Connect with us

Македонија

По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни

Published

on

Во рок од само една година по трет пат се уништува и крши црквата и православните гробишта во долненското село Гостиражни. Деновиве комплетно се искршени и уништени надгробните споменици на 13 од 16 гробови. Жителите велат дека ова никогаш досега не се случуваnо. Инаку Гостиражни е село со мешано население од македонска и албанска етничка заедница.

„Ужас е ова што се прави во селото Гостиражни. Не сум видел никого, не знам кој може да биде. Кој се што се луѓево што го прават ова незнам. Зошто некој би кршел црква и гробови, да вознемирува починати души не знам. Искрено сега мене ми е страв. Кога тие почнале на  умрените, ќе почнат и на живите. Сега со страв идам тука кај камбаната да ја удрам во недела или за празник“, изјави Владо Спасески, клисар во црквата жител на село Гостиражни.

Иако и трите случаи на сквернавење на црквата и гробиштата се пријавени во полиција, направен е увид, но сторителите не се пронајдени.

„Со сите живееме, во селото немало проблеми, кавги немало, како дојде до ова не знаеме. Сум разговарал со луѓе и тие велат кој може да прави вакви работи, ова е грев“, додаде Крсте Крстески, жител на село Гостиражни.

Според Митрополитот Петар пак, во чија Епархија се наоѓа Долени ова биле обиди за заплашување на и онака малкуте Македонци преостанати тука не само во Гостиражни туку и во другите села.

„Притисоци на разни начини со цел и намера за етничко чистење на Македонците од тие села. И ова ќе продолжи. Врз нашата црква таму се врши силен притисок, во селото Пешталево беше договорено да се изгради и црква и џамија во центарот на селото, а сега има 2 џамии, а ниту една црква, иако е мнозинското население е православно македонско. Тогаш кога требаше да го осветиме камен темелникот имаше страшни притисоци и закани со огнено оружје“, изјави Владика Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски.

И жителите на Гостиражни и претставниците на МПЦ бараат поголема ажурност од институциите и разрежување на овие случаи.

Македонија

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во тв гостување неодамна, беше запрашан како се чувствувал кога го видел Сашо Мијалков со луксузно возило во Монте Карло.

„Што да ви кажам сега јас?“, рече тој, додавајќи дека се чувствувал како и секој македонски граѓанин разочарано. Погледнете тука што вели тој.

Continue Reading

Македонија

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН – прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

Published

on

Последниот пост на Раде Трајковски Штекли на Инстаграм беше во Будва на 4 јануари оваа година.

Тој, пред вчера да биде уапсен, ги помина празниците на црногорското приморје. 

Како што е познато, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) потврди дека се лишени од слобода повеќе лица кои се дел од криминална група што се занимава со продажба на дрога.  

Вчера попладнето на повеќе локации се вршеа претреси.

„По наредба на обвинител од ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Може да потврдиме дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога“,се вели во информацијата од ОЈО ГОКК.

Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавија дека ќе има во текот на денешниот ден.

Оваа информација доаѓа откако претходно од Министерството за внатрешни работи потврдија дека е уапсен Раде Трајковски-Штекли кој е осомничен за трговија на дрога и тој наводно предводел група од над десет члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.

Како што е познато, апсењето на Трајковски-Штекли е дел од пошироката операција на МВР, која во изминатиот период резултираше со уапсени десетици членови на криминални мрежи, вклучително припадници на Беланоца, поврзани со повеќе убиства и трговија со дрога.

Полицијата истражува наводи за вмешаност на висок полициски функционер во соработка со скопските наркокланови.

По апсењето на Раде Трајковски-Штекли, кој е осомничен за раководење со мрежа за трговија со дрога, се појави информација дека полицијата одзела мобилен телефон од висок полициски службеник. Се претпоставува дека телефонот би можел да содржи докази за протекување информации кон криминалните групи.

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Македонија

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

Published

on

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 20 до 27 јануари, и тоа барем според моменталните изгледи и излези на Европскиот модел (ECMWF), ќе имаме многу постабилно време со натпросечно високи температури на воздухот, и тие ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината за 3 до 6 степени. Исто така, и врнежите ќе бидат потпросечни, иако во вторник и во среда, на 21  и на 22 јануари ќе имаме услови за локални послаби врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1300, 1400 метри ќе има слаби врнежи од снег, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Ќе биде претежно тивко. Но мора да напоменам дека по котлините ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови, па така во овие котлини ќе имаме  и пониски максимални дневни температури на воздухот.

И во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно време во периодот од 20 до 27 јануари, но во вторник и во среда ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд, а на околните планини ќе има услови за провејување на снег. Ќе биде претежно тивко, а во пониските предели од котлината ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови.

Што се однесува до температурите, тие наутро исто така ќе бидат во пораст  и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, само во почетокот на следната седмица сеуште тие во делови од Македонија, односно особено во Беровскиот регион ќе се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени.

Максималните дневни температури насекаде ќе бидат над нулата и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, но како што напоменав пониски дневни температури ќе има на местата со магла и со ниска облачност. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4  и 3 степени, а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 5  и 9 степени“, објави тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк