Connect with us

Скопје

На Данела не може да ѝ се погоди ниту еден директор: Разрешен директорот на Улици и Патишта, Ванчо Умлевски

Published

on

Арсовска го разрешила и најновиот директор на ЈП Улици и патишта, Ванчо Умлевски кој на функцијата беше нецели пет месеци. За период од три години, Данела Арсовска сменила над 30 директори на јавни претпријатија, но и тројца секретари.

Јавните претпријатија во Скопје ги менуваат директорите на секои неколку недели. Градоначалничката на Град Скопје нема компас, а за тоа говори и фактот дека директорите се менуваат на секои неколку недели.

Од кога дојде на позицијата градоначалник Данела Арсовска не знае на каде тера, а јавните претпријатија како: Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), ЈП Паркови и Зеленило и ЈП Улици и патишта постојано ги менуваат своите директори.

Како што утрово објави Скопје1, Арсовска го разрешила и најновиот директор на ЈП Улици и патишта, Ванчо Умлевски кој на функцијата беше нецели пет месеци.

Граѓаните на социјалните мрежи ја критикуваат Арсовска за честите промени. Граѓаните револтирани за секојдневните проблеми, а најмногу забелешки има за јавниот превоз. За период од три години, Данела Арсовска сменила над 30 директори на јавни претпријатија, но и тројца секретари.

Скопје

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, додели 1 милион денари финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Published

on

На вонредната седница на Советот на општина Чаир беше усвоен предлогот за доделување на 1 милион денари за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. Овој чин претставува израз на солидарност и заложба на заедницата во Чаир за поддршка на оние на кои им е најпотребна по трагичниот настан. Градоначалникот Висар Ганиу ја нагласи важноста на оваа одлука и потврди дека Чаир ќе продолжи да биде покрај оние што се соочуваат со тешки времиња.

Ганиу истакна дека ова е само почеток на ангажманот за обезбедување поддршка и дека е важно секој граѓанин да се чувствува поддржан од институциите и заедницата.

„Почестен сум што можеме да дадеме придонес за помош на овие семејства и убеден сум дека ова е само првиот чекор. Чаир ќе продолжи да биде покрај овие луѓе во секој момент за да ги поддржи во овие тешки времиња. Непоколебливо ќе продолжиме со нашата заложба за обезбедување поддршка и за тоа секој граѓанин да се чувствува поддржан и ценет од заедницата и институциите што ги претставуваат“, напиша Ганиу.

Continue Reading

Скопје

Муслиманите од Скопје ги канат семејствата на повредените на ифтарска вечера во Чаир

Published

on

Муслиманите од Скопје ги поканија семејствата на повредените од трагедијата во Кочани, кои се наоѓаат во Скопје, да им се придружат на ифтарска вечера во паркот во Чаир.

„Ги покануваме и семејствата на сите лица кои беа погодени од трагедијата што се случи во Кочани да ни се придружат на ифтарската софра во паркот на Чаир, доколку се наоѓаат во болниците во Скопје“, напиша Нусрет Куртиши на својот Фејсбук профил.

Continue Reading

Скопје

Уапсени двајца 18-годишници кои славеа со огномет синоќа во Скопје

Published

on

Вчера околу 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на 18-годишните М.Ф. и М.Ф., двајцата од Скопје, бил запален огнометот.

Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк