Connect with us

Македонија

Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори

Published

on

По катастрофалниот пораз во мај, СДСМ не може да се надева на поразличен резултат во моментов. Барањето за предвремени парламентарни избори наликува на гол популизам. Видниот член на социјалдемократите и поранешен директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за Алфа вели СДСМ е силна, но се сомнева колку актуелните раководни структури имаат моќ да ја консолидираат партијата.

„Во моментов за жал не можам да видам дека имаме некаков тип на иницијатива, дека имаме некаква новина или дека имаме нешто што ново би понудиле на избирачите. Само шест месеци повторно ќе кажам по изборите кои што завршија, на начин кој што завршија. Не мислам дека раководството на СДСМ, актуелното раководство има оправдана причина да бара избори или да се надеваме за некаков подобар резултат на тие избори, освен купување време“, изјави Деспотовски.

Деспотовски вели дека ситуацијата била слична и во 2006-та, кога СДСМ ја загуби власта, но тогаш партијата многу побрзо од сега се консолидирала.

„Впечатокот кај јавноста, кај луѓето, кај членовите на партијата со кои што и јас комуницирам прилично редовно е дека работите се движат со некоја ај да кажаме забавена динамика. Ќе направам една паралела со сличен процес кој што се случуваше 2006-та година, кога СДСМ исто ги загуби изборите. Во период од неколку месеци имаше и отчетен конгрес, се изгласа недоверба на тогашниот претседател, се изгласа ново раководство, така што партијата застана релативно брзо на нозе, збориме за период од два, три, четири месеци“, изјави Деспотовски.

Македонија

ДУИ: Ќе ја повикаме ЕУ со тим експерти одблизу да ја следат состојбата во Македонија, каде се заробени обвинителствата и судството

Published

on

Во РС Македонија, Премиерот целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството.

Ова се истакнува во денешното соопштение на ДУИ кое го објавуваме во целост:

Тој ја диктира динамиката на процесите, јавно ги определува осомничените и виновните уште во првата фаза, дури и пред обвинителството да започне истрага.

Тој на јавна сцена демонстрира незаконска политичка моќ да го контролира процесот на разрешување и запирање на разрешувањето на јавниот обвинител, не штедејќи притоа и закани за уличен јавен линч.

Истражувањето на трагедијата во Кочани претставува најгротескен пример на селективна правда што некогаш се случил во земјава.

Овој процес се претвори во карикатура на правна истрага, каде што сите се виновни, освен ако се од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа сериозна состојба бара активирање на сите механизми за да се спречи целосното пропаѓање на правната логика, што ќе има непоправливи последици врз политичкиот развој на општеството и неговата усогласеност со принципите и вредностите на Европската Унија.

РС Македонија е кандидат за членство во Европската Унија, и затоа ќе ја повикаме Европската комисија преку тим експерти одблизу да ја следат оваа фарса од истрага, каде што Власта обвинува сѐ околу себе за да ги заштити оние кои биле одговорни да ја спречат оваа трагедија.

Само како пример: во група на верижни виновници веригата чудно не го опфаќа и Министерот за внатрешни работи, кој 13 месеци пред трагедијата бил запознаен со постоењето на нелегален ноќен клуб што ги прекршувал сите можни безбедносни стандарди, како и Државниот инспекторат и Управата за јавни приходи, кои не презеле никакви мерки.

Напротив, токму одговорниот Министер го гледаме како секојдневно ни ги преставува сите други виновници кои треба да го ослободат дури и од моралната политичка одговорност.

Ја повикуваме Европската комисија итно да испрати правни експерти и директно да се вклучи со засилен мониторинг на овој случај; по тоа, со својата експертиза и сознанија, ќе ѝ помогне на собраниската комисија која веднаш треба да биде воспоставена под меѓународен надзор.

Демократијата, владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права се основните правила и принципи на Европската Унија, и тие мора да бидат заштитени и во РС Македонија.

ДУИ

Continue Reading

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Владата од првиот ден стои во намерата да помогне по трагедијата во Кочани

Published

on

Владата дава максимална поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Покрај финансиската поддршка што беше обезбедена преку Буџетот за семејствата коишто имаат свои блиски кои се лекуваат во странство, фокусот е секако на континуирана поддршка во овој процес кој ќе биде долготраен. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во отворената хуманитарна програма „Канал5 и Македонија за Кочани“.

– Владата од првиот ден стои во намерата да помогне. Донесовме одлука со која направивме пренасочување или издвоивме средства за семејствата на оние пациенти коишто се надвор од државата со цел да им помогнеме во овој момент со транспорт и престој. Владата дава максимална поддршка и на Црвениот крст во прибирањето на средствата од донации затоа што требаше да се реагира брзо и процесот да се одвива ефикасно – рече министерката.

Таа потенцира дека сите пациенти се згрижени, дека државата стои зад тоа и дека нема потреба од дополнителни средства од страна на семејствата. „Грижата, додаде, од страна на Владата ќе продолжи и во периодот што следи. Однапред не може да се знае колку средства ќе бидат потребни.  Фокусот е да ги вратиме сите повредени коишто се лекуваат во странство назад и секако да го помогнеме Кочани со инвестиции“, истакна министерката.

Таа се осврна на контролите што се спроведуваат и наведе дека оваа трагедија покажа во пракса дека законите кои се напишани треба да се почитуваат.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски предлага законски измени: Задолжително да се вршат контроли на објектите еднаш до двапати годишно

Published

on

Трагедијата во Кочани не требаше да биде услов за започнување на вонредни инспекции, бидејќи редовните проверки се спроведуваат годишно, рече претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Oпштина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата вчерашната емисија „Клик плус“ на телевизија 21.

Тој увери дека јавните установи се безбедни, а на локациите со аномалии ќе следи итно постапување. Ѓорѓиевски исто така предложи законски измени кои ќе обезбедат редовни инспекции како обврска, најмалку еднаш или двапати годишно, наместо да зависат од индивидуалната одговорност на градоначалниците или инспекциите.

„Дали требаше да се случи за жал оваа трагедија за да влеземе во процес на вонредни инспекции? Често пати тоа го говорам и давам одговор на истото, а за тоа имам и документација денес донесено, конкретно за мојата општина и проверките откако јас сум градоначалник, коишто на годишно ниво се вршени“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека, иако повеќето општини редовно спроведувале контроли, постојат исклучоци. Тој посочи дека поради ситуацијата, започнат е процес на вонредни инспекции, со акцент на јавните објекти, што е оправдано поради создадената паника кај граѓаните, особено во поглед на безбедноста на децата.

„Одговорно тврдиме, и тука претпоставувам ќе се согласат и моите колеги, ретки исклучоци во најголемиот број од случаите, односно од општините, сите имаат правено редовни контроли. Факт е дека постојат и општини коишто не постапувале во минатото, затоа ние сега влеговме во еден процес поради ситуацијата да направиме вонредни контроли, каде што акцент најпрво се става на сите објекти од јавен карактер, затоа што и од друга страна и логички е оправдано кај нашиот народ се создаде одреден тип на паника, затоа што не секој ќе биде спокоен после овие работи да го пушти детето во училиште, во градинка, во културна установа, во спортска сала итн. “, посочи Ѓорѓиевски.

Повеќето јавни објекти, вели Ѓорѓиевски веќе биле подложени на инспекции и дека од градоначалниците барал доставување записници од извршените проверки. Тој увери дека граѓаните не треба да се грижат за безбедноста во јавните установи и нагласи дека на локациите со утврдени аномалии ќе следи итно постапување.

„Во најголем дел од сите објекти од јавен карактер веќе се извршени проверките. Она што ние го побаравме како ЗЕЛС, од сите наши колеги, од сите градоначалници од општините, е да достават записници за извршените проверки и состојбата којашто е утврдена. Јас сакам да порачам за сите наши граѓани да не се грижат, нивните деца, нивните внуци учат во безбедни јавни установи. Онаму каде што се утврдени одредени аномалии, ќе има итно постапување во наредниот период“, кажа Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски ја нагласи потребата од законски измени кои ќе обезбедат редовни инспекции во јавните установи како обврска, наместо да зависат од индивидуалната одговорност на градоначалникот или инспекцијата. Според него, ваквите проверки треба да се спроведуваат најмалку еднаш или двапати годишно.

„Но она што е друго прашање и работа на којашто ќе треба да се фокусираме, е да во перспектива се направат законски измени, да не оставаме на волјата на поединецот или одговорноста, индивидуална на градоначалникот или инспекцијата, да се прават тие контроли, туку облигаторно да влезе, законски да мора да се прават еднаш во годината или двапати проверките редовни во сите установи“, заклучи Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк