Connect with us

Македонија

Нема дно што судството нѐ може да го пробие: Потребни се радикални промени и итни разрешувања

Published

on

Врховен судија лежи во затвор за мито, виш обвинител е под исрага и суспензија за злоупотреба и малтретирање на вработени, судир на интереси кај членовите на Судски и Обвинителски совет. И покрај тоа што судството пука по сите шафови и Европската унија како и сите домашни институции и организации постојано критикуваат за состојбата, тоа не допира до судиите и обвинителите.

Спас од состојбата се радикални промени. И тоа итни законски измени, разрешувања на судии и обвинители без интегритет и воведување на силни контролни механизми, предлага претседателот на Транспаренси Интернешнл, Благоја Пандовски.

Покрај нискиот морал и кредибилитет на судиите и обвинителите кои според сите информациите што излегоа во јавноста работат за лични, партиски и семејни интереси, судството е во очајна состојба бидејќи кубури и со кадар, појаснува Пендиковски. Новите 130 кандидати што претседателката на Академијата за судии и обвинители Наташа Дамјановска Габер сакаше да ги протне за време на избори направија уште поголема дупка во дефицитот од судии и обвинители. Системот е каша попара, а тоа е забележано и во последниот извештај на Европската комисија, коментира претседателот на Транспаренси Интернешнл.

Корупција, непотизам, всадени семејни стебла и блиски релации со политички врвови се главните карактеристики на судиите и обвинителиве изминативе години за коишто медиумите известуваа.

Премиерот коментираше дека борбата за спас на судството ќе биде долга и тешка поради жилавата инсталација на СДСМ и ДУИ во судските редови. Сепак, тој уверува дека победата ќе биде извојувана.

Европската унија, пак, спас бара во реформи и имплементација на Извештајот на Оценската мисија што влезе во Судски совет по неколкумесечното скандалозно однесување на членовите. Засега содржината на Извештајот не ѝ е позната на јавноста.

Македонија

Четворица од повредените во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Published

on

Министерството за здравство информира дека денеска четворица од повредените во пожарот во Кочани, кои беа лекувани во медицински установи во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (еден пациент) и Италија (еден пациент), се враќаат во земјата.

– Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти – соопшти Министерството.

Во болниците во Македонија во моментов се лекуваат седум пациенти. Четворица од нив се на лекување во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, двајца во приватната болница „Систина“, а еден на Клиниката за пулмологија.

Continue Reading

Македонија

НИ СЕ ВРАЌА ПРОЛЕТТА: Погледнете какви температури не очекуваат во наредниот период

Published

on

По многу ладниот бран кој директно ни се спушти од Сибир и ни донесе невообичаено ниски температури за април, како и појава на снег на повеќе места низ Македонија (вклучувајќи ги и градовите), сега ни следува период на се потопло време, како преку ден, така и во ноќните и во утринските часови, што значи дека во постепен пораст ќе бидат и минималните утрински, како и максималните дневни температури на воздухот.

Температурите наутро во следниот период веќе на повеќе места ќе бидат позитивни, со исклучок на повисоките населени места, како и на планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките места, каде температурите и понатаму ќе бидат негативни, односно за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури ќе бидат постепено пролетни, и во периодот кој што ни следува, тие на повеќе места ќе се искачуваат близу, па и околу 15 степоени, а на повеќе места тие ќе надминуваат и 15 степени.

Во Повардарието, како и во југоисточните предели од нашата Македонија тие ќе се искачуваат до околу, па и над 20 степени.

Да напоменам дека до сабота, особено во Повардарието и во источните предели повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено со брзина до околу 70 км/час). Во Скопје исто така повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, но ќе биде се потопло со температури кои полека ќе се приближуваат до околу 20 степени, а за време на викендот тие веќе треба да надминуваат и 20 степени.

Инаку, времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, локално повеќе облачност ќе има утре (четврток 10 април), како и (сабота 12 април) кога ќе има појава на локален краткотраен дожд и услови за ретки грмежи, додека на планините над 1700/1800 метри надморска височина ќе провејува снег, пишува МетеоАларм.

Continue Reading

Македонија

„Од 5 до 7 години може да трае закрепнувањето на повредените од Кочани со тешки изгореници“, вели докторката од Бугарија која ги третира

Published

on

Состојбата на останатите четворица пациенти во Пирогов се уште е сериозна, но стабилна. Ова во „Денот започнува“ го изјави раководителот на Клиниката за изгореници и пластична хирургија при медицинската установа, Маја Аргирова за БНТ.

„Четворица од повредените во Кочани вчера беа отпуштени, на лекување во болница остануваат уште 4 лица. Нивната состојба е сè уште сериозна, но стабилна и очекуваме постепено да се подобрува. Остануваат да се подложат на хируршки интервенции и активно движење“, објасни Аргирова. Според неа, ова се едни од најтешките случаи со кои таа и нејзиниот тим се сретнале на клиниката, но одлично се справиле со тоа и пациентите кои вчера беа отпуштени ќе се прилагодат на својата социјална средина што е можно побрзо. Таа објасни дека на лекарите им е исклучително тешко да држат деца во раце, изгорени речисиvнепрепознатливи. И нема потежок настан и за жртвата и за неговото семејство од овој. Посебно да изгори голема површина од телото. Третманот е долг, болен и вклучува многу жртва од страна на целото семејство на пациентот“, вели Аргирова за бугарските медиуми.

Таа објасни и дека жртвите од пожарот во Кочани кои вчера беа отпуштени ќе дојдат на прегледи и ќе имаат закажано реконструктивни операции. Според неа, периодот на опоравување ќе трае долго.

„Ова трае долго време. Закрепнувањето на таков повреден е околу година и пол до две. Ако ги додадеме и реконструктивните операции, периодот може да трае и од 5 до 7 години по завршувањето на акутниот период. Односно по излегувањето. Така што, третманот не завршува со пуштање на пациентите од клиниката. Продолжува дома. Имаат инструкции кои треба да ги следат скоро две години по отпуштањето“, објасни Аргирова.

Таа додаде дека повеќето од децата одбиле да зборуваат за ноќта на пожарот.

„Со нив се занимаваше психологот. Тоа не е работа на лекарите. Повеќето од нив одбија да зборуваат за ова прашање“, вели началникот на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во Пирогов.

Извор: Скопје1.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк