Connect with us

Македонија

Жерновски никогаш официјално не станал амбасадор во Романија, затоа Муцунски не може да го отповика

Published

on

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со амбасадорот на Македонија во Букурешт, алудирајќи на сериозни процедурални и административни процедури, истакна дека Андреј Жерновски не можел да биде отповикан, бидејќи тој официјално никогаш и не станал амбасадор.

Одговорот на новинарското прашање, Муцунски го даде на денешниот прес со министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг.

Неофицијално, според извори во МНР, и покрај тоа што Жерновски не ја испочитувал националната постапка за предавање акредитиви во Романија и официјално не бил назначен за амбасадор, тој подолг период престојувал во Букурешт и извршувал амбасадароска должност, што е спротивно на дипломатските протоколи. 

Македонија

Волонтери создадоа веб-страница за директни донации до семејствата на повредените во Кочани

Published

on

Група на волонтери ја креираа централизираната дигитална платформа supportkocani.com на која се поставени податоците за донирање средства директно до сите погодени од пожарот во импровизираната дискотека во Кочани.

На веб-страницата се достапни податоци за повредените, каде тие се лекуваат, нивната трансакциска сметка и банката на сметката. При донација, на веб-страницата се истакнува да се користи шифрата 562 која е уплата за донации. По донацијата, граѓаните се повикуваат да испратат принтскрин со името на лицето и износот преку Вибер на 078 301 041.

„Собраните средства за секое лице ќе бидат објавени, за помошта да оди таму каде што е најпотребна. Податоците за износот на донациите објавени за секоја сметка се само врз основа на информациите што ни биле испратени од донаторите. Ние не можеме да гарантираме дека прикажаните суми се 100% точни, бидејќи немаме целосен увид во сите уплати“, се објаснува на веб-страницата.

После апелите од страна на граѓаните кои сакаат да донираат да се промени концептот на страната со цел оние со најмалку донации да се појавуваат во најгорниот дел од веб-страницата, волонтерите ги воведоа промените со што сега на врвот на веб-страницата се прикажани податоци за повредените со најмалку донации.

Посетете ја веб-страницата преку следниот линк: https://supportkocani.com/

Како да донирате? 

При донацијата, користете ја шифрата 562 која е за уплати за донации. По донацијата, испратете screenshot со името на лицето и износот на Viber: 078 301 041ВАЖНО: Бројот е само за испраќање на screenshot – на него не може да се донира!

Донации од странство 

Во моментов, донации од странство се возможни само за лица со достапен IBAN и SWIFT код.

Continue Reading

Македонија

За една недела продадени ПП-апарати како за цела година.

Published

on

Поради зголемениот интерес, но и поради брзиот увоз, дистрибутерите ја зголемиле цената на ПП-опремата од 5 до 7 отсто! Законот пропишува дека на секои 50 квадрати треба да поседувате по една боца со тежина од 9 килограми, што значи дека дискотеките и ноќните клубови би требало да поседуваат најмалку 3 до 4 вакви апарати, но и повеќе

Рокот на траење на еден ПП-апарат е 20 години, а по неговиот истек тој е максимално небезбеден за употреба и е потребно веднаш да се замени со нов.

Continue Reading

Македонија

Ангелов: Ставен под контрола пожарот во Струмичко

Published

on

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот во Струмичко е ставен под контрола.

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола, нема опасност по населени места ниту по околните викендици, вели Стојанче.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк