Connect with us

Македонија

Референт во Струмица секој месец примал пари од жител кој сечел дрва

Published

on

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва. Исто така, лицето за да добие дозвола за сеча на дрва плаќало и други услуги во корист на осомничениот. Откако ќе добиел надомест, пријавениот се јавувал на лице кое требало да ја издаде дозволата за сеча на дрва на планината Огражден, за да му биде изготвена и дадена на лицето.

На 06.11.2024 во Струмица, во моментот кога примал паричен надомест од истото лице, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К.. Исто така, со судска наредба, биле извршени претреси во неговиот и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.

Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Инфо +

Стојко Стојков: Дома Македонци, на училиште не смееше да се спомне, БАБА МИ БЕШЕ НЕПИСМЕНА АМА ЗНАЕШЕ ДЕКА Е МАКЕДОНКА

Published

on

Дома сите бевме Македонци, а на училиште тоа не смееше да се спомне. Паметам дека ја прашував баба ми од каде знае дека е Македонка, таа не беше политички определен, а за неа беше апсурдно да се каже дека е Бугарка, а не Македонка. Значи таа беше неписмена, родена на територија на Бугарија, а сепак тоа беше нејзино апсолутно убедување. 

Ова го вели Стојко Стојков од ОМО Илинден – Пирин во интервју за Слободен печат. 

„И кога ја прашав кој и го кажал тоа, таа рече мајка ѝ, а мајка ѝ е родена во Османлиска империја. Уште од најрана возраст почнав да истражувам, да барам и уште тогаш увидов дека за жал некои бугарски историчари манипулираат, односно премолчуваат ако во изворот пишува Македонци, тука ставаат три точки итн“ додава тој.

Тој е лидер и на организацијата ОМО Илинден – Пирин, која води голема битка со бугарската држава околу регистрацијата.

– Во Бугарија има една атмосфера на понижување и истовремено на исмејување, значи ако сте Македонец вие сте глупав, неписмен, не знаете воопшто историја. Постојано се исмевани на телевизија луѓето со македонска самосвест и националност, а тоа е прифатено во Бугарија како бон тон. И затоа е прилично незгодно за луѓето што јавно се декларираат како Македонци, зошто на месно ниво постојано се судираат со луѓе што вчера гледале телевизија и денеска сакаат да си направат мајтап со нив. Но кај многу луѓе има и наследен страв. Стотици луѓе биле по затвори, затоа што се Македонци, за време на комунизмот. Илјадници се иселувани, губеле работа, а ќотекот во полиција воопшто и не земаме в предвид. Затоа постои наследен страв и повеќето Македонци не смеат да кажат дека се Македонци – додава тој.

Стојков тврди и дека за декларираните Македонци во Бугарија значи и блокада за вработување во државна и јавна служба, како и целосен игнорантски однос од страна на образовните и научните институции. Токму тоа се случи и со промоцијата на проширеното издание на неговата научна книга „Многуимените други. Македонија – пресечна точка на Другоста на средновековниот Балкан“.

– Кога бугарските историчари не можат да пронајдат грешка или контрафакт во истражувањето и толкувањето на историјата, тогаш тие ја игнорираат вашата работа. За мојата книга немаше никаква реакција од Софија, што е доказ дека добро сум ја сработил работата – вели Стојков.

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити: Домашните компании ќе добијат 250 милиони евра за инвестиции и развој

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави финансиска поддршка од 250 милиони евра за домашните компании. Средствата ќе бидат достапни под поволни услови, со цел отворање нови работни места, развој на бизнисите и зајакнување на економијата.

“Нашите домашни компании ќе добијат поддршка од 250 милиони евра.

Денеска го усвоивме одлуката за обезбедување на најголемата финансиска поддршка досега за домашните бизниси.

Овие 250 милиони евра ќе бидат достапни за инвестиции и развој, со исклучително поволни услови:

• Камата од само 1,95%;

• Рок на отплата до 15 години;

• Грејс период до 3 години;

• 0 денари административни трошоци.

Процедурата ќе биде целосно транспарентна и еднаква за сите.

Оваа поддршка има за цел отворање на нови работни места, развој на бизнисите и зајакнување на економијата.

Инвестираме во иднината на нашите компании, државата и нашите деца!

Поддршката е тука – сега е моментот за акција!”

Continue Reading

Македонија

Тешка кражба во Здравствен дом познат идентитетот на осомничениот

Published

on

Вчера во 20.40 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(45) од Прилеп поради сомнение дека извршил тешка кражба во објект на Здравствен дом – Прилеп.

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк