Новогодишната елка стигна во Њујорк: Висока е над 22 метри, потребни се 8 километри сијалички

Новогодишната елка од Центарот Рокфелер пристигна во Њујорк, означувајќи го почетокот на празничната сезона во Големото јаболко.

Норвешката смрека од 22,5 метри беше донесена во Центарот Плаза на Менхетен и подигната со кран. Ќе бидат потребни околу 8 километри сијалички со повеќе од 50.000 разнобојни LED светилки за да се завитка дрвото, чиј дијаметар 13 метри.

Ѕвездената круна со 3 милиони кристали ќе биде на врвот.

Ова е првата новогодишна елка од Центарот Рокфелер што доаѓа од Масачусетс од 1959 година. Церемонијата на осветлување е закажана за 4 декември.