Connect with us

Македонија

Прва тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судскиот совет

Published

on

Министерството за правда на Република Македонија денеска организира тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет. 

Настанот, кој се одржува во Клубот на пратеници во Скопје со почеток во 10 часот, е дел од најавените реформи во правосудството на новата Влада.

Министерот за правда, Игор Филков, вчера истакна дека измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за напредокот кон ЕУ. 

– Почнуваме со стручните дебати за нацрт измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет подготвен од страна на работната група, формирана од страна на Министерството за правда. Ова ќе биде еден од неколкуте настани кои што ќе следат периодов. Планирано е некаде до крајот на декември да го завршиме процесот, што значи дека ќе имаме една дебата неделно. Очекувањата се големи. Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на законот за судскиот совет, рече министерот Филков на вчерашната дебата „Платформа: 100% посветени за тебе“ на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“.

Во однос на најавените консултации за реформи на Судскиот и Јавно обвинителскиот совет, од Владата за МИА претходно посочија дека реформите вo правосудниот систем од предизборно ветување станаа дел од владината програма 2024-2028 година, конкретно во глава II-Фонд против корупција.

– Владата се залага за системски решенија, за трансформирање на правосудните органи во вистински, транспарентни, одговорни и ефикасни институции. Сериозно сме посветени и остануваме на идејата за носење на решенија кои ќе бидат темел на едно нормално демократско општествено. Со цел донесување на одржливо решение повикавме на расправа и побаравме инклузивност, за што до денес немаме таква состојба на повидок. Па оттука сосема логично е прашањето дали од распуштањето на овие институции има многумина загрижени субјекти? Важно е да се знае дека доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, посочија од Канцеларијата на портпаролот на Владата.

Воведни обраќања на денешниот настан ќе има министерот за правда, Игор Филков и Диетер Шиндлауер, раководител на тим на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Потоа, академик Владо Камбовски ќе одржи презентација на процесот на изработка на нацрт измените и дополнувањата на Законот за судски совет, по што ќе следува дискусија.

На дневниот ред од настанот се и дискусии за услови и постапка за избор на членовите на Судскиот совет, мандат и одговорност на членовите на Судскиот совет, постапка за утврдување дисциплинска одговорност на судија вклучувајќи и постапка по жалба и останати проблеми и предизвици кои треба да се адресираат во Законот за судскиот совет.

Целта на настанот е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, подготвени од страна на работна група во рамки на Министерството за правда. 

Тркалезната маса е првата од неколкуте настани за консултирање на стручната јавност кои Министерството за правда планира да ги организира со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет.

Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет.

Настанот, како што информираат од МП, е во соработка и со поддршка од проектот ,,Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Македонија

Пеачот Силјановски: Катастрофално невреме во Кочанско

Published

on

Катастрофално невреме ја зафати областа на Кочанско, каде што врнежите од град предизвикаа сериозни проблеми на патиштата. Познатиот македонски пеач, Спасен Силјановски, беше еден од сведоците на оваа природна непогода.

На видеото кое го објави на социјалните мрежи, јасно се гледа отежнатиот сообраќај на патот.

Полицијата упатува апел за внимателно возење и избегнување на потенцијални незгоди во овие услови на патиштата.

Возачите треба да бидат особено внимателни за да се избегнат несреќи и дополнителни проблеми

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

Ограбена фабрика во која имало канабис

Published

on

Ограбена е фабрика за одгледување на канабис во во с.Радање, Општина Карбинци.

– На ден 28.03.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип е пријавена кражба на стебла од запленет канабис. Извршен е увид на лице место и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Фабриката од 05.03.2025 година ја обезбедуваат полициски службеници од ПС ОН – СВР Штип. Инаку, во последните месеци не се евидентирани ниту пријавени било какви кражби во фабриката за одгледување на канабис за медицински цели лоцирана во с.Радање, Општина Карбинци,соопштуваат од МВР.

Continue Reading

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Силен град ја зафати источна Македонија, погледнете каква е состојбата на автопатот Миладиновци-Штип

Published

on

После убавото сончево време во кое уживавме на почетокот и средината од Март, Македонија беше зафатена од интензивни врнежи од дожд кои денес на одредени места резултираа и со силен град.

Нашите читатели ни испратија видео од состојбата на автопатот Миладиновци-Штип.

Каква е состојбата на автопатот Миладиновци-Штип, погледнете во продолжение:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк