Connect with us

Македонија

Меџити од Косово: Приоритет на нашата влада е патот кон ЕУ

Published

on

Меџити: Северна Македонија го загуби чекорот кон ЕУ како последица на осумгодишното лошо управување

Во ексклузивно интервју за РТК, првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, ја честиташе Албанија за успешните чекори кон членство во ЕУ, додека ја обвини претходната влада за лошо управување, со што Северна Македонија го загуби чекорот со Албанија.
„Прво, ни е мило што Албанија направи напредок. Второ, посакувам Северна Македонија наскоро да и се придружи на оваа патека. Застојот на Северна Македонија во оваа насока е резултат на лошото управување во изминатите осум години од оние кои денес се дел од опозицијата“, изјави Меџити.
Според Меџити, еден од клучните услови за Северна Македонија да стане дел од ЕУ е внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот на РСМ, но и реформите во судството и спроведувањето на другите препораки од меѓународната заедница, за кои актуелната влада се труди да ги реализира.
Тој изјави дека приоритет на оваа влада останува патот кон Европската Унија.

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за формирање на Совет за млади, како повремено работно тело кое ќе ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите со цел да се унапреди нивната положба во општеството.

Советот за млади, кој се формира во пресрет на 17 ноември, Меѓународниот ден на студентите, се состои од претседател и 19 члена, а во неговата работа можат да бидат поканети да земат учество и научни и стручни работници, претставници од научни образовни установи, младински и студентски здруженија, како и претставници на организациите на стопанствениците од земјата.

За претседател на Советот за млади е именувана Лина Рангелова, а за членови на советот се именувани Кети Костовска, претставник од Министерство за образование и наука, Кристина Антовска, претставник од Министерство за социјална политика, демографија и млади, Ивана Митреска, претставник од Министерство за спорт, Драгана Бојковска, координатор на Клуб за младински прашања и политики, Арта Ќерими, Александар Каратошо, Марија Крстева, Дамјан Коњановски, Филип Ивановски, Александар Николовски, Ива Трпески, Кристијан Лазарев, Дарко Трајкоски, Доан Сулејманоски, Греса Ќаил, Филип Ивковски, Елена Спасевски, Дениз Мифтари и Христијан Илиевски.

Continue Reading

Македонија

Утрово е почувствуван земјотрес

Published

on

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот бил на 130 километри југоисточно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Continue Reading

Македонија

Уапсен е насилен малолетник: Со нож повредил две деца

Published

on

На 15.11.2024, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско.

Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник од Скопје и дека на 13.11.2024, исто така, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк