Connect with us

Македонија

Три лица повредени во сообраќајка на патот Струмица – Берово

Published

on

Во Полициската станица Струмица вчера во 12.00 часот било пријавено дека на регионален пат Струмица – Берово, кај место викано „Палазлија“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(22) од Берово и патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(40) од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „рено“, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „дачија“, С.М.(49) од Скопје, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија

Ограбена фабрика во која имало канабис

Published

on

Ограбена е фабрика за одгледување на канабис во во с.Радање, Општина Карбинци.

– На ден 28.03.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип е пријавена кражба на стебла од запленет канабис. Извршен е увид на лице место и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Фабриката од 05.03.2025 година ја обезбедуваат полициски службеници од ПС ОН – СВР Штип. Инаку, во последните месеци не се евидентирани ниту пријавени било какви кражби во фабриката за одгледување на канабис за медицински цели лоцирана во с.Радање, Општина Карбинци,соопштуваат од МВР.

Continue Reading

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Еве каде вее снег во моментов во МАКЕДОНИЈА

Published

on

После убавото сончево време во кое уживавме на почетокот и средината од Март, Македонија беше зафатена од интензивни врнежи од дожд кои денес на одредени места се претворија и во снег.

Нашите читатели ни испратија видео од автопатот Миладиновци-Штип каде во моментов вее снег.

Каква е состојбата на автопатот Миладиновци-Штип, погледнете во продолжение:

Continue Reading

Македонија

Зошто предлог-измените на Законот за медиуми се oпасни и дискриминирачки за локалните и специјализирани онлајн-медиуми?

Published

on

За нас тројца вработени е невозможен услов, од каде да најдеме 1 милион денари за да вработиме тројца? Како да се финансираме кога нема реклами, прашува Анета Божиновска од Апла.мк

Измените на законот за медиуми не треба во оваа форма да влезе во собраниска процедура зашто се отвора поле за дискриминација на сите локални и специјализирани дигитални медиуми. Секој дигитален медиум да има најмалку тројца вработен е еден од условите во актуелните измени. Овој услов не може да го исполни ниту еден специјализиран или локален медиум и покрај тоа што со години работат професионално. Тоа значи нека нема да може да влезат во регистарот на дигитални медиуми.

Измените на законот за медиуми и локалните онлајн медиуми беше тема на вчерашната дебата што Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го организираше во просториите на Јуроп хаус Скопје. Актуелната состојба ја претставија Павле Беловски од ССНМ и Младен Чадиковски од Здружението на новинари на Македонија. Предлог-документот го оправдуваше и бранеше Мишко Талевски од Министерството за дигитална трансформација, а како изгледаат состојбите на терен и во реалниот живот опишаа Анета Блажевска, основач ан Апла.мк од Битола и Убавка Јаневска од велешкиот Дума.мк.

Талевски објасни дека предлогот за тројца вработени дошле токму од новинарите и организациите што ги предлагаат измените на Законот.

– Знаете каков велат: „Првиот камен секогаш доаѓа одблиску“. Имам 52 години и сум единствениот дипломиран новинар од Битола што се занимава со новинарство. Кој како доаѓаше на власт го разнебитуваше новинарството. Подобрите заминаа да работат како портпароли во институции и во ПР-индустријата. Работам како новинар во Апла.мк и сум дописник за Независен.мк. За нас тројца вработени е невозможен услов, од каде да најдеме 1 милион денари за да вработиме тројца? Кај нас нема општествено одговорни компании што ја поттикнуваат оваа дејност. Компаниите од Битола не се рекламираат кај нас или на телевизијата во Битола. Како да се финансираме кога нема реклами? – вели Божиновска.

Таа пластично објасни како изгледа да одржуваш локален медиум без пари. Без поддршка овие медиуми не може да опстојат. Опасноста е поголема што секоја општина и политичка партија си има свој ПР тим – новинар, фотограф, снимател.

– Така секој си ја пласира информацијата како што му одговара нему. И сите ја пренесуваат. Но во локалните средини луѓето им веруваат на луѓето. Ѝ веруваат на Анета, не на Апла.мк. Затоа што знаат кој како работи. Ако нè уништите нас, политичките партии ќе продолжат да го спроведуваат својот план. Независната ќе исчезне. Измените на Законот во оваа форма не треба да влезат во собраниска процедура. Овој предлог мора да се коригира. Тие портали што ви кажале дека треба да има тројца вработени тоа ви го кажале за да земат сè. И ви кажале тотално искривена слика на нештата – рече Божиновска.

На неа се надоврза Јаневска. Дума.мк е регистриран во 2012 како фирма за производство на аудиоматеријали има редакција со двајца новинари.

– Знаете како работиме? Од 7 наутро до 290 навечер, а потоа пишуваме проекти, аплицираме и се надеваме дека со финансиската поддршка од донатори ќе го одржиме медиумот. И им благодариме на донаторите. Ова не е лесна работа. Од 2012 до денес ги слушам истите работи. Од прв ден имаме импресум, редакција, јавно објавени жиро-сметки, исполнуваме услови да биде респектиран медиум. Никој не го препознава тоа. Едвај заработуваме за минимален доход – објасни Јаневска.

Во истите услови работат сите локални и специјализирани медиуми во Македонија. Модераторот Перо Момировски од ССНМ рече дека панелот го побарале претставници на медиуми што досега не биле вклучени во подготовките на измените. Ставот на ССНМ е дека е потребен целосно нов закон за медиуми. Дотогаш, измените треба да ја пополнат празнината за онлајн-медиумите кои мора да го добијат заслуженото место. Во публиката беа и студентите од катедрата за Интердисциплинарни студии по новинарство во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Беловски објасни дека потребно е да се менува Законот за медиуми зашто со измените настанала какофонија.

– Ова мора да биде во транспарентен процес, за обете страни процес кој ќе донесе точни и јасни решенија, да не мораме постојано да интервенираме. Ни треба закон кој ги штити и медиумите и работничките права. Особено што има депопулација во оваа професија. Парцијални не се долгорочни решенија. Овие решенија се сериозна закана особено за локалните и за специјализираните медиуми, за култура, спорт образование, наука … Загрижувачки е податокот е што во локалните медиуми има 1,65 вработен новинар. Не се ни двајца во просек – објасни Беловски.

Според Чадиковски, Македонија е централизирана држава. Иако постојано зборуваме за децентрализација, никако да избегаме.

– Националните медиуми се во подобра состојба од локалните медиуми, кубуриме со дописништва, во онлајн медиумите речиси и да не постојат. Имаме педесетина локални онлајн медиуми кои не секогаш успеваат да се изборат со проблемите. Како да сме заборавиле дека јавниот интерес е јавно добро, за сите, не само за информации. Го поздравувам носењето на измените на Законот за медиуми, но има и делови што треба да се коригираат. Предложивме да се намалат критериумите за влез во регистарот – по 2 вработени лица за регионалните, а по 1 вработен и 1 хонорарец за локалните и специјализираните онлајн медиуми. Верувам дека така ќе бидат задоволени стандардите – рече Чадиковски.

Талевски од секторот за комуникации при Министерството за дигитална трансформација направи пресек на Законот за медиуми низ годините. Лани се направени две измени на барање на Асоцијацијата на печатените медиуми, кога се внесени 3 дополнителни члена, за субвенции за печатење и за дистрибуција. Регистарот во моментот не подразбира никакви бенефиции на тие што ќе влезат во него, зашто е на доброволна основа. Тоа не значи дека онлајн медиумите мора да имаат вработени за да вршат дејност. На прашањето што кога ќе се делат парите за политички рекламирања пред избори, тој одговори дека таа ставка допрва треба да се усогласува со измена на други закони.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк