Силекс му се одмазди на Пелистер за поразот во Битола и го презеде врвот!

Екипата на Силекс му се реваншираше на Пелистер за поразот во Битола на стартот од шампионатот и со идентични 1-0 (1-0)  славеше во Кратово и застана на делба на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).