Connect with us

Македонија

Крадец нападнал обезбедување во трговски центар во Аеродром

Published

on

На 10.11.2024 во 17.27 часот во СВР Скопје, Д.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на работното место како обезбедување во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од Г.Н., кого се обидел да го спречи да одземе продукти, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

Published

on

Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата. Министерот Дурмиши денеска изјави дека во Буџетот се предвидени пари за оваа намена, но дека треба да се разговара со сите засегнати страни колкаво би било зголемувањето. Од Сојузот на синдикати, кои на првомајскиот протест побараа зголемување на сите плати, вклучително и на минималната плата на 450 евра, велат дека аргументите се на нивна страна.

– Во март, според законот ќе се направат пресметките и ќе се види колку ќе биде минималната плата. Средства се предвидени во буџетот за да се покачи минималната плата, но колку ќе биде тоа, ќе видиме во текот на јануари и февруари. Кога ќе заврши годината, ќе се направат пресметките и ќе знаеме точно за колку ќе се покачи минималната плата, изјави денеска Дурмиши.

Вели дека има политичка волја да се зголеми минималната плата, но дека мора да се чујат сите засегнати страни.

– Јас сакам минималната плата да биде и 600 евра. Реално да кажеме, барањето е 450, јас сакам да биде 600 евра. Но, да ги видиме сите засегнати страни, да се отвори темата во првите денови на декември. Ќе ги чуеме сите засегнати страни, ќе ги видиме и можностите на Владата дали се предвидени толку средства и дали има можност. Ќе ги видиме и барањата на работодавачите оти и тие се засегнати страни од ова барање и на крај ќе донесеме заедничка одлука, истакна Дурмиши.

Според Дурмиши, предвидени се средства за зголемување на минималната плата за околу 2.000 денари што е согласно со законското решение според кое во март минималната плата би се зголемила за 1.600 до 1.800 денари.

Ваквото зголемување, според претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, не е доволно за преживување, а зголемувањето на минималната плата нема да биде преголем товар за државниот буџет со оглед на тоа дека околу 35.000 работници земаат плата во износ на минимална или под минимална плата.

– Според последните податоци, во Македонија 25. 000 работници примаат плата во висина на минимална плата, а 10.00 работници примаат плата од еден денар до 22.000 денари но она што е поразително е што сите овие работници примаат плата во плико за што не се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување и тоа ја чини државата на годишно ниво околу 250 илјади евра, односно неуплатени придонеси во Фондот, изјави Трендафилов.

Според Трендафилов, дијалогот е отворен во однос на минималната плата и аргументите се на страна на синдикатите.

– Ако знаете дека минималната плата во Црна Гора од 600 е на 800 евра, ако знаете дека минималната плата во Босна и Херцеговина од 1 јануари ќе биде 600 евра, ако знаете дека во Србија е 544 евра и дека синдикалната минимална кошничка изнесува 62. 000 денари покажува дека платите мора да се зголемат. разговараме по однос на ова прашање поврзано и со мерките на Владата за ограничување на маржите и мислам дека на наредната седница на ЕСС ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме за да ги убедиме за потребата од растот на сите плати, вклучително и на минималната плата, рече Трендафилов.

Continue Reading

Македонија

Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат

Published

on

Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат по градските улици. Илир Исени од Советот на приватни превозници, најави дека од денеска целосно ќе престанат да сообраќаат приватните автобуси, пренесува ТВ21.

Како причина се посочува што претседавачот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, не го стави на дневен ред нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Од денеска нема да сообраќаат линиите на приватните превозници со броевите 9, 11, 11а, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 52, 54, 61, 63 и 73.

Continue Reading

Македонија

ШЕСТ ГОДИНИ ОД ЗАМИНУВАЊЕТО НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Published

on

Денес се навршуваат 6 години од смртта на Горан Стефановски, еден од најголемите писатели и драматурзи во историјата на македонската литература. Роден на 27 април 1952 година во Битола, неговото име и дело се тесно поврзани со еволуцијата на театарот и литературата не само во Македонија, туку и во цела Европа. Неговиот живот беше посветен на создавање на дела кои се инспирација и предизвик за многу генерации читатели и уметници.

Стефановски ја обликуваше македонската драматургија со своите познати дела како „Диво месо“, „Лет во место“, „Конзервирани импресии“ и „Тетовирани души“, „Чернодрински се враќа дома“, „Гоце“, „Сараево“ и многу други  во кои длабоко го истражуваше идентитетот, културната историја и политиката. Неговите претстави беа изведувани на најголемите сцени во светот, а неговото влијание се чувствува и денес. Како професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје и на универзитетите во Велика Британија и Шведска, Стефановски ги воспитуваше новите генерации на драматурзи и театарски работници.

Тој беше не само признат драматург, туку и длабоко чувствителен автор чија писмена реч допира до најдлабоките емоции на човечката душа. Неговите дела често беа претстави за болката, постоењето и минливоста на човековиот живот, а неговите зборови и денес ја одѕвонуваат во мислите на сите нас.

Цитати од неговите дела кои оставаат силен впечаток се:

„Чекам веќе десет часа, а неа ја нема. Да знам дека ќе дојде, воопшто не би ја чекал.“ (Конзервирани импресии)

„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ (Тетовирани души)

„Ќе има војна… Ќе има војна… – Доста беше и ваков мир.“ (Диво месо)

„Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ (Диво Месо)

Горан Стефановски беше дете на театарот. Неговите родители, Мирко и Нада, беа активно поврзани со Народниот театар во Битола, што му овозможило на Горан да расте во театарска атмосфера, исполнета со уметност и креативност. 

Сеќавањето на Горан Стефановски денес, на годишнината од неговата смрт, нè потсетува на неговото непроценливо наследство во македонската и светската литература. Неговите дела не само што го истражуваат човечкиот дух, туку и го поставуваат прашањето за иднината, за идентитетот и постоењето во свет кој сè повеќе се менува. Тоа што го остави зад себе ќе продолжи да живее, инспирирајќи нови генерации писатели, драматурзи и љубители на уметноста.

Денес, иако не е меѓу нас, Горан Стефановски продолжува да биде значаен дел од македонската културна историја, а неговото дело ќе остане живо во театарските претстави и во срцата на сите оние кои ја ценат моќта на уметноста и литературата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк