Connect with us

Скопје

Прегазен пешак на Партизанска

Published

on

Пред малку на булеварот Партизански одреди, во скопската населба Карпош прегазен е пешак додека поминувал на пешачки премин.

На лице место пристигнати се екипи на Брза помош и на полицијата.

До сега, нема информации за состојбата на повредениот пешак.

Скопје

Муслиманите од Скопје ги канат семејствата на повредените на ифтарска вечера во Чаир

Published

on

Муслиманите од Скопје ги поканија семејствата на повредените од трагедијата во Кочани, кои се наоѓаат во Скопје, да им се придружат на ифтарска вечера во паркот во Чаир.

„Ги покануваме и семејствата на сите лица кои беа погодени од трагедијата што се случи во Кочани да ни се придружат на ифтарската софра во паркот на Чаир, доколку се наоѓаат во болниците во Скопје“, напиша Нусрет Куртиши на својот Фејсбук профил.

Continue Reading

Скопје

Уапсени двајца 18-годишници кои славеа со огномет синоќа во Скопје

Published

on

Вчера околу 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на 18-годишните М.Ф. и М.Ф., двајцата од Скопје, бил запален огнометот.

Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

ВИДЕО: Ова се лицата кои поставуваат огномет во Скопје

Published

on

Двајца засега непознати лица за полицијата синоќа по полноќ запалиле огномети на главната улица во Бутел, во близина на општинската зграда, а потоа побегнале со моторцикл.

Не е утврдено од каква националост се провокаторите.

„Фактот дека носеа капи на главите и дека тоа се случи токму пред општинската зграда и на главната улица, без страв од полицијата, покажува дека некој сака меѓуетнички проблеми и сака да нè прикаже како луѓе кои немаат сочувство за трагедијата! Тоа се монструми кои сакаат да го одвлечат вниманието од трагичниот настан кон етнички проблеми“, велат жителите Албанци од Бутел, барајќи брза реакција од полицијата за пронаоѓање на маскираните лица.

Во меѓувреме, полицијата потврдува дека е отворен случај за инцидентот и дека се работи на идентификација и апсење на двајцата осомничени.

Видеото може да го погледнете на КОХА

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк