Connect with us

Македонија

Се огласија од ресорното министерство за загадувањето на воздухот – Еве што велат!

Со почетокот на грејната сезона и промента на временските услови се создаваат услови за зголемување на загадувачките честички на воздухот што влијаат врз здравјето на луѓето. Министерството за животна средина и просторно планирање работи во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, но оваа година проектира низа дополнителни конкретни активности и ги насочи сите расположиви ресурси во навремено преземање конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на аерозагаденоста, посочуваат од Министерството.

„Во Министерството е формирана интерна работна група за чист воздух од претставници на сите релеватни сектори од институцијата, која ќе ѝ предложи на Владата акциски план со конкретни краткорочни и долгорочни активности, чија цел е да забрза процесот на постигнување видливи резултати во подобрувањето на квалитетот на воздухот. За квалитетот на воздухот мора сите да преземеме нешто, а Министерството за животна средина и просторно планиарње оваа сезона дејствува поактивно и со предлог-мерки и со мотивирање на разните фактори да се подготват и посериозно да дејствуваат во пресрет на зимската сезона“, дополнуваат од таму и додаваат:

„Направен е план за посета и инспекторирање на индустриските капацитети што поседуваат А-интегрирана еколошка дозвола. Посетите ќе се одвиваат по плански региони во државата, а екипата ќе биде составена од претставници на Државниот инспекторат за животна средина и од Министерството. Целта не е само да се изврши контрола на индустрискот капацитет дали ги исполнува обврските од дозволата, туку и да се влијае на подигање на свеста и подготвеноста на компаниите во пресрет на зимската сезона да преземат и дополнителни мерки со кои би влијаеле позитивно врз квалитетот на воздухот. Министерството за животна средина и просторно планирање апелира до граѓаните и институциите, компаниите и до сите општествени фактори за совесно однесување во однос на начините на затоплување, чистење на оџаците, фрлање на отпадот, палење на депониите, користењето возила, градежните работи на отворено, палењето стрништа и слично, со цел сите заедно да дадеме свој придонес кон обезбедување почиста и поздрава животна средина и подобрување на квалитетот на животот за сите нас. Министерството континуирано ја следи состојбата со квалитетот на воздухот, редовно ги информира граѓаните и ќе преземе и други дополнителни активноси за што јавноста ќе бид навреме информирана“. 

Advertisement

Македонија

Промени во врвот на СДСМ: Тренчевска и Трајановски добија потпретседателски функции

СДСМ влегува во новитети во својот тим. Лидерот Венко Филипче денеска на седница на Централниот одбор ги соопшти имињата на своите најблиски соработници, промовирајќи ги пратеничката Јована Тренчевска и познатиот доктор Александар Трајановски за нови потпретседатели на партијата.

Додека Александар Димитријевиќ и Љупчо Фармаковски ги задржуваат клучните позиции како генерален и организациски секретар, Филипче упати жестоки пораки до владејачката коалиција. Тој најави бескомпромисна „борба против криминогената власт“ и вети дека овој тим ќе ја извлече државата од изолација, ставајќи крај на, како што рече, „предавството на националните интереси преку увозот на мигранти“.

Со јасна реторика и нови лица на клучните позиции, Венко Филипче го комплетираше партискиот мозаик на СДСМ. Изборот на Тренчевска и Трајановски за потпретседатели е јасен сигнал за насоката во која ќе се движи најголемата опозициска партија – спој на социјална политика и стручност.

Филипче не штедеше зборови за тековното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, карактеризирајќи го како ненародно и корумпирано. „Ние сме браната против изолацијата на државата“, дециден е лидерот на СДСМ, најавувајќи фронт против криминалот и наводните политики за населување мигранти кои, според него, се директно предавство на државните интереси.

„Овој тим оди во фронтална борба против корупцијата и изолацијата!“ – Со овие зборови лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го претстави новото раководство. Покрај довербата која повторно ја добија Димитријевиќ и Фармаковски, во првите редови застануваат Јована Тренчевска и д-р Александар Трајановски. Филипче најави крај на „криминогеното владеење“ на актуелната коалиција и цврста заштита на националните интереси.

Continue Reading

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг