Connect with us

Македонија

Кочани се обедини: Едногласна одлука на Советот на Општина Кочани да не се носи отпад од другите општини на градската депонија

Published

on

– Советот на Општина Кочани на денешната редовна седница донесе едногласна одлука отпадот од Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево и другите општини во регионот веќе да не се носи на градската депонија кај селото Бели.

Одлуката беше усвоена по дополнувањето на дневниот ред што го предложи претседателот на Советот Лазо Митев, образложувајќи го со барањето на граѓаните кои веќе трета недела протестираат и го блокираат пристапот до депонијата за комуналните возила од соседните општини.

-Советот на Општина Кочани бара веднаш да престане депонирањето на комуналниот отпад од соседните општини Виница, Зрновци, Чешиново- Облешево и од другите соседни општини сѐ до отпочнување со работа на регионалната депонија кај Свети Николе и до моментот на избор на постојан оператор за одржување и затворање на градската депонија во Кочани.

Одлуката ќе биде доставена до комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани, до соседните општини и до Владата, а таа стапува на сила со денот на донесувањето, истакна Митев.

На седницата едногласно беше усвоена и инцијатива да се формира надзорно тело кое, како екопатрола, ќе го контролира начинот на собирање и депонирање на отпадот од територијата на општина Кочани.

Во салата на Советот беа присутни и поголем број граѓани, екоактивсти и учесници на протестот, кои со аплауз го поздравија донесувањето на одлуките.

-Упатуваме благодарност до советниците, но пред сè до сите граѓани коишто во изминатите 17 дена протестираа и направија притисок да се дојде до оваа конечна одлука.

Верувам дека ќе биде испочитувана и дека ќе го реши проблемот за повеќе да не ни се случуваат такви катастрофи како што беа досега, истакна Стојан Глувчевски, претставник на екоактивистите од Кочани.

Грaѓаните кои го блокираат пристапот до депонијата кај Бели попладнево ќе одржат координативен состанок на кој ќе ја разгледаат новонастанатата ситуација и ќе донесат одлука дали ќе го прекинат

Македонија

ДУИ: Ќе ја повикаме ЕУ со тим експерти одблизу да ја следат состојбата во Македонија, каде се заробени обвинителствата и судството

Published

on

Во РС Македонија, Премиерот целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството.

Ова се истакнува во денешното соопштение на ДУИ кое го објавуваме во целост:

Тој ја диктира динамиката на процесите, јавно ги определува осомничените и виновните уште во првата фаза, дури и пред обвинителството да започне истрага.

Тој на јавна сцена демонстрира незаконска политичка моќ да го контролира процесот на разрешување и запирање на разрешувањето на јавниот обвинител, не штедејќи притоа и закани за уличен јавен линч.

Истражувањето на трагедијата во Кочани претставува најгротескен пример на селективна правда што некогаш се случил во земјава.

Овој процес се претвори во карикатура на правна истрага, каде што сите се виновни, освен ако се од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа сериозна состојба бара активирање на сите механизми за да се спречи целосното пропаѓање на правната логика, што ќе има непоправливи последици врз политичкиот развој на општеството и неговата усогласеност со принципите и вредностите на Европската Унија.

РС Македонија е кандидат за членство во Европската Унија, и затоа ќе ја повикаме Европската комисија преку тим експерти одблизу да ја следат оваа фарса од истрага, каде што Власта обвинува сѐ околу себе за да ги заштити оние кои биле одговорни да ја спречат оваа трагедија.

Само како пример: во група на верижни виновници веригата чудно не го опфаќа и Министерот за внатрешни работи, кој 13 месеци пред трагедијата бил запознаен со постоењето на нелегален ноќен клуб што ги прекршувал сите можни безбедносни стандарди, како и Државниот инспекторат и Управата за јавни приходи, кои не презеле никакви мерки.

Напротив, токму одговорниот Министер го гледаме како секојдневно ни ги преставува сите други виновници кои треба да го ослободат дури и од моралната политичка одговорност.

Ја повикуваме Европската комисија итно да испрати правни експерти и директно да се вклучи со засилен мониторинг на овој случај; по тоа, со својата експертиза и сознанија, ќе ѝ помогне на собраниската комисија која веднаш треба да биде воспоставена под меѓународен надзор.

Демократијата, владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права се основните правила и принципи на Европската Унија, и тие мора да бидат заштитени и во РС Македонија.

ДУИ

Continue Reading

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Владата од првиот ден стои во намерата да помогне по трагедијата во Кочани

Published

on

Владата дава максимална поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Покрај финансиската поддршка што беше обезбедена преку Буџетот за семејствата коишто имаат свои блиски кои се лекуваат во странство, фокусот е секако на континуирана поддршка во овој процес кој ќе биде долготраен. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во отворената хуманитарна програма „Канал5 и Македонија за Кочани“.

– Владата од првиот ден стои во намерата да помогне. Донесовме одлука со која направивме пренасочување или издвоивме средства за семејствата на оние пациенти коишто се надвор од државата со цел да им помогнеме во овој момент со транспорт и престој. Владата дава максимална поддршка и на Црвениот крст во прибирањето на средствата од донации затоа што требаше да се реагира брзо и процесот да се одвива ефикасно – рече министерката.

Таа потенцира дека сите пациенти се згрижени, дека државата стои зад тоа и дека нема потреба од дополнителни средства од страна на семејствата. „Грижата, додаде, од страна на Владата ќе продолжи и во периодот што следи. Однапред не може да се знае колку средства ќе бидат потребни.  Фокусот е да ги вратиме сите повредени коишто се лекуваат во странство назад и секако да го помогнеме Кочани со инвестиции“, истакна министерката.

Таа се осврна на контролите што се спроведуваат и наведе дека оваа трагедија покажа во пракса дека законите кои се напишани треба да се почитуваат.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски предлага законски измени: Задолжително да се вршат контроли на објектите еднаш до двапати годишно

Published

on

Трагедијата во Кочани не требаше да биде услов за започнување на вонредни инспекции, бидејќи редовните проверки се спроведуваат годишно, рече претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Oпштина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата вчерашната емисија „Клик плус“ на телевизија 21.

Тој увери дека јавните установи се безбедни, а на локациите со аномалии ќе следи итно постапување. Ѓорѓиевски исто така предложи законски измени кои ќе обезбедат редовни инспекции како обврска, најмалку еднаш или двапати годишно, наместо да зависат од индивидуалната одговорност на градоначалниците или инспекциите.

„Дали требаше да се случи за жал оваа трагедија за да влеземе во процес на вонредни инспекции? Често пати тоа го говорам и давам одговор на истото, а за тоа имам и документација денес донесено, конкретно за мојата општина и проверките откако јас сум градоначалник, коишто на годишно ниво се вршени“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека, иако повеќето општини редовно спроведувале контроли, постојат исклучоци. Тој посочи дека поради ситуацијата, започнат е процес на вонредни инспекции, со акцент на јавните објекти, што е оправдано поради создадената паника кај граѓаните, особено во поглед на безбедноста на децата.

„Одговорно тврдиме, и тука претпоставувам ќе се согласат и моите колеги, ретки исклучоци во најголемиот број од случаите, односно од општините, сите имаат правено редовни контроли. Факт е дека постојат и општини коишто не постапувале во минатото, затоа ние сега влеговме во еден процес поради ситуацијата да направиме вонредни контроли, каде што акцент најпрво се става на сите објекти од јавен карактер, затоа што и од друга страна и логички е оправдано кај нашиот народ се создаде одреден тип на паника, затоа што не секој ќе биде спокоен после овие работи да го пушти детето во училиште, во градинка, во културна установа, во спортска сала итн. “, посочи Ѓорѓиевски.

Повеќето јавни објекти, вели Ѓорѓиевски веќе биле подложени на инспекции и дека од градоначалниците барал доставување записници од извршените проверки. Тој увери дека граѓаните не треба да се грижат за безбедноста во јавните установи и нагласи дека на локациите со утврдени аномалии ќе следи итно постапување.

„Во најголем дел од сите објекти од јавен карактер веќе се извршени проверките. Она што ние го побаравме како ЗЕЛС, од сите наши колеги, од сите градоначалници од општините, е да достават записници за извршените проверки и состојбата којашто е утврдена. Јас сакам да порачам за сите наши граѓани да не се грижат, нивните деца, нивните внуци учат во безбедни јавни установи. Онаму каде што се утврдени одредени аномалии, ќе има итно постапување во наредниот период“, кажа Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски ја нагласи потребата од законски измени кои ќе обезбедат редовни инспекции во јавните установи како обврска, наместо да зависат од индивидуалната одговорност на градоначалникот или инспекцијата. Според него, ваквите проверки треба да се спроведуваат најмалку еднаш или двапати годишно.

„Но она што е друго прашање и работа на којашто ќе треба да се фокусираме, е да во перспектива се направат законски измени, да не оставаме на волјата на поединецот или одговорноста, индивидуална на градоначалникот или инспекцијата, да се прават тие контроли, туку облигаторно да влезе, законски да мора да се прават еднаш во годината или двапати проверките редовни во сите установи“, заклучи Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк