Connect with us

Македонија

СВР Тетово: Важно соопштение

Published

on

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува возачите дека од 15.11.2024 започнува законската обврска за поседување и носење на зимската опрема во возилата, а која ќе важи до 15 март следната година. На возачите им се препорачува да имаат зимски гуми со длабочина на сечење од 4 до 6 милиметри, во зависност од тоа за кои гуми станува збор, и синџири доколку користат летни гуми.  Истото важи и за камионите, додека автобусите е предвидено да поседуваат и лопата. 


   СВР Тетово ќе ги зајакне контролите и на возачите кои нема да ја почитуваат законската обврска и нема да ја поседуваат задолжителната опрема ќе бидат изрекувани глоби од 45 евра во денарска противвредност, согласно член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во случај на влошување на временските услови, пообилни врнежи од снег и слично, возачите без ваква опрема ќе бидат исклучувани од сообраќај, особено доколку се движат кон Стража, Маврово или Попова Шапка.  Ова со цел да не се создаваат непотребни пречки на патот и да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот во регионот и пошироко.

Македонија

Починатите од пожарот во Кочани ќе се погребаат на посебен дел од гробиштата

Published

on

Гробиштата во Кочани веќе се прошируваат поради големиот број починати во пожарот кој ја пеплоса дискотеката “Пулс”. Сите жртви ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта, пишува Ројтерс.

Булдужери од општината Куманово работат на терен со цел да помогнат во трагедијата која ни се случи.

Инаку и од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, градоначалникот Љупчо Папазов им дал неколку препораки за преземање активности во наредниов период, пред да поднесе неотповиклива оставка.

„Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената 7-дневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и од спортски карактер. Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и да се определи посебно место за починатите во пожарот. Исто, да се донесе одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП Водовод, соопшти Општина Кочани.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Утре започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови

Published

on

Во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

На состанокот се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски уште вчера на прес-конференција во Владата најави дека ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

-Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе најдеме стотици, десетици… Милиметар да недостасува ќе бидат затворени, тука нема да има милост кон никого, рече Мицкоски.

Истакна дека објектот каде што се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.

Continue Reading

Македонија

За 200.000 денари мито изгореа 59 млади луѓе

Published

on

Два дена по трагедијата во Кочани, власта покажа како се справува со одговорните за пожарот. Истрагата е во тек и што е најважно таа е транспарентна. Нема криење од народот, секој заслужува да биди кој е виновен и кој однесе млади луѓе во смрт.

Што се знае до сега

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на вчерашната прес конференција откри дека лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена за мито од 200.000 денари.

200.000 денари, токлку вределе животите на младите кои дошле да се забавуваат а завршија во стампедо или задушени. Каде ќе им оди душата на тие нелуѓе.

Приведени се и поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен, мислам и сегашен раководител на еден сектор на министерството за економија, приведовме и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата.

Ова е само почеток. Како ќе се копа подлабоко којзнае што ќе излезе. Можеби ќе се појави и некој министер од претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Македонија како држава мора да извлече поука од оваа трагедија. Ова треба да биде клучниот момент во кој ќе застанеме во борма против најголемиот непријател-корупцијата, од најниско до највисоко ниво. Толеранција не смее да има кон никого.

Република.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк