Connect with us

Македонија

ЌЕ НЕМА КОМУ ДА СЕ ЈАВИТЕ ДА ВИ СКИНЕ КАЗНА: Камерата ќе снима, пријателите нема да ви помогнат

Published

on

Во текот на следната година ќе почне автоматското казнување на возачите во сообраќајот кои ќе бидат снимени од камерите на системот Сејф сити, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот не може да прецизира точно кога ќе почне, можно е во јануари, но најверојатно подоцна, затоа што ќе треба да се направат и законски измени за да се озвозможи автоматското казнување на сторителите на прекршоците.

Целта на овој систем, категоричен е Тошковски, е да се намали трицифрениот број на жртвите во сообраќајот, а не да се собираат пари од граѓаните.

Според министерот, претходната власт на СДСМ и ДУИ не презела соодветни чекори за овој систем да се имплементира целосно до крај. Не направиле план за тоа како ќе се поставуваат камерите, а не утврдиле ниту како ќе се одвива наплатата на казните. За да се решат овие прашања, формирана и работна група.

Како и сè друго, и ова си го терале како процес „буцни прачка, пиј вино“. Така не бива. Ние сакаме навистина системски да ги решиме проблемите, но заклучно со 2024 година, нема теорија. Се надевам дека заклучно со 2025 година ќе можам да им презентирам на граѓаните систем кој што функционира, барем во Тетово, Скопје и во Куманово. Потоа се надевам дека ќе констатираме намален број на човечки жртви. Целата е таа, а не наплата на пари од граѓаните, вели Тошковски.

Тој додаде дека територијата на Скопје сè уште не е целосно покриена со камери.

Македонија

Мицкоски објави системски мерки: Во план е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која ќе обезбеди топлинска енергија со значително намалување на загаденоста

Published

on

Свесен сум дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми што секојдневно го чувствуваме. Честопати се срамам кога гледам како нашиот главен град – градот на слободата, сега е меѓу најзагадените градови во светот. И посебно сум разочаран од тоа што се допушти децении и децении ништо да не се преземе за почист воздух. И ве молам да не ја политизираме оваа тема, затоа што тоа е колективен неуспех на сите политички елити досега кои управувале со државата и градот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на вечерашниот говор кој што го одржа по повод 80 години од ослободувањето на Скопје.

Во контекст на емисиите на штетни гасови кои што се испуштаат во воздухот, Мицкоски посочи дека ваквиот начин на енергетска зависност од одредени горива одговара само за оние поединци кои дебело профитираат.

Во Скопје доминира чадот и штетните гасови, затоа што на некој со децении му одговара овој начин на затоплување и енергетска зависност од одредени горива од кој дебело профитираат поединци. Во таа насока во голема мера инвестициите во енергетиката треба да се насочат кон енергенси кои не загадуваат“, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата, Мицкоски нагласи дека предвидени се низа системски мерки, се со цел намалување на загаденоста на воздухот.

Затоа денес сакам да објавам дека како Влада планираме големи системски мерки кои ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, спроведување на детален план чиј финиш ќе биде чист воздух и здрава животна средина, но и зголемена енергетска ефикасност. Предвидена е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која треба да обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, и тоа ќе обезбеди меѓу другото и зголемена енергија која ќе се користи во стопанството. Ветувам промени и активно работам тие да се случат што поскоро“, дециден беше Мицкоски.

Мицкоски најави строги ограничувања и зголемени контроли кои ќе се вршат кон најголемите индустриски загадувачи и исто така сет на мерки кои ќе овозможат Македонија да биде место каде ќе имаме чиста и здрава околина.
Нагласи дека потребно е разбирање од граѓаните како и заедничка сплотеност за решавање на овој проблем, затоа што чистиот воздух ни е потребен на сите и мора да успееме.

„Воведуваме строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе ги контролираме најголемите индустриски загадувачи. Обезбедуваме субвенции за граѓаните и фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија. Ќе започнеме програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори. Овие мерки се само почеток, бидејќи иднината на Скопје и на Македонија е во чистата и здрава околина. За ваквите чекори потребно е разбирање и заеднички напор и само така ќе успееме“, заклучи Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

СУСПЕНДИРАНИОТ ОБВИНИТЕЛ ТВРДИ ДЕКА САКААТ ДА ГО ОЦРНАТ

Published

on

Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против кој обвинителството во Штип отвори истрага за мобинг и злоупотреба на службената должност обвинува дека целиот случај има заднина. 

Тој го спомена државниот обвинител Љупчо Коцевски и една обвинителка, која како што кажа има претензии да го заземе неговото место. Хајрулахи не сакаше да каже дали се работи за обвинителката Фатиме Фетаи. Вели дека не знае кој од обвинителите, му поднел пријава за малтретирање на работно место. Како што кажа, кривичната е поднесена на 31 октомври. 

Continue Reading

Македонија

Нов бран врнежи од снег во Македонија, еве кога започнуваат

Published

on

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од променлив интензитет. Во вечерните часови, ноќта и утре, локални врнежи од дожд се очекуваат во јужните делови на земјата, додека по одделни котлини ќе има појава на магла.

Во четврток, на некои места врнежите ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постудена воздушна маса од север, во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминат во снег, со можност за формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во петок.

За време на викендот, се очекува стабилно време со пониски утрински температури.

Во Скопје, до петок времето ќе биде облачно, утре со услови за појава на магла. Во четврток се предвидуваат повремени врнежи од дожд, а на околните планини повремен снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк