Connect with us

Македонија

Министерот за правда, Игор Филкив, во работна средба со Академијата за судии и јавни обвинители

Published

on

Министерот за правда, Игор Филкив, се сретна со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски, и заменик директорот, Илир Исени. Средбата се одржа во духот на конструктивен дијалог, каде што се дискутираа предизвиците со кои се соочува Академијата, како и решенијата кои ќе овозможат подобри просторни услови и зголемени капацитети за обука на идните судии и обвинители.

Една од централните теми беше потребата за оптимизација на роковите за полагање испити, со цел процесот да стане побрз и поефикасен. Ова би им овозможило на кандидатите побрзо да го завршат обуката и полесно да пристапат до своите нови улоги.

Министерот Филкив потенцира дека министерството ќе продолжи да работи во тесна соработка со Академијата, со фокус на размена на искуства и ресурси, кои ќе придонесат кон создавање на иновативни и современи програми за обука. Новите програми ќе бидат дизајнирани така да ги одговорат на реалните потреби на правосудниот сектор и да го зголемат професионализмот и ефикасноста на идните судии и обвинители.

Македонија

КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА!

Published

on

Денес во посета на општина Битола беше Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, директорот на АД за стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на републиката Марјан Стефановски, пратеникот Пеце Милевски, и советниците во Советот на Општина Битола го означија отпочнувањето на изградба на новата комерцијална зграда во АРМ, каде инвеститор е АД за стопанисување со станбен и деловен простор.
Градбата на зградата се очекува да трае 20 месеци, ќе опфаќа 65 станови и 11 деловни простории со 100 паркинг места, цената ќе биде за 30-40 % поефтина од таа што е на пазарот во мемонтот.
„Изградбата на оваа зграда е од големо значење и ќе се вклопи во градежната офанзива со која е опфатена Битола, сакам да го искористам моментот и да се заблагодарам на Министерството за транспорт и врски и Министерот Николоски за огромната поддршка која ја дава на општина Битола, имено од аплицираните 16 проекти од програмата за поддршка на Владата, 13 договори се веќе потпишани со министерството за транспорт и врски за инфраструктурни проекти.
Како што знаете проектот преку Светска Банка во населба „Недопирливи“ е веќе завршен, во моментот се работи на ул. „Бурса“ инаку значајна обиколница за градот и стопанството, исто така влезот во градот односно ул. „8 септември“, проекти кои долго се бараа од граѓаните и стопанството, истакна градоначалникот Коњановски во својата изјава.
Министерот Николоски истакна – “Во следната година сериозно ќе го развиваме Проектот “Купи куќа за млади” кој што треба да овозможи доста пристапни цени за младите да можат да изградат или да купат куќа, а ќе продолжиме со вакви проекти и во делот на станбената политика. Она што исто така можам со задоволство да го кажам е до крајот на 2024 година и само преку министертсвото за транспорт и врски се инвестирани вкупно 10.000 000,00 евра што досега не случило во градот. Можам кратко да набројам неколку проекти кои ги работиме како што кажа Градоначалникот завршена е реконструкција на 7 улици во населбата “Недопирливи” во вредност околку 500.000 000,00 евра а во моментов се работи на ул. Индуистиска во вредност со некаде 700.000 000,00 ева вкупна должина на двата потези е 4.5 километри. Исто така денеска треба да се избере изведувач кој што ќе работи Реконструкција на водоводна мрежа и канализациона мрежа на слените 4 улици : “11-ти Март”, “Панде Николов”, “Козара” и “Чеде Филиповски – Даме” од некаде во вредност од 200.000,00 евра а со Одлука на Влада, Mинистрството за транспорт и врски на Општина Битола му додели 2.700 000,00 евра само за до крајот на оваа година, а од другата година ќе имаме помножено по два од оваа вредност, исто така во моментов се работи на влезот на Битола во вредност некаде околу 2.000 000,00 евра. Оваа комерцијлана зграда ќе биде околу 3.500 000,00 евра кога ќе соберете се има во моменот економска активност од околку 10.000 000,00 евра стимулирана преку Министертсво за транспорт и врски. Целокупната екомија во градот отварање дирекни и индирекни работни места значи иднина за економијата во градот Битола и тие кои ја гледаат иднината во Битола. Најавувам дека ќе продолжиме да инвестираме во иднина тука се и големите стратешки проекти до Нова Година ја пуштаме и првата делница Градско – Дреново од екпресниот пат , од март месец ќе оди Дреново – Фариш, а како што највивме минатата недела автопат Прилеп – Битола и секако започнуваме на работиме на завршување на проектот на обиколница Битола и изградба на експресен пат до граничниот премин Меџитлија.

Continue Reading

Македонија

Портпаролката на Владата, Азизи: Предвремени избори нема да има, Албанците му дадоа црвен картон на ДУИ пред 4 месеци!

Published

on

Портпаролката на Владата Венера Љатифи-Азизи во интервју за весникот Лајм ги отфрли гласините за можноста за одржување предвремени парламентарни избори, заедно со локалните, следната година.

Според неа, одржувањето на предвремени избори граѓаните би ги чинело над 10 милиони евра.

„Нема индиции за предвремени избори затоа што проценуваме дека за да се одржат предвремени избори треба да се потрошат дополнителни 10 милиони евра, пари од буџетот, пари од народот, значи да им ги земеме парите на граѓаните за да ги спроведеме избори кои ги имавме пред само 4 месеци.

Нелогично е повторно да оддржиме избори. Наместо тие пари да се користат за инвестиции, изградба на училишта, спортски сали, за изградба на патна инфраструктура која е заборавена, ние зборуваме за предвремени парламентарни избори“, изјави г-ѓа Љатифи-Азизи за весникот Лајм.

Според неа, Владата никогаш не била постабилна.

„За ова говорат бројките што ги имаме во Собранието на Македонија, имаме 78 пратеници. Ова мнозинство има индикации за зголемување во иднина. Тие што зборуваат за предвремени избори во Северна Македонија е ДУИ, партијата која пред само четири месеци беше делегитимирана со гласот на Албанците и отиде во опозиција“, рече Љатифи-Азизи.

Портпаролката на Владата рече дека партијата која сега е најгласна во барањето за предвремени избори, ДУИ, пред само четири месеци доби црвен картон од Албанците, на изборите.

„Сега слушам изјави и велат да одиме на предвремени избори, ако изгубиме ќе си одиме дома. Но, пред само 4 месеци се изгубија и си заминаа дома.

Добро е сега да останат таму каде што ги испрати народот, како што им дадоа илјадници пасоши на млади момчиња, жени, мајки, татковци да тргнат по патот на печалбата, на истиот начин албанското население им даде црвен картон и ги седна на трибина да видат како се води држава.

Ако ДУИ толку сака да има предвремени парламентарни избори, има политички механизми, тоа е Собранието, нека побараат распуштање на Собранието и ќе видиме како ќе поминат таму со бројките“, рече Љатифи-Азизи.

Continue Reading

Македонија

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски: Преку 4 милиони евра за надградба на електро преносната мрежа во Пелагонија

Published

on

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, објави значајна инвестиција од над 4 милиони евра за надградба на електро преносната мрежа во Пелагонискиот регион. Оваа инвестиција опфаќа реконструкција на трафостаницата Битола 2, која се очекува да заврши овој месец. Со нејзиното завршување, ќе се подобри стабилноста на електричната мрежа и ќе се обезбеди непрекинато снабдување со електрична енергија за компаниите и граѓаните.

„Инвестираме во иднината на Македонија, за развојна и економски силна земја,“ изјави министерот Николовски, истакнувајќи дека оваа инвестиција ќе има долгорочни придобивки за економијата и за секојдневниот живот на граѓаните во регионот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк