Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: Создадовме 80.000 квадрати паркови, Мицкоски има реална заложба и конкретен план за намалување на загадувањето

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на емисијата „За или против“ на ТВ Алфа, истакна дека загадувањето на воздухот е децениски проблем и ја поздрави заложбата на Владата предводена од Христијан Мицкоски за системско решавање на овој проблем.

-Премиерот Мицкоски има реална заложба и конкретен план за намалување на загадувањето. Никогаш тој ниту јас или било кој друг од ВМРО-ДПМНЕ не ветиле решавање на проблемот преку ноќ. За оваа проблематика потребен е пристап од Владата, општините, Градот Скопје, сите инспекциски служби, како и од сите граѓани и академската фела. Потребно е дејствување од сите субјекти и во таа насока ние во општина Кисела Вода за 3 години имаме засадено илјадници дрва и создадено околу 80.000 метри квадратни парковски содржини, изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека се преземени и серија на други мерки како набавка на прочистувачи во сите училници, набавка на мерни станици, како и 5 прочистувачи на отворено.

Градоначалникот Ѓорѓиевски додаде дека се небулозни обвинувањата од опозициската СДСМ за загадувањето поради тоа што во изминатите 7 години кога имаа апсолутна власт, не преземаа ниту еден чекор за решавање на оваа проблематика, нагласувајќи дека сега повторно се служат со манупулации на оваа сензитивна тема за сите скопјани и воопшто за сите граѓани на Македонија.

Скопје

Скандал во Скопје: Дрифт собир со 300 возила за време на ден на жалост!

Published

on

Додека цела земја тагува по трагедијата во Кочани, група несовесни граѓани организирале дрифт настан со над 300 возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“, притоа пријавувајќи „снимање спот“. Настанот резултирал со десетина судари и материјална штета.

Директорот на спортскиот центар, Данијел Апостолоски, жестоко реагираше, истакнувајќи дека не дал дозвола за ваков настан и дека вакво нешто никогаш нема да дозволи. Благодарение на брзата интервенција на МВР и ПС Карпош, собирот бил прекинат.

„Апелирам до сите граѓани да ги почитуваме деновите на жалост и да покажеме човечност. Жртвите и нивните семејства заслужуваат спокој и почит“, напиша Апостолоски во својата објава.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Додека копале темели за нова зграда во Скопје, ја забетонирале и канализацијата !!!

Published

on

На улицата Мирче Оровчанец во центарот на Скопје, во близина на Универзална сала, затната е фекалната канализација бидејќи градежник додека градел зграда ја забетонирал цевката за фекалии. Градежникот додека ја правел јамата и копал за поставување на армирано бетонски колови, т.н. шипови, ја погодил цевката за канализација. Потоа додека полнеле со бетон, ја наполниле и цевката и таа е забетонирана. Сега фекалиите од останатите згради и куќи на улицата не можат да течат низ цевката и преку клозетските шолји ќе им се враќаат во домовите.
Сдк.Мк

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Поддршка за бизнисот и инвестициите низ целата држава

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата се разговараше за клучни теми како децентрализацијата, инвестиционата активност на општините и поддршката на бизнисот.

„Стопанската комора на Македонија ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во насока на остварување на раст од 4%, градењето на правна држава и почитувањето на принципите на пазарната економија,“ истакна Азески.

Ѓорѓиевски го информираше претседателот за активностите на општината, при што беше нагласена важноста на создавање поволна бизнис-клима, елиминирање на пречките за инвеститорите и поддршка на компаниите кои отвораат нови работни места и водат сметка за еколошките стандарди.

„Продолжуваме со активности за економски раст, подобрување на условите за бизнисите и развој на општините,“ порача Ѓорѓиевски.

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк