Connect with us

Македонија

Изложба на „олдтајмери“ во Тетово

Published

on

Во срцето на Тетово се одржа изложба на класични автомобили што привлече љубители на „олдтајмери“ од сите генерации. Посетителите имаа можност да ги видат и восхитуваат на уникатните примероци на класични автомобили, како руската Лада, реткиот италијански Фиат Балила од 1932 година и легендарната Volkswagen Буба.

Изложбата беше ретка можност за носталгичарите и автоентузијастите да ги видат овие прекрасни автомобили, кои не само што ја обележаа својата ера, туку и ја задржаа својата посебност и карактер преку децениите.

Македонија

Меџити: Турција е важен партнер во справувањето со еколошките предизвици

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ја почна официјалната посета на Република Турција со средба со министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени, Мурат Курум.

Меџити разговараше за можностите за продлабочување на соработката во однос на справувањето со еколошките предизвици и искористување на турскиот модел на борба против аерозагадувањето, кој се покажа како многу успешен.

Меџити и Курум се договорија преку потпишување на меѓудржавен меморандум за соработка, двете земји да разменат искуства и тесно да соработуваат во одржливото управување со индустрискиот отпад, рударскиот отпад, опасниот отпад и медицинскиот отпад. Исто така, дел од оваа соработка ќе биде управувањето со домашните и индустриските отпадни води, вклучувајќи технологии за третман и рециклирање на отпадни води, системи за онлајн мониторинг на капацитетите за третман на отпадни води, управување со квалитетот на воздухот, имплементација на најдобри техники и практики за спречување на загадувањето од индустријата, борба против климатските промени, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, како и многу области од заеднички интерес.

Двете страни се согласија да соработуваат во блиска иднина во поглед на управување со хемикалии, откривање, анализа и чистење на подрачја контаминирани со опасни материи и хемикалии, во смисла на развој на географски информациски системи за животната средина и релевантно законодавство, заштита на природата и биолошката разновидност во заштитените подрачја, како и планирање, управување и промовирање на заштитените подрачја за спроведување на еко-туристички активности.

За да се постигнат посакуваните ефекти, двајцата министри за животна средина Меџити и Курум се договорија да воспостават програми за научни посети на истражувачи, консултанти, експерти и членови на невладини организации и размена на информации и документи на научно и техничко ниво во однос на истражувачките, развојните и апликативните активности.Развојот на проекти за соработка ќе се реализира преку соработка во рамките на меѓународните договори чии страни се Република Турција и Република Северна Македонија, во рамките на финансиските средства наменети за оваа област.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити за време на престојот во Турција ќе се сретне и со министерот за надворешни работи на Република Турција Хакан Фидан, а заедно со премиерот Христијан Мицковски ќе бидат дел од државна вечера приредена од страна на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Continue Reading

Македонија

УХМР со метео предупредување: Подгответе се за промена на времето

Published

on

Денес, во попладневните часови и во текот на ноќта, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат понекаде поројни, со можност за ретки грмежи.

Утре, времето ќе остане променливо облачно и релативно топло, со повремен локален дожд. Во недела, на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на некои места ќе бидат пообилни (до 15 l/m2). Температурите ќе бидат пониски. Во текот на ноќта кон понеделник, на планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе има врнежи од снег. Во овој период ќе дува умерен, а долж Повардарието и засилен северен ветер.

Од понеделник, времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, додека дневните температури ќе започнат да растат.

Во Скопје, врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога повремено ќе бидат поројни. Утре, во делови од котлината, ќе има услови за повремен дожд, а врнежи ќе има и во недела. Ќе дува умерен северен ветер.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова: Лицата со ретки болести заслужуваат системски решенија, а не само внимание еден ден во годината

Published

on

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, одржа емотивен и конструктивен разговор со претставници на Националната алијанса за ретки болести, каде што беа споделени нивните секојдневни предизвици, но и нивните победи во битката за подобри услови за живот.

„Не е доволно за овие луѓе да зборуваме само еднаш годишно, на 28 февруари – Меѓународниот ден на ретки болести. Тие мора да бидат порадикални во барањето на своите права, а ние како општество мора да покажеме поголема солидарност и поддршка,“ истакна претседателката.

Во разговорот беа разгледани и можни решенија за подобрување на состојбата, меѓу кои и изработката на Национална стратегија за ретки болести. Овој документ би вградил системски решенија и гаранции за пристап до образование, социјални услуги, можности за вработување и подобар квалитет на живот.

Посебно ја допре пораката од едно дете, кое напишало: „Мојот брат има ретка болест и е лице со попреченост. Многу би сакал да се подобрат условите за живот на овие луѓе и верувам дека ќе направите нешто за да се подобри состојбата.“

„Овие луѓе секогаш ќе ја имаат мојата безрезервна поддршка. Ова не е само лична обврска, туку и морална должност на целото општество,“ порача Сиљановска-Давкова.

Состанокот беше само почеток на еден поорганизиран и институционален пристап, кој ќе води кон вистински промени за лицата со ретки болести во Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк