Connect with us

Македонија

Министерството за енергетика зајакнува соработка со Естонија во областа на геологијата и рударството

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја истакна значајноста на зајакнувањето на соработката помеѓу Македонија и Естонија во областа на геологијата и рударството, како дел од заложбите за создавање отпорен и одржлив рударски сектор. Во партнерство со Геолошкиот завод на Македонија, Министерството беше домаќин на експертска делегација од Естонија, со цел продлабочување на соработката и размена на знаења и искуства.

„На средбата го потенциравме значењето на усогласувањето на македонскиот рударски сектор со европските стандарди и важноста од одржливи индустриски практики. Ова партнерство ќе придонесе за развој на рударскиот сектор во согласност со нашите еколошки и економски приоритети,“ истакна министерката Божиновска.

На средбата беа разгледани можностите за споделување позитивни практики, подобрување на регулаторните рамки и создавање заеднички проекти во областа на геолошките истражувања, новите технологии и заштитата на животната средина. Директорката на Геолошкиот институт на Естонија, г-ѓа Сирли Сип Кули, ги пофали регулаторните напори и експертизата на македонскиот тим, потврдувајќи ја важноста на професионалноста и посветеноста на тимот на министерката Божиновска.

Со оваа соработка, Северна Македонија и Естонија се стремат да остварат заеднички цели и европски стандарди во секторите на геологијата и рударството, со што се отвораат нови можности за одржлив економски раст и заштита на животната средина во двете држави.

Македонија

Пеачот Силјановски: Катастрофално невреме во Кочанско

Published

on

Катастрофално невреме ја зафати областа на Кочанско, каде што врнежите од град предизвикаа сериозни проблеми на патиштата. Познатиот македонски пеач, Спасен Силјановски, беше еден од сведоците на оваа природна непогода.

На видеото кое го објави на социјалните мрежи, јасно се гледа отежнатиот сообраќај на патот.

Полицијата упатува апел за внимателно возење и избегнување на потенцијални незгоди во овие услови на патиштата.

Возачите треба да бидат особено внимателни за да се избегнат несреќи и дополнителни проблеми

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

Ограбена фабрика во која имало канабис

Published

on

Ограбена е фабрика за одгледување на канабис во во с.Радање, Општина Карбинци.

– На ден 28.03.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип е пријавена кражба на стебла од запленет канабис. Извршен е увид на лице место и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Фабриката од 05.03.2025 година ја обезбедуваат полициски службеници од ПС ОН – СВР Штип. Инаку, во последните месеци не се евидентирани ниту пријавени било какви кражби во фабриката за одгледување на канабис за медицински цели лоцирана во с.Радање, Општина Карбинци,соопштуваат од МВР.

Continue Reading

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Силен град ја зафати источна Македонија, погледнете каква е состојбата на автопатот Миладиновци-Штип

Published

on

После убавото сончево време во кое уживавме на почетокот и средината од Март, Македонија беше зафатена од интензивни врнежи од дожд кои денес на одредени места резултираа и со силен град.

Нашите читатели ни испратија видео од состојбата на автопатот Миладиновци-Штип.

Каква е состојбата на автопатот Миладиновци-Штип, погледнете во продолжение:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк