Приведен тетовец на улица „Благоја Тоска“

На 08.11.2024 во 16.45 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, го лишиле од слобода Б.Ш.(24) од Тетово, кај кого била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.