Connect with us

Македонија

Жито маркет вработува во Тетово

Published

on

Жито маркет бара Продажен персонал за Тетово

Жито маркет ја објавува потребата за нови членови во тимот! Компанијата бара продажен персонал за својата продавница во Тетово. Ако сте динамична личност со одлични комуникациски вештини и сакате да работите во енергична средина, пријавете се! Заинтересираните можат да аплицираат преку контакт со компанијата.

Македонија

Христос Воскресе – Велигденска радост во сите храмови

Published

on

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Continue Reading

Македонија

Подгответе ги чадорите: Еве какво време ја очекува Македонија следната недела!

Published

on

Под влијание на циклонска активнот со центар над Медитеранот, од понеделник (21 април) па се до самиот крај на следната седмица (недела 27 април) во нашата Републкика Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

И во Скопје и околината во текот на следната седмица ќе има честа појава на повремен дожд, кој во делови од котлината повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност. Температурите и покрај ова нема многу да се менуваат во однос на оние кои ги имаме сега, што значи ќе бидат пролетни, до рано – летни.

Да напоменам дека за време на овој влажен период, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 литри на метар квадратен дожд). Поради ова, можно е ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а можни се и локални поплавувања.

Исто така, апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворено како и под осамени дрвја. Во случај на појава пак на силен ветер, граѓаните да внимаваат каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да не бидат во близина на дрвјата.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Меџити: Почнува претворањето на Вреди во партија со заедничка програма и кандидати за советници на локалните – Не е важно кој ќе биде претседател

Published

on

„Изет Меџити, вицепремиерот и лидер на Демократското движење, во рамки на коалицијата Вреди, најави дека од следната седмица ќе започнат активностите за создавање нов заеднички политички субјект, во кој ќе прерасне коалицијата Вреди. Според него, овој субјект ќе има заеднички штаб, еден информативен центар, заеднички кандидати за локалните избори, заедничка програма, заеднички кандидатски листи за советници во општините, во кои ќе се настапи на локалните избори.“ – пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.

Весникот натаму пренесува: Меџити додаде дека иако се уште не е дефинирана позицијата во врска со локалните избори и градоначалниците, тоа не претставува проблем, бидејќи главната цел е обединување и подобра организација пред локалните избори.

„Јавно можам да кажам дека ги читам гласачите, кои бараат спојување на Вреди во еден субјект… Ниту сум тврдел, ниту тврдам дека сум лидер на Вреди. Мене ме интересира концептот.“, рече тој и нагласи дека успехот на проектот е поважен од поединечните позиции.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк