Connect with us

Македонија

Возел во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје

Published

on

Возач на 67 години од Скопје синоќа, во 19:25 часот, е приведен од тетовската полиција затоа што возел во спротивен правец на автопатската обиколница за Тетово.

-Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го привеле В.Т.(67) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека тој со неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, на автопатот Тетово-Скопје се движел во спротивен правец, од наплатна станица Тетово кон наплатна станица Желино, при што предизвикал општа опасност во сообраќајот. Тој е задржан во полициска станица, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

По документирање на случајот против него ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија

Празнична магија: Битола како зимска метропола

Published

on

Широк Сокак блеска во празнична атмосфера

Со празнични светилки, раскошни елки и топла енергија, Битола оваа година го привлекува вниманието како зимска метропола. Широк Сокак, срцето на градот, е претворен во магична сцена која ги плени и локалците и посетителите.

Гордост и заедништво кај битолчани

Празничното украсување го поттикна чувството на гордост кај локалното население, кое масовно се вклучува во активностите: од организирање на концерти до учество во новогодишни базари.

Битола оваа зима е повеќе од град – таа е вистинска празнична бајка!

Continue Reading

Македонија

На Инфективна клиника фалат 100 нови вработувања

Published

on

На Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања, беше кажано на денешниот брифинг на директорите на Фондот за здравствено осигурување со медиумите.

-Тој одлив се случи со Ковид-19 и потоа. Делумно поради пензионирање, делумно поради заминување и состојбата со инфектолози е критична низ територијата на целата држава. Има многу мал интерес за специјализација по инфективни болести. Во повеќе болници сме останати на пензионерите со продолжување до 67 години и така натаму. Мораме и со програмата за специјализација, меѓутоа и со мотивацијата на персоналот, да обезбедиме „ладен погон“, ако може да кажам, минимум капацитети што мораме да ги имаме. Комуницираме со Министерството за здравство, со директорот на Инфективна, со Министерството за финансии. И дел од проблемот таму и сега да се одобрат 100 работни места, нема да има кој да биде вработен, изјави директоротна Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека имаат прецизна евиденција колку лекови се трошат на Позитивната листа во аптеките преку системот на рецепти.

– За жал, имаме никаква следливост на потрошувачката на обичните лекови, ако можам да кажам, во болниците. Скапата биолошка терапија е на условен буџет и таа е со зголемен надзор и следење ако можам да кажам. Дел се структурни проблеми, наследливост, бидејќи различни институции користат различни начини на одбележување на лековите. Има една работна група од сите институции да договориме да го поедноставиме начинот на следење и регистрација, за да дојдеме до точни податоци – колку лекови се употребуваат во болниците, информираше Клековски.

На новинарско прашање рече дека нема да поскапи партиципацијата туку цената на основен специјалистички преглед која е 380 денари повеќе од 10 години.  – Знаете колку чини специјалистички преглед во приватни здравствени установи? Разгледуваме неколку опции, цената нема да порасне како во приватните болници, меѓутоа зборуваме за соодветно валоризирање на трудот на специјалистите. Зголемувањето на партиципацијата може да биде за 10 – 15 денари, а не некакво радикално зголемување, одговори Клековски.

Во однос на  зголемување на капитацијата за матичните лекари, тој рече дека се во разговори со Здружението на приватни лекари и со стоматолозите и со матичните гинеколози, кои се сите во сегментот на примарна заштита. Разговарале за дестимулативните мерки, за казнената политика, за капитацијата и за превентивните методи, „во сите тие делови има измена, ние начелно имаме договорено цел каде сакаме да стигнеме, тоа ќе биде повеќе од пристојно зголемување“.

Прашан кога договорците на дело ќе бидат ангажирани во здравството, тој рече дека подолг период се дискутирал моделот на вработување.

-Еднаш е направена трансформација на договорите на дело во вработувања. Сега конечната одлука е дека нема да има трансформација на договорите на дело со закон. Туку, сите јавни здравствени установи имаат обврска да поднесат барање до Министерството за здравство и преку Фондот, до Министерството за финансии, за нови согласности за вработувања во 2025 и тоа да се реализира до 31 март 2025 година, како краен датум. Наша одлука, на Фондот, ги продолживме важностите на сите договори на дело за уште три месеци за да се обезбеди оваа транзиција. Таргетот е околу 1.500 вработувања, подвлече Клековски.

Тој беше прашан дали има шанса за еден колективен договор во јавното здравство, бидејќи сега имало петнаесетина.

-Еден колективен договор не значи помали права од петнаесетте колективни договори, туку значи во еден документ да ги вклучиме сите. Мислам дека е најтранспарентно и за синдикатите, односно за вработените и за работодавачите да сите систематизации, плати, бидат на едно место, смета Клековски.

Се случувало да има забуни, кој колективен договор да се следи, а тоа создавало непотребни нервози, конфликти и судски спорови.

-Баш можам да кажам, кој како си го договорил со министерот во минатото, таков колективен договор си потпишал и сега имаме професии што се потценети, а стануваат критични за натамошното функционирање на здравството, додаде Клековски.

Прашан дали е вистина дека работниците на Стоматолошката клиника се без здравствено осигурување, посочи дека инциденти со здравственото осигурување се случуваат на дневна основа. Најчесто, заради чести прекини, пријави и одјави, што не се навремено приметени и поради такви грешки во пресметките, кога ќе истечат 60 дена од грешката, се прекинува. Кај нас има 10 луѓе ангажирани само за решавање такви условно кажано грешки во системот, најчесто предизвикани од чести пријави и одјави, појасни Клековски. Тој потсети дека има глобален недостиг на лекари, здравствени работници, а не само во нашата држава.

Continue Reading

Македонија

Драма на плоштадот во Тетово: Малолетник нападнат од врсници!

Published

on

На 26.12.2024 во 17.10 часот во СВР Тетово, С.С. (47) од Тетово пријавил дека на градскиот плоштад во Тетово неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк