Connect with us

Македонија

Како да се користат грантови за обновливи извори од ЕУ

Обновливите извори на енергија (ОИЕ) сé повеќе стануваат основа на енергетската иднина на Европа, а Европската унија (ЕУ) силно ги поддржува проектите кои придонесуваат за развојот на овој сектор. Грантовите на ЕУ за обновливи извори на енергија претставуваат значителна финансиска помош за земјите-членки и партнерите на ЕУ, вклучително и за земјите од Западен Балкан, кои сакаат да се префрлат на почисти и поодржливи извори на енергија.

ЕУ нуди различни видови грантови за проекти за обновлива енергија. Овие грантови се дел од пошироката иницијатива наречена Европски зелен договор, чија цел е да ја направи ЕУ првиот климатски неутрален континент до 2050 година. Главната цел на грантовите на ЕУ е транзиција кон одржливи и чисти извори на енергија. Специфичните цели вклучуваат намалување на емисиите на јаглерод диоксид, зголемување на енергетската ефикасност, поттикнување на иновациите во енергетскиот сектор, развојот на локалната зелена економија и отворањето на нови работни места како и зајакнување на енергетската безбедност и независност. Грантовите на ЕУ може да вклучуваат директна финансиска поддршка за проекти за градење капацитети во соларни, ветерни електрани, хидроцентрали и други извори на обновлива енергија, како и кофинансирање на проекти кои помагаат да се намалат емисиите на стакленички гасови, но и за техничка помош за развој на инфраструктурата, обука на персоналот и подобрување на технологијата. Износите на грантовите од ЕУ зависат од видот на проектот и земјата на корисникот. Помалите истражувачки проекти можат да добијат средства во вредност од неколку стотици илјади евра, додека за поголеми инфраструктурни проекти се предвидени субвенции во износ од неколку милиони евра. Фондовите како InvestEU и Connecting Europe Facility (CEF) имаат буџети во милијарди евра, што овозможува финансирање на широк опсег на проекти за обновлива енергија. Благодарение на грантовите на ЕУ за обновливи извори на енергија многу земји значително го приближија својот енергетски сектор кон целите предвидени со зелената транзиција.  Па така, на пример, со поддршка од фондовите на ЕУ, Германија разви бројни проекти за фарми со ветерници и соларни фарми, како и Данска која е лидер во користењето на енергијата на ветерот и се смета за еден од најчистите енергетски системи во Европа. Исто така и Грција и Шпанија значително ги намалија емисиите на јаглерод и го зголемија енергетскиот капацитет преку соларни проекти користејќи вакви грантови.

ЕУ има развиено неколку програми кои го вклучуваат и Западен Балкан во борбата за одржлива енергетска иднина. Програмите како што се ИПА и Инвестициска рамка за Западен Балкан обезбедуваат финансиска и техничка поддршка на проекти од областа на обновливите извори на енергија. Исто така, Зелениот план за Западен Балкан дава дополнителни можности за развој на зелена инфраструктура и модернизација на енергетскиот систем. Овие грантови се клучни за намалување на зависноста од фосилни горива и за постигнување еколошки цели, а во исто време ги поддржуваат земјите од регионот да го забрзаат својот пат кон членство во ЕУ. Пристапот до овие средства може да придонесе за развој на локалните економии, намалување на притисоците врз животната средина и постигнување на глобалните цели за одржливост. За земјите од Западен Балкан, овие грантови се вредни ресурси за модернизација на енергетскиот сектор и интеграција во европската економија и политиката за заштита на животната средина.

И Македонија досега користела неколку грантови од ЕУ за проекти поврзани со обновливи извори на енергија и еколошка одржливост. Преку различни фондови на ЕУ, како што се Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и  ВБИФ (Инвестициска рамка за Западен Балкан), Северна Македонија доби поддршка за проекти кои ја подобруваат енергетската ефикасност и развиваат инфраструктура за обновливи извори. Еден пример е проект за подобрување на енергетската ефикасност во јавните згради, како и иницијативите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во индустријата и транспортот. Исто така, ЕУ поддржа проекти за развој на соларна енергија и воведување на ветерни електрани, со што се зголеми капацитетот на Северна Македонија за производство на чиста енергија. 

Овие инвестиции се дел од пошироката стратегија на ЕУ за Западен Балкан, која има за цел да му помогне на регионот да се усогласи со стандардите на ЕУ во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој. Со поголема искористеност на ваквите грантови Македонија може многу побрзо да ги реализира поставените целите за енергетската транзиција, намалување на зависноста од увоз на енергија и зајакнување на инфраструктурата на обновливи извори во земјата.

Advertisement

Македонија

Анита Тополова-Исајловска ја презема функцијата на државен јавен обвинител

Анита Тополова-Исајловска ќе ја преземе функцијата вршител на должноста државен јавен обвинител, откако Љупчо Коцески поднесе неотповиклива оставка.

Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја избра Тополова-Исајловска, која беше единствениот предлог за оваа клучна позиција во обвинителството. Таа доаѓа од местото заменик јавен обвинител, носејќи со себе искуство и континуитет за највисоката јавна функција во обвинителската служба.

Continue Reading

Македонија

Расте бројот на заболени од грип во Македонија

vila

Во периодот од 8 до 14 декември, здравствените власти регистрираа вкупно 126 случаи на грип и заболувања слични на грип во Република Северна Македонија. Ова претставува алармантно зголемување од 31,3% во споредба со претходната недела, што покажува дека сезоната на грип полека, но сигурно ја зазема својата динамика.

Епидемиолозите предупредуваат на потребата од зголемена внимателност, редовно миење на рацете и избегнување на големи групи луѓе, особено за ранливите категории – децата, постарите и хронично болните.

Continue Reading

Македонија

Мурати и Лесковица ја туркаат ДУИ на стаклени нозе: Темелите се скапани, реформите исчезнати

Конгресот на ДУИ, кој беше најавуван како почеток на длабоки реформи, предизвика силни реакции од поранешни високи функционери на партијата. Поранешни вицепремиери, министри и други раководители остро го критикуваа процесот, оценувајќи го како „фасада“ и „прикажан авторитаризам“, во кој меритократијата и заслугите биле запоставени.

Фестим Халили, поранешен вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор, му честиташе на Али Ахмети за новиот мандат, но потенцираше дека ова е „момент за длабоко морално размислување“. Според него, многу интелектуалци се соочиле со „тивки попречувања“, додека на клучни позиции, особено во Тетово, биле поставувани поединци без значајни заслуги. „Партијата која сака да остане релевантна мора да ја врати меритократијата и заслугите како основен принцип и да создаде простор за оние кои се докажале со дела, а не со сервилност“, изјави Халили, критикувајќи го недостатокот на одговорност за четирите последователни изборни циклуси со загуби.

Валмир Азири, поранешен државен секретар за култура, го опиша конгресот како „претстава со организирани ракоплескања“. Тој истакна дека новите членови не се резултат на демократија, туку на внатрешна ротација која се прикажува како промена. „Довербата не се создава во затворени конгреси. Без вистинска одговорност, секој конгрес останува уште едно поглавје од истата потрошена приказна“, изјави Азири.

Ремзи Абдулахи, поранешен заменик-директор на УЈП, директно го нападна процесот на избор на кандидатите, нарекувајќи го „затворање на партијата“. „Кога одлуките се носат во затворени канцеларии без критериуми, се враќаме на менталитетот од комунизмот, каде еден човек одлучува за сите. Тоа е авторитаризам маскиран како реформа“, нагласи Абдулахи.

Линдита Ќазими, поранешна заменик-министерка за образование, остро реагираше поради непоканувањето на конгресот и упати јавни обвинувања против структурите на партијата, најавувајќи дека ќе одговори со дела за да ги „декласира“ оние кои ја исклучиле.

Беким Мурати, поранешен градоначалник на Сарај, ја опиша ситуацијата со метафора за куќа: „Новата фасада не ја спасува куќата од нејзините скапани темели. Овие имиња не беа избрани поради визија, туку за заштита на старото раководство. Ова не е реформа, туку рециклирање“.

Разочарување застана и кај претставниците од Скопје. Поранешниот советник во Шуто Оризари, Илјаз Лесковица, истакна дека градот останал без вистинска тежина во партијата. „Не може да се камуфлира неправдата направена кон Скопје. Денес мнозинството се во чевлите на Изет Меџити, како и пред четири години. Дури ни буквата ‘Р’ не остана од реформите во ДУИ“, рече Лесковица.

На конгресот, Арбер Адеми беше избран за генерален секретар на ДУИ, додека Фатон Ахмети премина во улогата потпретседател. Бујар Османи и Арбана Пашоли остануваат потпретседатели, а Еркан Арифи и Арта Билали-Зендели се нови потпретседатели. Неби Реџепи го замени Блерим Беџети како организациски секретар, додека во централното претседателство беа избрани 18 нови членови.

Сепак, според поранешните функционери, овие промени се повеќе симболични отколку суштински, оставајќи ги старите структури и стилови на раководење нетакнати.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг