Connect with us

Македонија

Коњановски: Противпожарната зграда во Битола во финална фаза

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, објави дека изградбата на новата противпожарна зграда во градот влегува во својата финална фаза, што е клучен чекор за подобрување на безбедноста и услугите во општината. Со овој проект, Битола ќе добие современа инфраструктура која ќе обезбеди поефикасно и побрзо дејствување на противпожарната единица, подобрувајќи ја безбедноста на граѓаните и заштитата на нивниот имот.

Градоначалникот Коњановски истакна дека зголемувањето на капацитетите на противпожарната служба е од приоритетно значење за општината, и новата зграда е дел од заложбите за континуирано вложување во подобрување на условите за работа на сите јавни служби. Со финализирањето на овој објект, се очекува значително подобрување на функционалноста и подготвеноста на противпожарната единица, со што ќе се зголеми и безбедноста во сите населени места во Битола.

Проектот е дел од пошироките напори на локалната самоуправа за подигнување на нивото на јавната инфраструктура и услугите, а се очекува новата зграда да биде официјално пуштена во употреба наскоро.

Македонија

Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, велат од ВЛЕН, најостра осуда за овие неприфатливи дела

Published

on

По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера не им одговараше на оние на кои им се наруши комфорот на фотелјите на власта. На крајот на денот се појавија овие кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата. Не затоа што ја сакаат државата, туку затоа што им недостига власта, соопштија од коалицијата Влен.

„Коалицијата ВЛЕН најостро ги осудува овие неприфатливи дела што се случија синоќа за време на Денот на независноста на Албанија, каде срамно беа запалени државните знамиња, слики кои денеска беа објавени во јавноста од медиумите.“

Повикуваме на разумност и меѓусебно почитување, бидејќи палењето на знаме е подгревање на меѓуетничките односи во оваа земја. А, оваа работа не им служи ниту на оние кои ја поттикнуваат, односно на никој друг, а уште помалку на граѓаните.

Чувствуваме одговорност и апелираме до сите граѓани да покажат разумност и решителност да не станат плен на злонамерни провокации. Не дозволувајте да бидете жртва на никого, а уште помалку од оние кои не ги слушнале или виделе вашите маки. Веруваме во високата свест на нашите граѓани кои ќе бидат будни и нема да бидат инструментализирани од оние кои по губењето на власта го изгубија патот во сопствениот двор.

Се грижиме за безбедноста на нашите граѓани, за стабилноста на државата, затоа предупредуваме на максимална внимателност на сите граѓани без разлика, да не прават дела од кои никој не може да избега. И за ова имаме доволно докази од минатото.

Мултиетничкиот карактер на Македонија е вредност на нашата држава и општество, а секој што ќе се обиде да ги наруши меѓуетничките односи покажувајќи непочитување кон другите, особено кога се палат државните знамиња, ќе мора да се соочи со надлежните органи за спроведување на законот и да бидe повикан на одговорност.

Ваквите празници симболизираат толеранција и меѓусебно разбирање, затоа вчера албанските граѓани славеа на најдобар можен начин, во училиштата, плоштадите и во главниот град, со знамиња завиткани околу вратот и насекаде со насмевки.

Коалицијата ВЛЕН е целосно посветена на стабилност и напредок без никаков компромис!“ се вели во реакцијата.

Continue Reading

Македонија

Тошовски: Ќе одговориме жестоко на сите обиди за дестабилизација на Македонија

Published

on

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошовски, остро реагираше на вчерашните настани кои, според него, биле насочени против македонските граѓани и државата. Тој нагласи дека делувањето на поединечни групи кои предизвикуваат тензии е недозволено и го загрозува стабилноста на Македонија.

„МВР одговори брзо и одлучно на сите кривично-правни настани кои се случија вчера. Сакам да го пофалам одговорот на МВР на предизвиците насочени кон македонските граѓани. Полицијата ќе продолжи со постапки и во наредните денови, сè додека не се утврди сета одговорност,“ изјави Тошовски.

Во текот на вчерашната вечер, беа уапсени 8 лица. Четири лица се уапсени поради учество во тепачка, додека други 4 лица се уапсени поради основано сомнение дека сториле кривично дело кое се однесува на предизвикување национална и верска омраза, со предвидена казна затвор од 1 година. Едно од лицата е малолетник, а останатите се полнолетни. Станува збор за млади лица кои извршиле кривични дела во текот на вчерашниот ден. Тие се приведени и се наоѓаат во полициска станица и ќе бидат изнесени пред суд.

Тошковски упати и порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.

„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Министерот исто така апелираше до јавноста, повикувајќи ги оние кои имаат информации или докази во врска со настаните од вчерашниот ден да ги достават до МВР. Дополнително, тој испрати апел на разум и зрелост до сите граѓани, со порака да не се дозволи подгревање на меѓуетнички тензии од ниту една националност во Македонија.

Continue Reading

Македонија

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Published

on

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ. 

-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.

Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил. 

Во текот на ноќта и утрово партиите реагираат за сквернавењето на македонското знаме и бараат сторите да се казнат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк