Connect with us

Европа

Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време

Published

on

Вкупно 17,1 проценти од вработените во ЕУ на возраст од 20 до 64 години лани биле ангажирани со скратено работно време, што претставува мал пораст во однос на претходната година кога ваков статус имале 16,9 отсто од европските работници.

Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во претходната деценија уделот на ангажираните лица со скратено работно време бележеше постојано намалување од 19,1 во 2014 и 2015 година до 16,9 проценти во 2022 година, за лани првпат да има пораст на оваа стапка.

Гледано по полови, во 2023 година уделот на ангажираните со скратено работно време кај вработените мажите изнесувал осум отсто, а кај жените 27,9 проценти. Додека кај мажите во целиот период изминатава деценија таа стапка се движела околу осум отсто, кај жените бележи намалување од 31,8 во 2014 на 27,9 проценти лани.

Меѓу вработените кои имале деца, со скратено работно време биле ангажирани 31,8 проценти од жените и само пет отсто од мажите. Кај вработените без деца, пак, стапката на жени вработени со скратено работно време била 20 проценти, а на мажи 7,3 отсто.

Податоците покажуваат дека уделот на вработени жени со деца ангажирани со скратено работно време е поголем од оној на жените без деца во сите земји на ЕУ, освен во Данска, Финска, Летонија, Грција и Романија.

Романија е и единствената земја од ЕУ каде што уделот на мажи со и без деца кои работат со скратено работно време е поголем од уделот на жени ангажирани на овој начин – 2,9 отсто мажи со деца и 3,5 отсто без деца, наспроти 2,4 проценти од жените со и 2,7 отсто од жените без деца. 

Европа

Утрово Киев е под нов руски ракетен напад

Published

on

Експлозиите одекнаа низ Киев утрово, откако украинските властите соопштија дека Русија го извршила својот прв ракетен напад врз главниот град на Украина од август, принудувајќи постари жени и мали деца да се засолнат во подземна метро станица, објави Ројтерс.

Украинците стравуваат од голем ракетен напад со месеци, загрижени дека тоа би можело да му зададе нов удар на загрозениот енергетски систем и да предизвика долги прекини на струја со почетокот на зимата.

Воздушната одбрана пресретнала две крстосувачки ракети, две балистички ракети и 37 беспилотни летала низ целата земја, соопштија од воздухопловните сили. Во Киев нема информации за жртви или поголема материјална штета.

„Путин во моментов извршува ракетен напад врз Киев“, напиша на Телеграм Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот.

Киев со недели се соочува со руски напади со беспилотни летала речиси секоја ноќ. 

„Експлозии во градот. Силите за противвоздушна одбрана работат. Останете во засолништа! напиша градската управа на Киев на Телеграм.

Околу 100 жители се засолниле во централната метро станица Универзитет.

Околу 100 жители се засолниле во централната метро станица Универзитет.

МАСОВЕН НАПАД

Русија во август ги нападна украинските електроенергетски постројки, предизвикувајќи прекини на струја. Ситуацијата оттогаш е подобрена, но официјалните лица веруваат дека Кремљ можеби наскоро планира повторно да ја нападне мрежата.

Андриј Коваленко, висок функционер во Советот за национална безбедност и одбрана, предупреди дека Русија е подготвена да изврши уште еден „масовен“ напад и дека има акумулирано голем број крстосувачки ракети.

По нападот во средата, операторот на електричната мрежа Укренерго рече дека ќе го ограничи снабдувањето со електрична енергија за бизнисите поради „значително“ помалиот увоз на електрична енергија и помалото производство.

Последен пат беа наметнати рестрикции на струја и за бизнисите и за домаќинствата по големиот руски ракетен и беспилотен напад кон крајот на август.

Не е јасно дали новите ограничувања се поврзани со последниот напад. Најголемиот украински приватен производител и дистрибутер на електрична енергија ДТЕК рече дека ограничувањата ќе важат за Киев, околниот регион и регионите Одеса, Днипро и Доњецк.

И покрај редовните напади со беспилотни летала, Русија не го погодила Киев со проектили од 26-ти август кога изврши масовен напад низ целата земја за кој официјалните лица рекоа дека распоредиле повеќе од 200 беспилотни летала и проектили. Во тој напад загинаа седум лица, соопшти Украина.

Continue Reading

Европа

Малага евакуира илјадници луѓе, издадени нови предупредувања за поплави

Published

on

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во регионот Коста дел Сол на југот на Шпанија по прогласувањето црвен аларм поради екстремни врнежи и поплави.

Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување на телефоните во провинцијата Малага предупредувајќи на екстремен ризик од дожд, пишува Би-би-си.

Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта, како Марбеља, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како Дана.

Continue Reading

Европа

Филков од Будимпешта: Традицијата и технологијата како темели на модерниот правен систем

Published

on

Будимпешта — На маргините на Меѓународната конференција „Правна конкурентност – Правни инструменти за поконкурентна Европа“, министерот за правда на Северна Македонија, Игор Филков, заедно со својот колега од Црна Гора, Бојан Божовиќ, го посетиле унгарскиот Парламент. Посетата беше организирана од министерот за правда на Унгарија, Бенце Тузсон, со цел да се запознаат со начинот на кој оваа историска институција ги интегрира традицијата и современите технологии.

„Посетата на Парламентот беше од големо значење. Во своите 120 години постоење, оваа институција ја претставува симбиозата на историјата, културата и модерната технологија, што треба да нè потсетува на важноста од зачувување на нашиот идентитет додека чекориме кон иднината,“ изјави министерот Филков.

Парламентот на Унгарија, како едно од најзначајните историски и политички обележја на земјата, демонстрира како традицијата може да се усогласи со потребите на современото општество.

Министерот Филков додаде дека овој вид на меѓународна соработка и размена на искуства е важен за создавање на правен систем кој ќе се темели на вредностите на правдата и иновациите. „Нашата цел останува да продолжиме со изградба на правниот систем што ќе го поддржи напредокот на земјата и ќе ја зацврсти нашата позиција како лидер во регионот,“ истакна Филков.

Посетата беше важен дел од континуираните напори за зајакнување на дијалогот и соработката со земјите од регионот и Европа, кои споделуваат слични цели за унапредување на правниот систем и правната конкурентност.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк