Connect with us

Македонија

АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ Барал одговорност за врховни судии за предмет во кој адвокат била неговата сестра

Published

on

Според ДКСК игнорирањето на судири на интереси на членовите на Судски совет, кои вршат надзор и контрола на работењето на секој судија во државата, создаваат можност од влијание и вршење притисок врз судиите кои постапуваат во постапките каде што членовите на Советот имаат блиски лица, а со тоа на директен начин се влијае на самостојноста и независноста на судската власт.

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе иницијатива до Судскиот совет и до Здружението на судии за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет поради „судир на интереси“ и поради „пристрасност при вршењето на функцијата“. Причина е што тој бил иницијатор да се поведе постапка за утврдување на одговорност на судии во Врховниот суд, кои постапувале во предмет во кој адвокат била неговата сестра.

По предметот реферираше антикорупционерката Цвета Ристовска, која рече дека имаат претставка против член на Судскиот совет од познат подносител, во која се наведува дека пријавениот се наоѓа во состојба на судир на интереси и при вршењето на функцијата покажува пристрасност и се раководи од приватен интерес.

– Во претставката се наведува дека член на Судскиот совет поднел барање до Судскиот совет да се поведе постапка за утврдување на одговорност на судии на Врховен суд, кои  биле и членови на Судечкиот совет кој одлучувал по вонреден правен лек, ревизија на предмет. Тужениот во овој предмет го застапувало адвокатско друштво во кое сестрата на члнот на Судскиот совет обавува адвокатска дејност – рече Ристовска.

Таа додаде дека членот на Судскиот совет во барањето за постапка за утврдување на одговорност на судии на Врховниот суд, навел дека тие постапиле нестручно и несовесно при вршењето на својата судиска функција.

– Службените лица, меѓу кои се и судиите и членовите на Судскиот совет, се обврзани во вршењето на функцијата да постапуваат совесно, стручно и одговорно, да ги почитуваат етичките норми, како и да внимаваат на евентуален судир на интереси. Тие се должни да го пријават постоењето на приватен интерес и да се изземе пред расправа и одлучување. Со оглед дека блиско лице, сестра на член на Судски совет била полномошник на странката која ја изгубила постапката пред Врховниот суд, не само што членот на Судскиот совет не смеел да постапува, туку не смеел ниту да се јави во улога на иницијатор за  постапка за одговорност на врховните судии – нагласи Ристовска.

ДКСК констатира дека, пошироко гледано, игнорирањето на судири на интереси на членовите на Судски совет, кои всушност вршат надзор и контрола на работењето на секој судија во државата, создаваат можност од влијание и вршење притисок врз судиите кои постапуваат во постапките каде што членовите на Судскиот совет имаат блиски лица. Со тоа на директен начин се влијае на самостојноста и независноста на судската власт, која треба да ја гарантира токму Судскиот совет.

Според ДКСК, членот на Судскиот совет постапил спротивно на членовите 73 и 75 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со што сторил прекршок, за што Комисијата ќе поведе постапка за издавање прекршочен налог.

Тој постапил  спротивно и на член 33, став 4 од Законот за Судски совет, кој е основ за поведување на дисциплинска одговорност, па ДКСК до Судскиот совет и до Здружението на судии ќе поднесе иницијатива за поведување на постапка за дисциплинска одговорност.

Судскиот совет и Здружението на судии се должни по поднесената иницијатива за дисциплинска постапка на член на Советот да донесат одлука најдоцна во рок од 60 дена.

Македонија

Уште четворица повредени вечерва од Скопје се префрлаат во Атина

Published

on

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство, доцна вечерва од Скопје во Атина ќе бидат префрлени уште четворица повредени во пожарот во Кочани, јави МИА.

Според информациите, станува збор за четири лица со изгореници кои ќе бидат хоспитализирани во воена болница во Атина.

Воениот авион од Атина полета за Скопје околу 22:30 часот по локално време, а откако ќе ги преземе повредените, веднаш ќе се врати на воениот аеродром во грчката престолнина.

На ист начин синоќа беа пренесени тројца повредени, на возраст од 22 до 24 години, кои се згрижени во Општата воената болница 401 и се во релативно добра состојба.

Со четворицата кои во Атина ќе пристигнат во текот на ноќта, вкупниот број на пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Грција ќе изнесува 12 – петмина во Солун (тројца во болницата Папаниколау, двајца во воената болница 424) и седуммина во воени болници во Атина.

Слободен Печат

Continue Reading

Македонија

Министерството за здравство со најнови информации за состојбата на пациентите

Published

on

Министерството за здравство информира дека медицинските тимови во здравствените установи во земјава и странство остануваат целосно ангажирани во обезбедување соодветна нега за сите пациенти.

Во болниците низ земјата моментално се хоспитализирани вкупно 75 пациенти, распределени по различни клиники, додека во странство продолжува лекувањето на 67 пациенти.

Според податоците, во Австрија од шестмина пациенти, пет се на интензивно лекување, а еден е префрлен на интерно одделение. Во Литванија четири пациенти се во стабилна состојба на интензивна нега. Петтемина повредени во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Анкара, сега дишат самостојно.

Во Србија се лекуваат 30 пациенти, во Бугарија 14, од кои седум се на интензивна нега, а во Грција осум пациенти покажуваат подобрување.

Министерството за здравство најави дека во текот на ноќта се очекува нови пациенти да бидат упатени во европски медицински центри, изразувајќи благодарност за поддршката од меѓународните партнери.

Continue Reading

Македонија

Досега во истрагата за трагедијата во Кочани приведен се 18, задржани се 16 а притвор им е одреден на четири лица

Published

on

Во досегашниот тек од истражните дејствија во однос на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани досега се приведени 18 а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа, информираше во вторникот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На 11 лица им е одредена мерка притвор за постоење основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“, додека на три лица име одреден притвор за „несовено работење“.

Тошковски, на прес-конференција во Министерството денеска информираше дека последното задржано лице се товари за „тешки дела против општата сигурност“ во врска со предизвикување на општа опасност, а истото е потписник на еден од потребните документи за ставање во функција на еден кабаре клуб.

„Постојат основи, коишто одат во насока дека незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани круцијални документи, коишто биле предуслов во понатамошната постапка за ставање во функција за предметното кабаре“, рече Тошковски.

Извршени се, нагласи министерот, претреси кај две лица, вработени во Министерство за економија, при што одземени се техничка опрема, документација, оружје, муниција…

Претреси извршени се и кај управителот и одговорното лице на дискотеката, а денеска полициски службеници од Одделот за крим полиција и организиран криминал влегоа и во општината, каде како што нагласи Тошковски, се преземаат мерки и активности за обезбедување на документација поврзана со дискотеката.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк