Connect with us

Спорт

Ристовски за скандалот што го потресе македонскиот ракомет: Двата клуба ќе останат без лиценци

Published

on

Министерот за спорт, Борко Ристовски, остро реагираше по скандалозниот натпревар во Купот на Македонија за жени, помеѓу екипите на Скопје и Гевгелија, каде играчките намерно постигнуваа автоголови и промашуваа шутеви кон противничкиот гол.

„По прегледување на снимките, веќе в понеделник на клубовите ќе им биде одземена лиценцата за спортска дејност, што ќе ги спречи да учествуваат во домашниот шампионат. Ваков сериозен прекршок на спортските правила мора да биде ставен под контрола,“ изјави Ристовски.

Спорт

ГАЛЕРИЈА: Каде е денес најубавата одбојкарка на светот? Поради неа, камерманите си даваа отказ

Published

on

Се сеќавате на неа? Поради оваа одбојкарка, камерманите си даваа отказ. И одеднаш исчезна…

Не постоеше човек кој не ги погледнал нејзините фотографии во 2016 година. Беше на сите насловни страници, многу ја нарекоа најубавата одбојкарка на светот, а потоа одеднаш исчезна. Каде е денес Винифер Фернандез?

Continue Reading

Спорт

Меси се нема појавено на три натпревари, тренерот откри што се случува со славниот фудбалер

Published

on

Најдобриот фудбалер на Интер од Мајами, Лионел Меси, не настапи во неделниот натпревар против Шарлот, што беше третиот последователен меч каде што остана на клупата за резерви.

Одлуката на тренерот Хавиер Маскерано да не го вклучи во игра беше мотивирана од грижата за неговото здравје, бидејќи тренерот е свесен дека на Меси му е тешко да игра три натпревари во шест дена.

„Уморен е од честото играње. Одлучивме да го одмориме за да го заштитиме од повреда“, изјави Маскерано по победата против Шарлот.

Меси претходно го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Кавалиерс и не играл минатиот понеделник во победата против Хјустон.

Интер ќе игра следен натпревар во ноќта меѓу четврток и петок на Јамајка, каде што го брани двоеголното водство од првиот дуел. Ќе видиме дали и кога Меси ќе се врати во составот на Маскерано.

Continue Reading

Спорт

НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА МАКЕДОНСКИ КИК-БОКСЕР Милан Кубин зад себе остави повеќе признанија

Published

on

Кубин беше прогласен и за Спортист на Град Скопје во 2016 година.

Во неделата загина еден од најдобрите македонски кикбоксери Милан Кубин, пренесоа повеќе медиуми. Во својата кариера освои повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓу кои и сребро на Европското првенство во Грција пред осум години.

Кубин беше прогласен и за Спортист на Град Скопје во 2016 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк