Connect with us

Македонија

Полицијата ќе казнува – мора да го имате ова во возилото

Published

on

Од 15 ноември започнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата. Ако не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, а може да се соочи и со исклучување на возилото од сообраќај.

Под зимска опрема во Македонија се подразбира:

*Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри или

*Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри и во возилото да носите соодветни помагала (синџири за снег).

*Синџирите за снег се поставуваат на погонските тркала.

Доколку возилото има погон на сите четири тркала, тогаш опремата е:

*Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 6 милиметри или

*Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри и во возилото да носите соодветни синџири за снег.

*Ако имаат постојан погон на четири тркала, синџирите се поставуваат на задната осовина.

*Ако имаат преклоплив погон, тогаш синџирите се поставуваат најмалку на постојано вклучената оска.

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МС“, „М+С“, „М&амп;С“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Во патниот сообраќај, на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Законот предвидува полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Македонија

Денеска се враќаат уште пет пациенти од лекување од Србија, во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти

Published

on

Во текот на утрешниот ден се очекува враќање на уште еден пациент од Белгија, кој ќе биде сместен под лекарска опсервација на Клиниката за пластична хирургија, информира Министерството за здравство.

Денеска во земјава се враќаат уште петмина од повредените во трагедијата во Кочани, кои досега беа на лекување во Србија. Согласно утврдениот протокол, тројца од нив ќе бидат згрижени на Клиниката за пластична хирургија, еден пациент ќе продолжи со лекување на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, додека еден по сопствен избор ќе се лекува во приватната здравствена установа „Жан Митрев“.

Во моментов, во земјава активен болнички третман примаат тројца пациенти – еден во „Св. Наум Охридски“ и двајца во приватната болница „Систина“.

Од Министерството потенцираат дека внимателно ја следат здравствената состојба на сите повредени со цел обезбедување навремен, квалитетен третман и понатамошна рехабилитација.

Continue Reading

Македонија

Приведени двајца крадци во Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката

Published

on

На 25.04.2025 во 00.40 часот и 02.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Ј.(44) и Љ.Т.(42), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека од домот на 53-годишна велешанка одзеле повеќе предмети.

Предметите се пронајдени и вратени на сопственичката. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Кавадарчанец со 1,99 промили алкохол во крвта возел и направил сообраќајка

Published

on

Приведен кавадарчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

На 24.04.2025 во 21.20 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски слчужбеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци.

Со возилото „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(58) од Кавадарци, а по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.99 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк