Три гола од три прекини! Херојска победа на Вардар и Седлоски над Шкупи!

Екипата на Вардар извојува херојска и многу важна победа над Шкупи со 3-2 (2-1) во натпреварот од четиринаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига. Ова е само трета победа на „црвено-црните“ сезонава и прекин на долгата серија од преку пет години без победа против чаирчани во натпревар за бодови. Одлично деби на клупата имаше Гоце Седлоски, а најголеми заслуги за победата одат зад имињата на Горан Закариќ и „џокерот“ Кристијан Николовски.