Connect with us

Македонија

А ова се вашите дробови во Тетово

Published

on

Да ја ѕирнете течноста што ја испушта климата после филтрација на воздухот.

Кога клима уредот ја филтрира атмосферата, особено во области со висок степен на загадување, течноста што ја собира може да биде значително загадена. Тоа често резултира со темно кафеава боја, што е показател за честички како прашина, гасови, саѓи и други загадувачи присутни во воздухот.

Темно кафеавата боја на оваа течност е знак дека климата успешно заробила дел од овие загадувачи, но тоа исто така укажува на високото ниво на нечистотии во атмосферата. Клима уредите со висококвалитетни филтри се способни да го прочистат воздухот, но важно е редовно чистење или замена на филтрите, бидејќи големото количество нечистотии може да го намали нивниот ефект и да доведе до оштетување на уредот.

Македонија

Полицијата го изгуби трпението: Одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава

Published

on

Одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава и т.н. диви трки во Скопје 

На 06.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава. Веднаш по пријавата од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што истите се сопрени и привремено се одземени 10 патнички моторни возила поради основано сомнение за техничка неисправност на возила. 

Истите ќе бидат однесени во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали возилата се технички исправни и дали ги исполнуваат условите за учество во сообраќајот.

Continue Reading

Македонија

Траги-комедија: Луѓе туркаат камион на Македонија пат заглавен поради снегот кај Буково

Published

on

Камион на Македонија пат предизвика застој кај Буково, јавуваат граѓани кои се нашле на местото.

Снежните наноси предизвикаа застои на повеќе патни правци низ Македонија, постои и забрана за тешки товарни возила.

Од АМСМ известуват дека oд 20:05 часот е воведена забрана за сите видови возила на патниот правец Струга – г.п Ќафасан поради обилни врнежи од снег на коловозот

Continue Reading

Македонија

Енормна сума: Откриено колку ќе заработи Америка од царините на Трамп

Published

on

Што ќе донесат новите царини за Америка?

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, најави дека САД би можеле годишно да остваруваат приход од 300 до 600 милијарди долари благодарение на новите царини што администрацијата на Доналд Трамп ги воведе на производи од повеќе од 60 земји. Овие царини се дел од поширока стратегија на САД за подобрување на трговскиот биланс и поттикнување на домашното производство, а истовремено носат значајни последици за глобалната економија.

Бесент во интервју за емисијата на Такер Карлсон објасни дека САД на почетокот ќе остваруваат значителен приход од царините, а како што ќе расте домашното производство, приходот ќе се зголемува и преку данокот на доход од новите работни места.

– На почетокот ќе имаме значителен приход од тарифите. Потоа ќе расте и приходот од фабриките, од данокот на доход од сите нови работни места. Така што ќе заработуваме и на домашниот пазар, додека царините постепено ќе паѓаат – изјави Бесент.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк