Connect with us

Македонија

Спасовски за отказите: Тошковски удри по професионалците во МВР

Published

on

Не треба да се удира по професионалците во МВР, ВМРО-ДПМНЕ врши дискриминација врз полициските службеници кои биле на високи функции за време на претходната власт- поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски.

Не треба да се удира по професионалците во МВР, ВМРО-ДПМНЕ врши дискриминација врз полициските службеници кои биле на високи функции за време на претходната власт- поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски со осуда за отказите за незаконско издавање на оружје. Според него потегот на неговиот наследник Тошковски е реваншизам и партизирација на министерството, наменски за да го затскриел случајот со бомбата во Керамидница во домот на Раде Трајковски Штекли.

-Апсолутно е недозволено да овие луѓе бидат понижени, иако досега не биле ниту казнувани ниту дисциплински гонети, сите се со Сертификати, некои од нив имаат и НАТО сертификати и сосема совесно, чесно и одговорно ја вршеле својата работа. Недопустливо е на ваков начин да се врши таков притисок и сеење на страв кај сите вработени во МВР преку ваквите случаи,- Оливер Спасовски – поранешен министер за внатрешни работи.

Спасовски го обвини Тошковски и дека воопшто не се справувал со криминалните структури. Вели дека многу често се случуваат престрелки и убиства низ скопските улици, а актуелниот министер не преземал мерки туку го обвинувал него за наследена состојба од минатото.

-Зошто за неколку месеци ни се случуваат 25 вооружени инциденти во коишто имаме ранети, убиени граѓани.. Прашање е зошто овие настани се случуваат и токму овие криминални банди добиваат на значење, на сила, токму во овој временски период?- Оливер Спасовски – поранешен министер за внатрешни работи.

За иницидентот кој вчера рано утрината се случи во домот на Штекли полицијата засега не открива нови детали во интерес на истрагата. Познато е само дека се прибираат видео снимки и други докази за да се пронајде лицето кое ја поставило бомбата во неговиот дом, кадешто од експлозијата Раде Трајковски Штекли беше повреден.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Зајакнување на Македонско-Турската Стратешка Соработка

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со Фуат Октај, претседател на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Турција, при што беа афирмирани традиционално одличните македонско-турски односи.

„Очекуваме проширување, интензивирање и продлабочување на соработката во интерес на граѓаните на двете држави“, истакна Сиљановска-Давкова.

Таа ја изрази својата поддршка за формирањето на Високиот совет за турско-македонска стратешка соработка, оценувајќи го како неопходен правно-институционален механизам кој ќе гарантира успешна и долгорочна билатерална соработка.

Оваа средба претставува уште еден значаен чекор кон зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во духот на заеднички интереси и пријателство.

Continue Reading

Македонија

БОЖИНОВСКА: СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

Published

on

На вчерашното гостување на поткаст на тема „Жените во енергетиката“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска  истакна дека во текот оваа година, Скопје ќе биде домаќин на меѓународен настан во организација на регионална комисија на Обединетите нации. На овој настан се очекува присуство на повеќе од 500 експерти од светот на енергетиката, а министерката ќе ја искористи можноста да организира настан, панел дискусија со наслов жени во енергетиката.

На прашање како да се охрабрат жените да земат поголема улога во енергетиката, рударството и минералните суровини, министерката Божиновска истакна „Во 2008 година кога соработував со земјите од регионот, само во Грција и Босна и Херцеговина имаше жени на раководни места. 15 години подоцна половина од државите во овој регион веќе има жени на клучни позиции. Гледам голем просперитет. Во Србија, министер за енергетика е жена, во Албанија, министер за енергетика и вицепремиер е истотака жена, а и во Косово има министерка за енергетика.“.

Во текот на изминатиот период Божиновска била присутна на доделувањето на инжинерски прстен, кој се доделува под покровителство на Претседателката Силјановска – Давкова, и била пријатно изненадена што поголемиот број на добитници биле жени. Истотака, при соработката со електротехничкиот факултет забележала дека поголемиот број од студентите биле жени што е за поздравување. 

Во однос на родовата застапеност во министерството министерката Божиновска потенцира дека „Моментално имаме 74 вработени и 38 од нив сме жени.“.

„Јас сметам дека жените имаат поинаков пристап од мажите. Секогаш ја цитирам Маргарет Тачер којашто кажува дека ако сакате нешто да се зборува викнете маж, меѓутоа ако сакате нешто да се сработи викнете жена“ – изјави Божиновска. 

Според досегашното искуство од работењето на Министерството кај жените раководители има поинаков пристап, со повеќе разбирање и повеќе можности за поинаку да се пристапи на проблемот. 

Пред гостувањето на поткастот, министерката информираше дека одржала состанок со претставничка на ОН и на состанокот имало шест присутни и сите од нив биле жени и постигнале согласност за многу важни прашања и заклучиле дека биле многу ефикасни и ефективни, веројатно и поради тоа што се жени.

Continue Reading

Македонија

Ристовски: Брвеница доби ново мултифункционално спортско игралиште

Published

on

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, го пуштија во употреба новото мултифункционално спортско игралиште во Брвеница.

„Брвеница сега има модерно фудбалско игралиште со вештачка трева и трибини за 200 гледачи, како и ново кошаркарско игралиште со полипропиленски под за официјални натпревари. Ова е значаен напредок за спортската инфраструктура во регионот и на целата земја“, изјави Ристовски.

Министерството за спорт продолжува со активни инвестиции во подобрување на спортските услови низ Македонија, инвестирајќи во иднината на македонскиот спорт и создавајќи услови за развој на младите таленти.

„Ова е само еден од многуте проекти кои ја демонстрираат нашата заложба за унапредување на спортската инфраструктура и вложување во иднината на спортот во Македонија“, додаде министерот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк