Connect with us

Македонија

Драги Рашковски станува бизнисмен, ќе одгледува посеви и ќе продава возила

Поранешниот генерален секретар на Владата и обвинет за случајот „Софтвери“, Драги Рашковски, академската кариера ја менува со бизнис амбиција. Поранешниот функционер станува претприемач со основање на фирмата „Демра Холдинг“ засега регистрирана на неговата адреса на живеење во скопски Аеродром.

Основната дејност е „одгледување насади и посеви“, а во рамки на првата фирма во сопственост на Рашковски е регистрирана и подружница „Демра Ауто“ со адреса во Струмица за „трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија“.

Фирмата на Рашковски е регистрирана изминатите денови , а под неговото име, покрај тоа што е новопечен управител, и натаму стои дека е професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Во обидот да стапиме во контакт со него ни рече дека повеќе не бил јавна личност и дека „не сака да се рекламира“.

Последно што се знае за него е тоа дека лани му се укина мерката куќен притвор откако тој достави гаранција во вредност од 11.868.762 денари (околу 192.000 евра) во недвижен имот за случајот „Софтвери“. Рашковски беше во куќен притвор од јули минатото лето и беше прогласен првостепено за виновен за делата „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ со казна затвор од осум години.

Пред две години Рашковски се појави на првиот академски час на „Јустинијан први“, а тогашниот министер за правда Никола Тупанчевски рече дека факултетот ќе се однесува достоинствено кон секого се додека не е правосилно осуден.

Во официјалната биографија на Рашковски, кога во 2017 стапи на функцијата генерален секретар на Владата, пишуваше дека е универзитетски професор со два доктората и три магистратури, кој објавил десетици научни трудови и измислил неколку патентни решенија. Тој освен правник, себе си се сметаше и за дигитален иноватор.

Advertisement

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг