Connect with us

Македонија

МИЦКОСКИ: Владеењето на ДУИ во изминативе две децении придонесе за иселување на 150 илјади Албанци од земјава

Премиерот Христијан Мицкоски порача до пошироката јавност и медиумите да не ѝ придава важност на реториката со која се служи ДУИ. Тој изјави дека таа ќе биде уште пожестока во периодот што следи, во одговорот на новинарско прашање, за коментар околу последното соопштение во кое се наведува дека актуелната владина коалиција врши егзодус на албанците од државните институции.

Тој смета дека со придавање на значење на таквата реторика, тоа не носи добро на граѓаните.

Ова ги иритира и граѓаните и нашите партнери во меѓународната заедница. Ова работа не треба да се поедноставува. Има случаи во МВР на припадници на одредени политички партии и со различна етничка припадност ја злоупотребиле својата положба и незаконски издавале дозволи за оружје и друг тип на документи. Нормално, тие се санкционирани, рече премиерот.

Тој очекува негативната реторика да се засилува, да биде пожестока и поиредентистичка.

Како што ќе стигнуваме поблиску до криминалците, таа реторика ќе биде пожестока и позасилена. Со првите притворувања и судски процеси овие напади ќе бидат уште позасилени. Ова е борба со криминалот која претходно ја најавив. Некои работи, можеби поспоро одат, но правдата е спора, но доаѓа, рече Мицкоски.

Тој смета дека во ДУИ за да ги заштитат имотите кои ги стекнале нивни членови или блиски до партијата ја користат оваа алатка и побара да се не дава значење во јавноста.

Мицкоски смета дека владеењето на ДУИ во изминативе две децении придонело за иселување на 150 илјади етнички Албанци од земјава.

Advertisement

Македонија

Згасна позната телевизија во Македонија – престана да емитува програма

Македонскиот телевизиски етер остана посиромашен за еден канал. Телевизија Сонце, која години наназад емитуваше програма со национална концесија преку кабелските оператори, престана со работа.

Гледачите кои се обидуваат да го најдат каналот сведочат за „црн екран“ или известување дека нема сигнал.

ТВ Сонце беше препознатлива по својата специфична програмска шема, фокусирана на македонската историја, културното наследство и прашањата поврзани со македонската дијаспора. Телевизијата беше основана од бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Останува непозната и судбината на вработените во овој медиум.

Continue Reading

Македонија

Македонија и Турција ја зајакнуваат соработката во образованието и науката со нов договор

makedonija turcija

Македонија и Турција отвораат ново поглавје во билатералната соработка во образованието, науката, технологијата и иновациите. Министрите за образование и наука, Весна Јаневска и Јусуф Текин, потпишаа договор со кој се зајакнува партнерството меѓу двете земји и се создава основа за интензивна размена на знаење, искуства и кадар.

Со договорот се предвидува размена на информации и научни публикации во областа на формалното и неформалното образование, како и поттикнување на мобилноста на академици, образовни експерти, наставници и средношколци. Посебен акцент е ставен на средното, особено стручното образование, обуката и квалификациите на наставниот кадар, доживотното учење и реализацијата на заеднички образовни проекти.

Двете држави ќе разменуваат искуства и во примената на нови образовни технологии, како и во подготовката и унапредувањето на наставните планови и програми. Учениците ќе добијат можност да учествуваат на научни и културни натпревари што се организираат во Македонија и Турција, а ќе се поттикнува и развојот на заеднички образовни програми и збратимување на училишта.

Како дел од договорената соработка, во двете земји ќе се воведат изборни предмети „Јазикот и културата на Турците“, односно „Јазикот и културата на Македонците“, а предвидено е и меѓусебно стипендирање на средношколци.

За ефикасна примена на договорот ќе биде формирана заедничка работна група, која ќе го следи и координира спроведувањето на договорените активности.

Continue Reading

Македонија

Неработни денови и продолжени викенди во јануари 2026

Празничната атмосфера продолжува и во првиот месец од новата година, а јануари носи неколку неработни денови кои овозможуваат подолг одмор и полесно планирање на работните обврски.

Новата година започнува со 1 јануари, кој е неработен ден и паѓа во четврток. Веќе во петок, на 2 јануари, следи кратко враќање на работа, по што доаѓа викенд пауза. Понеделник, 5 јануари, е работен ден, а потоа следуваат 6 и 7 јануари, кога се празнуваат Бадник и Божиќ, кои се неработни денови. На работа повторно се враќа на 8 јануари.

Јануари не завршува тука со празниците. На 19 јануари, понеделник, се празнува Богојавление – Водици, кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Дополнително, за припадниците на српската заедница, неработен ден е и 27 јануари, кога се одбележува празникот Свети Сава.

Со ваквиот распоред, јануари нуди неколку можности за продолжени викенди и кратки одмори, што многумина веќе ги користат за планирање на слободното време.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг