Connect with us

Македонија

Тројца малолетници пред кафуле нападнати и удирани со стаклено шише

Published

on

Вчера во 14 часот, 46-годишната С.М. поднела пријава во Полициската станица Пехчево, посочувајќи дека нејзиниот малолетен син и два негови пријатели биле нападнати пред угостителски објект во градот. Според пријавата, напаѓачот, А.М. од Пехчево, кон нив фрлил стаклен предмет.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

Македонија

БИТОЛСКИТЕ ДЕЦА АНА И АЛЕКСЕЈ НА „ДЕТСКА ЕВРОВИЗИЈА 2024„

Published

on

Денес градоначалникот Тони Коњановски ги прими во својот кабинет Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) ученици во ОУ „ Даме Груев “ од Битола, кои ќе ја претставуваат Македонија на „ Детска Евровизија 2024 “ со песната „ Маратон “, а со тоа изрази задоволство што овогодишните претставници се токму млади луѓе од нашиот град, кои ќе ја претставуваат Македонија и Битола. Им посака успех и желба за што поголем пласман на овој настан.
Ова ќе биди 22. издание на „Детска Евровизија„ кое ќе се одржи на 16 ноември во Мадрид, Шпанија. Нашите претставници Ана и Алексеј беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис и ќе ја изведат песната „Маратон “ со реден број 7, чиј автор на музика е познатиот македонски композитор и хитмејкер Лазар Цветковски, а текстот е на неговата сестра и постојана соработничка, Магдалена Цветковска. Изработен е и видеозапис во комплетна продукција на МРТ, кој е снимен на повеќе локации.
Општина Битола во рамките на можностите ги помага нашите учесници со финансиска поддршка, како и со организирање на настан заедно со нивното училиште, на 16 ноември на платото на Офицерски дом од 18 часот за следење во живо на „ Детска Евровизија 2024 “.

Continue Reading

Македонија

„Кисела Вода ја отвори првата Канцеларија за поддршка на млади брачни парови – инвестиција во стабилни семејства и силна заедница“

Published

on

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода, отвори нова Канцеларија за социјална поддршка на млади брачни парови – прва од ваков вид во Македонија, специјално наменета за жителите на Кисела Вода.

Оваа иницијатива претставува резултат на успешната соработка со Здружението на социјални работници, кое обезбедува стручни лица за поддршка, додека општината го обезбеди просторот во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Целта на оваа канцеларија е да им понуди бесплатна и професионална помош на младите брачни парови, кои се соочуваат со предизвиците на семејниот живот.

Работењето на канцеларијата е фокусирано на превенција и рано справување со семејните недоразбирања, со надеж дека ќе помогне во намалувањето на стапката на разводи. Преку индивидуален пристап, секое семејство ќе добие целосна и персонализирана поддршка, а канцеларијата ќе работи секоја среда и сабота, со претходно закажување.

„Веруваме дека оваа иницијатива ќе стане позитивен пример и ќе инспирира и други општини да вложат во поддршка за младите семејства,“ изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Со оваа канцеларија, општина Кисела Вода продолжува да го покажува својот ангажман за подобрување на квалитетот на живот на своите граѓани и за создавање стабилна и среќна заедница.

Continue Reading

Македонија

Николоски во Битола- камен темелник на станбена зграда

Published

on

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе ја посети општина Битола каде ќе присуствува на поставување на камен темелник на станбена зграда.

Предвидени се и изјави за медиумите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк