Connect with us

Македонија

Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција

Published

on

Реален и рационален е оптимизмот дека Македонија ќе ги стартува преговорите со Унијата. И претседателката Сиљановска вели дека го дели ставот на Мицкоски дека се поголем е бројот на држави кои ја разбираат позицијата на Македонија и бараат решение кое нема да биде на штета на нашата држава.

Прашањето добива регионален карактер бидејќи застојот на македонската интеграција според претседателката негативно влијае и врз државите од регионот и врз самата унија.

Вчерашната средба на Мицкоски со францускиот претседател Макрон во Будимпешта е значаен исчекор, смета и вицепремиерот Николовски.

 Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори. Тој е политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиерoт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија“, вели Николоски.

По средбата со Макрон, Мицкоски вчера рече дека е уште поголем оптимист за одблокирање на европскиот пат на Македонија, без да се наштети на државните интереси. Средбата ја потврдија и од Елисејската палата во чие соопштение стои дека претседателот Макрон ја потврдил поддршката за европската интеграција на Македонија која мора да ги почитува меѓународните обврски.

Иако на самитот во Будимпешта присутвуваше и бугарскиот претседател, сепак Мицкоски не оствари средба со Радев.

Македонија

Амбасадата со ВАЖНО известување за Американските визи

Published

on

Американските власти постојано вршат проверка на носителите на визи, дури и по нивното издавање, со цел да утврдат дали ги почитуваат сите закони и правила на САД. Доколку се утврди дека некој го прекршува законот, неговата виза може да биде укината, а тој депортиран, соопштуваат американските власти.

„Скринингот не завршува со издавањето на визата. Ние постојано ги проверуваме носителите на виза за да се осигураме дека ги следат сите американски закони и правила. Доколку утврдиме дека некој не ги почитува, ќе му ја укинеме визата и ќе го депортираме“, се наведува во соопштението.

Овој процес е дел од строгите безбедносни мерки што ги спроведуваат американските институции, со цел да се заштитат граѓаните и да се спречат злоупотреби на визниот систем.

Continue Reading

Македонија

Стефановски: Околните општини го одложуваат ѓубрето во нестандардизирана депонија во Магленци

Published

on

Во државата има смет, но нема депонии или регулирани центри за отпад, а проектот долги години се одолговлекува поради неверување и несигурност кај луѓето во неговата реализација, вели градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стефановски. Тој тврди дека општинската управа и во моментов се соочува со проблем поради отпадот, бидејќи неколку општини во регионот го складираат сметот во ѓубриштето во Мегленци, нестандардизирана и нерегулирана депонија и не знаат ниту што се одлага, ниту што се носи таму.

Во Прилеп, пак, граѓаните успешно се справувале со отпадот, вели прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Преку конференција во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска, денеска се разви дискусија меѓу националните и локалните власти, донаторската заедница и другите чинители во областа на управување со отпадот со цел да се промовираат политиките за управување со отпадот, да се овозможи постратешко користење на достапните средства и да се координираат програмите и финансирањето за да осигура долгорочна одржливост на системот за управување со отпадот.

Извор: Телма

Continue Reading

Македонија

Обезбедувачот на Мицкоски требало да земе 50.000 евра за документите од МВР, фатен бил на паркинг, соопшти Обвинителството

Published

on

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на Претседателот на Владата на РСМ, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело Оддавање службена тајна.

„Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.

Ценејќи ги околностите јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите, па на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје му предложи на осомничениот да му определи мерка притвор во траење од 30 дена, кој предлог беше прифатен од судот.
За ова кривично дело предвидено и казниво по член 360 од КЗ е предвидена затворска казна од најмалку една година.

НАПОМЕНА: Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец, како што во текот на вчерашниот и денешниот ден објавија дел од медиумите“, велат од Обвинителство.

Извор: Скопје1

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк