Директорот на Детската клиника д-р Реџеп Мемеди, на денешната прес конференција истакна дека клиниката е со многу инфраструктурни, наталожени проблеми, а дел од нив навистина се сериозни.
Кујната каде се спрема храна за деца и бебиња е во комплетно амортизирана состојба, со инвентар кој е повеќе од 20 години стар, и е тешко да се одржува по стандарди со простории кои се руинирани. И замислете, во вакви простории на Детска клинка со години се спрема храна за деца, рече Мемеди и праша дали тоа е безбедно.
Тој ја покажа и пумпалната станица со неколку пумпи за вода, кои секојдневно прават дефекти, па Детската клиника секоја недела има недостаток на вода.
– Замислете денеска да имаме пожар некаде горе по катови, ние немаме притисок за гасење пожар, рече Мемеди и додаде дека ова е високоризичен момент.
Тој вели дека бара решенија, а институциите да се занимаваат со тоја кој е виновен и што треба да се преземе за да се подобри состојбата. И за пумпалната станица вели дека ќе се реновира и ќе се направи комплет нова изолација.
ЕЛЕКТРО-МОНТЕРИ ВО ТЕТОВО, КУМАНОВО И КИЧЕВО (М/Ж) Работни задачи:
Исклучуванье и повторно вклучуванье на корисници на дистрибутивната мрежа Отчитуванье на податоци од броила Контрола на приклучоци и мерни места Замена на броила на корисници Прием, обработка, чуванье, ажуриранье, средуванье на документациа Помош при отстрануванье дефекти Откриванье и приавуванье неправилности на електроенергетски обекти и броила Потребни компетенции:
IV степен електротехничко образование – Енергетика Возачка дозвола, Одговорност Тимска работа Комуникативност Флексибилност За предност ке се сметаат квалификации за работа под напон, стручен испит за ракуванье со енергетски уреди и построки и компутерски познаваньа Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуциа, на jobs@evn.mk испратете куса биографиа и мотивационо писмо надоцна до 21.01.2025. Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраканье на Вашата апликациа согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутациа и селекциа. Повеке информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк https://www.evn.mk/TopMenu/Career.aspx
Министерот за правда Игор Филков најавува дека Министерството за правда наскоро ќе излезе со кратко законско решение за измени во постоечкиот Кривичен законик, со кое, како што нагласува, треба да се отстранат штетните последици од законските измени на КЗ од 2023 година.
-Дефиницијата на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластувања“ е од суштинско значење за функционирањето на правосудниот систем, но, исто така, и за борбата против корупцијата и злоупотребата на јавните функции. Согласен сум дека сегашниот опис на ова кривично дело може да создаде прашања во однос на примената, особено кога станува збор за неговата широкоприменливост и потенцијалoт за злоупотреба во контекст на политички мотивирани постапки, вели Филков во интервју за Плусинфо.
Според него, она што е клучно е да се обезбеди јасна и прецизна дефиниција, која не само што ќе ја одреди злоупотребата на службената положба, туку и ќе ги минимизира ризиците за нејзината злоупотреба за политички или други неосновани цели. Токму затоа, нагласува, важно е да се направи разграничување помеѓу реалните кривични дела и нормите кои се користат за да се изврши недозволен притисок врз поединци.
-Како решение за ова прашање, Министерството за правда работи на кратко законско решение за измени во Кривичниот законик, со коi треба да се отстранат штетните последици од законските измени на КЗ од 2023 година. Тенденцијата е унапредување на одредбите за законските битија и заострување на казнената политика, преку зголемување на постојните казни за кривичните дела „ злоупотреба на службена положба и овластувања“. Се планира и проширување на опфатот на кривичните дела за проширената конфискација, како и вградување на некои нови кривични дела кои се резултата на современото општество и технологија. Но за тоа многу скоро ке се излезе со целосно оформено законско решение пред Владата на РСМ”, вели министерот за правда.
Во однос на новиот Кривичен законик, Филков очекува тој да биде донесен во 2025 година.
-Нашата цел е да имаме ефикасен и современ Кривичен законик, кој ќе биде одговор на потребите на општеството и на правосудниот систем. Очекувам новиот Кривичен законик да биде донесен во 2025 година. Тој е преведен на англиски јазик, а се привршува и процесот на подготовка на коресподентните табели, како обврска од билатералниот скрининг за Поглавјето 23. Новиот Кривичен законик треба да биде усогласен со европските политики во сферата на борбата со организираниот криминал и корупцијата. Целото наше законодавството ќе биде усогласено со важечките директиви и меѓународни конвенции, за што неопходно е обезбедување на позитивно мислење од Европската комисија, вели тој во интервјуто.
Што се однесува до новините кои би можеле да се очекуваат во Кривичниот законик, министерот за правда нагласува дека тоа ќе бидат промени кои ќе ги модернизираат и унапредат постоечките процедури, како и појаснување и детално регулирање на одредени кривични дела.
-Едно од клучните прашања е унапредување на санкциите за тежок криминал, особено за економски криминал и корупција, што е во согласност со напорите за борба против корупцијата и организираниот криминал. Дополнително, има нови кривични дела кои се однесуваат на финансиските кривични дела, вклучувајќи пракса на конфискација на имот стекнат со кривични дела, што ќе придонесе за поголема ефективност на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Исто така, треба да се нагласи дека новиот Кривичен законик ќе биде дизајниран така што ќе се зголеми правната сигурност и ќе се подобри заштитата на човековите права, особено во делот на процесните права на обвинетите и осудените лица”, потенцира министерот за правда, Игор Филков.
Во интервјуто, министерот Филков говори и за црната листа на САД, за реформите во Судскиот совет, затворите, потребата од нов Закон за помилување, борбата против корупцијата.
Гренланд, најголемиот остров во светот, деновиве беше во центарот на вниманието на јавноста бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би било добра идеја САД да го купат.
Тоа предизвика бројни реакции, пред се од данските власти, бидејќи Гренланд се смета за автономна данска територија.
Можеби ќе ве интересира
Додека дипломатите дебатираат за овој контроверзен предлог, можеме да потсетиме на неколку интересни факти за арктичкиот остров.
Географски, Гренланд е дел од Северна Америка, но се смета за европска територија. Од 9 век, со неа владеат две колонијални сили – Норвешка и Данска.
Гренланд најмногу се потпира на риболов, а Данска значително придонесува во нејзиниот буџет – најмалку 60 проценти.
Областа е исто така богата со нафта, гас и ретки минерали.
Континуираниот ден таму трае два месеци, а 80 отсто од островот е покриен со вечен мраз, кој во некои делови е дебел околу четири километри. Сепак, ова се менува и поради глобалното затоплување.
САД долго време го гледаа Гренланд како стратешки важна точка и воспоставија база таму за време на Студената војна.
Најголемиот остров на светот
Гренланд зафаќа површина од 2,16 милиони квадратни километри, вклучувајќи неколку острови лоцирани во близина на брегот.
Иако само мал дел од островот не е покриен со мраз, тој сепак е со големина на Шведска.
Гренланд е дом на околу 56.000 луѓе, што го прави една од земјите со најмала густина на население.
Порано беше навистина зелено.
Со поголемиот дел од нејзината територија покриена со снег и мраз, арктичката нација ја зрачи белата боја.
Но, како Гренланд го доби името „Гренланд“? Кога Ерик Црвениот, исландски убиец, бил протеран на островот, тој го нарекол зелен со надеж дека ќе привлече доселеници.
Сепак, според научниците, Гренланд некогаш бил навистина зелен, иако тоа било пред повеќе од 2,5 милиони години.
Една нова студија откри дека античката земја била замрзната милиони години под околу 3 километри мраз.
Гренланд е автономна земја во рамките на Кралството Данска. Иако е поблиску до Северна Америка, тој е политички и културно поврзан со Европа веќе еден милениум.
Данска има колонија на Гренланд од 1721 година, а таа стана дел од таа земја дури во 1953 година.
Подоцна, постепено им беа дадени поголеми овластувања, а според новата структура, Гренланд може да преземе поголема одговорност. Се очекува и во иднина да се одржи референдум за независност.
Историја долга 4.500 години
Историчарите тврдат дека првите луѓе пристигнале на Гренланд околу 2500 година п.н.е. Група доселеници наводно умрела таму, а подоцна биле наследени од други групи од Северна Америка.
Исланѓаните почнале да се населуваат на почетокот на 10 век, но и тие исчезнале до крајот на 15 век.
Инуитите пристигнале на Гренланд од Азија во 13 век, а нивната лоза преживеала до денес. Повеќето од денешните жители се директни потомци на тие доселеници и сè уште почитуваат некои вековни обичаи.
88 проценти од населението се Инуити или луѓе со мешано данско и инуитно потекло.
Тие не сакаат да ги нарекуваат Ескими, туку Инуити или Калаалити бидејќи зборот Калалит на нивниот јазик значи Гренланѓанец.
На Гренланд нема патишта.
Иако зафаќа површина од 2,16 милиони квадратни километри, таму нема патишта или железнички системи.
Има патишта во градовите, но тие завршуваат во предградијата.
Патувањето меѓу градовите е со авион, брод, хеликоптер, моторни санки или санки со кучиња.
Чамците се најпопуларно превозно средство, па така во лето можете да видите голем број локални жители кои крстарат по фјордовите.
Риболов и ловење китови
Главната индустрија на Гренланд е риболовот. Земјата увезува речиси сè освен риба, морски плодови и други животни што може да се ловат на островот, како китови и фоки.
Секоја административна единица има одредена квота кога станува збор за лов на китови, фоки и риби, за да не се загрозени видовите.
Синиот кит не смее да се лови бидејќи е заштитен, а неговото месо и месо од фоки не може да се извезуваат, туку може да се консумираат само локално.
Живописниот главен град
Речиси една четвртина од населението живее во главниот град Нукуалофа. (Нук). Тој е најголемиот град и содржи бројни музеи, интересни кафулиња и бутици.
Се препорачува посета на Националниот музеј на Гренланд, Музејот на уметност Нук, Домот на културата Катуак…
Градот е опкружен и со мрежа од фјордови, па затоа се популарни и екскурзии во природа.
Полноќно сонце
Сонцето не заоѓа од 25 мај до 25 јули и во тој период е видливо на небото. Полноќното сонце е интересен природен феномен кој секој треба да го доживее барем еднаш во својот живот.
Најдолгиот ден во годината, 21 јуни, е национален празник – кога мештаните се собираат на сонце и уживаат во скара.Еуправозато