Connect with us

Балкан

Снегот пристигна во Македонија, а Лерин е покриен со бела покривка.

Published

on

Лерин е покриен со снежна покривка, создавајќи зимска идила која изгледа како слика од бајка. Спокојството на снежните улици и мирисот на зимскиот воздух создаваат совршен амбиент за уживање во природата. Домови со пуштени огани и згужвани чадори даваат чувство на топлина во овој студен, но магичен зимски ден.

https://www.facebook.com/share/v/1Dg1RWR31J/

Балкан

Стејт департментот одобри потенцијален договор со Грција за продажба на мотори за Ф-16

Published

on

– Стејт департментот на САД одобри потенцијален договор со Грција за продажба на мотори за авионите ловци Ф-16 во вредност од 160 милиони долари.

Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка денеска ја достави потребната потврда со која го известува Конгресот за оваа можна продажба.

Како што соопшти Пентагон, главен изведувач ќе биде компанијата „Џенерал електрик“.

Continue Reading

Балкан

Приведен хрватскиот министер за здравство, истрага и за познат доктор

Published

on

Хрватската полиција утрово во акција по наредба на Одделот за сузбивање на корупцијата и организиран криминал (УСКОК) го уапсила министерот за здравство Вили Берош, јавуваат хрватските медиуми.

Според неофицијални информации, уапсен е и директорот на Клиниката за неврохирургија.

Станува збор за финансиски малверзации со набавка на микроскопи.

Од УСКОК ја потврдиja акцијата.

„Апсењата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагите кои претходно ги спроведе УСКОК. Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела. По распитот на осомничениот УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што навремено ќе ја информира јавноста“, соопшти УСКОК.

Познатиот загрепски адвокат Љубо Павасовиќ Вишковиќ за Јутарњи потврди дека директорот на Клиниката го ангажирал како бранител, но не сакаше да коментира зошто неговиот клиент е уапсен.

Претходно државниот секретар во Министерството за здравство Томислав Дулибиќ во емисијата на хрватското радио „Полиграф“ изјави дека не знае зошто полицијата упаднала во куќата на министерот Берош.

Полицијата утрово изврши претрес на адресата на министерот Берош.

Според првите информации, освен министерот, цел се и неколку високи лекари, меѓу кои и директори на некои болници.

Continue Reading

Балкан

Минималната плата се зголемува од 300 на 600 евра

Published

on

Минималната плата во Федерацијата БиХ во моментов е 619 марки (околу 310 евра).

Федерацијата Босна и Херцеговина воведува фискални реформи кои ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, речиси двојно повеќе од сегашната.

Со новиот сет закони, работодавачите ќе бидат ослободени од дел од придонесите, со што се очекува позитивно влијание врз економијата и намалување на црниот пазар.

Премиерот Нермин Никшиќ истакна дека реформите ќе го олеснат водењето бизнис и ќе ја зајакнат економската стабилност.

Вицепремиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ, истакна дека, покрај законот за минимална плата, Владата ќе донесе и регулатива за приходите на работниците со цел да се обезбеди соодветна заштита на оние со приходи под сегашниот минимум. Минималната плата во Федерацијата БиХ во моментов е 619 марки (околу 310 евра).

Покрај минималната плата од 1.200 марки, се планира и закон за фискализација, кој ќе воведе централен систем за контрола на финансиските трансакции, насочен кон спречување на даночно затајување и заштита на работниците со пониски приходи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк