раководството на Факултетот, академски кадри, студенти и заинтересирани учесници, трибина ја следеа и проректорите, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска и проф. д-р Јове Димитрија Талевски, а преку видео врска се вклучи проф. Станислав Милошевиќ, програмски директор на „Истражувачката станица Петница“ од Белград, Србија.

Вебинарот уште еднаш потсети на важноста за негување и јакнење на емпатија кон надарените млади луѓе и нивна брза интеграција во општеството. Оценка е дека и со овој настан, се прави уште еден чекор кон создавање на негувачка средина за талентирани студенти, за да им се помогнеме да го достигнат својот целосен потенцијал и да бидат лидери на иднината.

Македонија

Притвор за Крешник Бектеши, судот го прифати предлогот на Обвинителството

Published

on

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на обвинителството.

Судот на Кочан го прифати барањето на обвинителството за Бектеши да биде испратен во „краток притвор“, заедно со уште седуммина други осомничени, додека се уште се чека да се утврди во кој затвор ќе биде испратен.

48 часа притвор доби и Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Continue Reading

Македонија

Зимата се врати: Забрана за камиони на два патни правци, еве каде вее во моментов во Македонија

Published

on

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар.

Од 22:50 часот е воведена забраната на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци, а од 23 часот и на патниот правец Маврово – Дебар.

Continue Reading

Македонија

Горан Милевски: Во Љубљана слета авионот со македонските патници

Published

on

Вечерва во Љубљана пристигна првиот воен авион со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.

Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети и да си помагаме едни на други, информираше на социјалните мрежи амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк