Прекин во Букурешт: Косовските фудбалери го напуштија теренот по навреди од трибините
Натпреварот меѓу Романија и Косово заврши со инцидент во судиското надополнување, кога домашните навивачи скандираа „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“. Ова предизвика тензии на теренот, по што играчите и стручниот штаб на Косово одлучија да го напуштат натпреварот.
Ривалството меѓу двете репрезентации се покажа и во претходниот дуел во Приштина, каде Романците не беа топло пречекани. Според првичните информации, мечот може да биде регистриран со нерешен резултат 0-0, што би значело Б-дивизија за Романија и разигрување за Косово. Сепак, постои можност натпреварот да заврши со службена победа на Романија од 3-0 поради прекинот. Останува одлуката на дисциплинските органи.
https://x.com/kos_data/status/1857558121587105944?s=46&t=vTyGSpkk2_wOQuFz-saisg
