Connect with us

Спорт

ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија исклучени од сите натпреварувања, суспензија и за Валентина Радуловиќ

Published

on

Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод натпреварот помеѓу Скопје и Гевгелија, по срамниот Куп натпревар во кој ракометарките си даваа автоголови, и наводно намерно промашувале на меѓусебниот натпревар.

Така ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје се исклучени од сите натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија.

Суспензии добија и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот. Валентина Радуловиќ како претседател на ЖРК Скопје, е суспендирана со забрана за вршење функција во ракометот во следните две години. Иста казна доби и тренерот на екипата, Веселинка Треноска.

Претседателот на ЖРК Гевгелија Јулија Беќарова исто така доби забрана за вршење на ракометна функција во следните две години. Делегатот на мечот Митко Ѓоргиевски е казнет со забрана за вршење на функција во следните шест месеци.

Спорт

Познато е во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Published

on

Челниците на НБА, наводно, веќе имаат јасна идеја за тоа кои 11 градови ќе бидат дел од потенцијалното проширување на натпреварувањето во Европа.

Андреас Заглис, првиот човек на ФИБА, се очекува да присуствува на претстојниот состанок на Бордот на гувернери на НБА, на кој ќе се разговара на оваа тема.

Наводно од НБА биле избрани следните градови: Мадрид, Барселона, Минхен, Берлин, Париз, Лондон, Манчестер, Милано, Рим, Истанбул и Атина

Со оглед на тоа што останува малку време до крајот на тековната сезона, најверојатно новото натпреварување нема да има премиера до сезоната 2026/27.

Друго прашање е кои клубови би учествувале во него. Треба да ги има 10, а останува да се види дали ќе бидат постоечки или новоформирани клубови.

Continue Reading

Спорт

Сочувство од навивачите во Пловдив: „Бугарија тагува со вас“ (ФОТО)

Published

on

Навивачите на бугарската фудбалска репрезентација не ја заборавија трагедијата во Кочани и упатија порака на сочувство за настраданите, по најголемата трагедија во историјата на Македонија.

Во време кога Бугарија играше натпревар против Република Ирска во Лигата на Нации, на трибините беше истакнат транспарент со зборовите: „Бугарија тагува со вас“.

Овој потег од страна на навивачите на нашиот источен сосед е заслужен за почит, покажувајќи дека болката за трагично загинатите животите не познава граници, а нивната солидарност е искрена и емотивна.

Continue Reading

Спорт

„Чкембари“ со апел: Без пиротехника до крајот на сезоната во чест на жртвите од Кочани

Published

on

Навивачите на битолски Пелистер, популарните „Чкембари“ испратија повик до сите навивачки групи од земјава да не користи пиротехника до крајот на оваа сезона.

Како што информираат „Чкембарите“, поради големата трагедија која што се случи во саботата вечер во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која згаснаа 59 млади животи, тие до крајот на сезоната нема да користат пиротехника како знак на почит на сите трагично загинати.

„Во овие денови на тага и неверување донесовме одлука во чест и почит кон жртвите, повредените и нивните семејства во трагедијата во Кочани. Навивачката група „Чкембари“ нема да користи пиротехника до крајот на оваа сезона. Уште еднаш изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејствата на сите настрадани. Исто така, уште еднаш изјавуваме дека сме на располагање, доколку на каков било начин можеме да помогнеме“ – стои во соопштението на битолската навивачка група.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк