Шест од настраданите од Кочани кои се наоѓаат на лекување во странство во текот на идната недела ќе бидат вратени во Македонија, каде ќе го продолжат лекувањето и рехабилитацијата, информираше министерот за здравство, Арбен Таравари, кој притоа рече дека бројката не е конечна.
„Од каде имаме исписи. Италија еден испис се планира. од Шпанија се планираат два исписа, од Шведска еден испис и од Авсатрија два исписа. Овие се планирани, но не е дефинитивно“, изјави Таравари.
Од 115 повредени кои се лекуваат во другите држави, во моментов во многу критична состојба се шест пациенти
„Да се надеваме дека таа бројка нема да се покачи со евентуални компликации кај другите пациенти. Некои од пациетните веќе планираме идната недела веќе да се враќаат, тоа е се бараме до сега, според информаците што ги добиваме, пет од вкупно 115 пациенти идната недела ќе се вратат ќе бидат прифатени прво во трите болници во Скопје од каде што е испратен и по тријажа ќе се констатира дали ќе треба да бидат уште во болница или можеме да ги пуштиме веднаш дома. Потешките пациенти штоп се -двајца се во Љубљана во клиничкиот центар и четири во Воено-медицинската академија во Белград. Тие се пациенти кои се во моментов најтешки“, рече Таравари.
Пациентите кои ќе се враќаат ќе бидат прифатени во болниците од каде се упатени на лекување во странство, а потоа според проценката на лекарите прераспределени по другите клиники и болници. За оние за кои ќе треба подолготрајна рехабилитација, како што информираше Таравари, се размислувава да бидат испратени и во другите градови или во некој центар којшто не е искористен за да можат да се направат екипи кои ќе можат да ги третираат подолгорочно.
Таравари информираше дека освен лекарските тимовите од Израел и од Чешка кои се во земјава за да ги третираат настраданите во пожарот, подготвени тимови од Англија кои според потребите на македонските здравствени власти би дошле за да помогнат околу нивната рехабилитација.
Освен враќање на дел од оние кои се во странство, на домашно лекување ќе заминат дел од настраданите кои се лекуваат на клините и во болниците во земјава. Таравари информираше дека најмалку петмина в понеделник ќе бидат пуштени на домашно лекување. Сепак точната бројка колку од нив ќе заминат дома ќе се знае в понеделник.
Пред пресот на министерот за здравство, прес-конефренција одржа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој информираше дека денеска ќе се одржи координативен состанок на кој ќе се утврдат чекорите и мерките за репатријација, односно враќањето на настраданите кои се лекуваат во странство во земјава.
„Во моментов вкупно 116 пациенти се лекуваат во 14 европски држави“, информираше Муцунски.
Разликата во бројката која денеска ја соопштија Муцунски и Таравари – 116 односно 115 кои се лекуваат во странство, ја појасни директорот на Фондот за здравствено осигурување.
„Мислам дека има една пациентка што самата се пријавила во Бугарија и не е евидентирана во Македонија. Тука може да е разликата“, рече Сашо Kлековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.
Таравари појасни дека можеби некој што отишол или можеби станува збор за странски државјанин.
Муцунски инаку информираше дека за 38 од пациентите кои се лекуваат во странство здравствената грижа е обезбедена преку механизмот на Цивилна заштита на ЕУ, кој владата го активирала веднаш по несреќата, додека останатите пациенти се згрижени како директна билатерална помош.