Connect with us

Македонија

Украдено возило „Рено“ на улица „Корушка“ во Тетово

Published

on

На 08.11.2024 во 10.50 часот во СВР Тетово, М.С. од Тетово пријавил, дека пред куќата на улица „Корушка“ му било одземено моторно возило „рено“ со тетовски регистерски таблички, кое било паркирано и оставено со клучеви на брава. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.

Македонија

Авзиу со порака до Ахмети: Потребно е освежување во првите редови

Published

on

Адем Авзиу поранешен директор на ЕЛЕМ Турс и поранешен државен секретар во Министерството за информатичко општество од редовите на ДУИ. Испрати порака до Али Ахмети, истакнувајќи дека на средбите со граѓаните е потребно „освежување“ на првите редови. Според него, ова не е само лична мисла, туку став што го делат и многу сопартијци. Авзиу сугерира дека е важно да се даде можност на нови лица и различни членови за поактивно учество на овие собири, нагласувајќи ја потребата за свежина и поголема инклузивност во првите редови.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски објави системски мерки: Во план е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која ќе обезбеди топлинска енергија со значително намалување на загаденоста

Published

on

Свесен сум дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми што секојдневно го чувствуваме. Честопати се срамам кога гледам како нашиот главен град – градот на слободата, сега е меѓу најзагадените градови во светот. И посебно сум разочаран од тоа што се допушти децении и децении ништо да не се преземе за почист воздух. И ве молам да не ја политизираме оваа тема, затоа што тоа е колективен неуспех на сите политички елити досега кои управувале со државата и градот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на вечерашниот говор кој што го одржа по повод 80 години од ослободувањето на Скопје.

Во контекст на емисиите на штетни гасови кои што се испуштаат во воздухот, Мицкоски посочи дека ваквиот начин на енергетска зависност од одредени горива одговара само за оние поединци кои дебело профитираат.

Во Скопје доминира чадот и штетните гасови, затоа што на некој со децении му одговара овој начин на затоплување и енергетска зависност од одредени горива од кој дебело профитираат поединци. Во таа насока во голема мера инвестициите во енергетиката треба да се насочат кон енергенси кои не загадуваат“, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата, Мицкоски нагласи дека предвидени се низа системски мерки, се со цел намалување на загаденоста на воздухот.

Затоа денес сакам да објавам дека како Влада планираме големи системски мерки кои ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, спроведување на детален план чиј финиш ќе биде чист воздух и здрава животна средина, но и зголемена енергетска ефикасност. Предвидена е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која треба да обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, и тоа ќе обезбеди меѓу другото и зголемена енергија која ќе се користи во стопанството. Ветувам промени и активно работам тие да се случат што поскоро“, дециден беше Мицкоски.

Мицкоски најави строги ограничувања и зголемени контроли кои ќе се вршат кон најголемите индустриски загадувачи и исто така сет на мерки кои ќе овозможат Македонија да биде место каде ќе имаме чиста и здрава околина.
Нагласи дека потребно е разбирање од граѓаните како и заедничка сплотеност за решавање на овој проблем, затоа што чистиот воздух ни е потребен на сите и мора да успееме.

„Воведуваме строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе ги контролираме најголемите индустриски загадувачи. Обезбедуваме субвенции за граѓаните и фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија. Ќе започнеме програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори. Овие мерки се само почеток, бидејќи иднината на Скопје и на Македонија е во чистата и здрава околина. За ваквите чекори потребно е разбирање и заеднички напор и само така ќе успееме“, заклучи Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

СУСПЕНДИРАНИОТ ОБВИНИТЕЛ ТВРДИ ДЕКА САКААТ ДА ГО ОЦРНАТ

Published

on

Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против кој обвинителството во Штип отвори истрага за мобинг и злоупотреба на службената должност обвинува дека целиот случај има заднина. 

Тој го спомена државниот обвинител Љупчо Коцевски и една обвинителка, која како што кажа има претензии да го заземе неговото место. Хајрулахи не сакаше да каже дали се работи за обвинителката Фатиме Фетаи. Вели дека не знае кој од обвинителите, му поднел пријава за малтретирање на работно место. Како што кажа, кривичната е поднесена на 31 октомври. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк