Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски: “Градиме за поздрава животна средина и развој на спортот и младите”

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави нови планови за развој на општината, акцентирајќи ја важноста на спортот и грижата за животната средина. Според него, општината активно работи на инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат здравјето на граѓаните и ќе обезбедат подобри услови за спорт и рекреација. „Кога се сака, сѐ се може“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека најдоброто за Кисела Вода допрва доаѓа.

https://www.facebook.com/share/v/1AkXtzjzZm/?mibextid=WC7FNe

Македонија

Кинези пешки сакале да влезат во Македонија

Published

on

Од судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од с.Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 01.01.2025 околу 14 часот во близина на границата со Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го затекнале пријавениот како пеш спроведува пет лица од Народна Република Кина.

Од судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор.

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ: 50.000 ПОСЕТИТЕЛИ НА ” ЗИМСКА ПРИКАЗНА ” – ПОДДРЖУВАЧ НА ЛОКАЛНАТА ЕКОНОМИЈА И ПРОМОТОР НА КУЛТУРНИОТ ТУРИЗАМ ВО БИТОЛА

Published

on

Битола ја раскажа својата најубава зимска приказна

Битола оваа зима се претвори во сјајна сцена каде празничната магија оживеа. Со „Зимска приказна“, градот го покажа својот вистински потенцијал како културен епицентар и туристичка дестинација, која не само што го слави празничниот дух, туку директно ја поддржува локалната економија и туризмот.

Како град кој секогаш тежнее кон транспарентност и отчетност, ние ги презентираме бројките и резултатите од оваа манифестација. Ова не е само приказна за празници; ова е приказна за визијата на Битола како град на културата, соработката и економскиот развој.

Вкупната вредност на настаните кои беа дел од програмата за „Зимска приказна“ изнесува 6.185.467,00 денари.

Имајќи предвид дека општината е основач на КИЦ Битола, а дополнително прецизирано и со договор за институционална соработка, од наведените 6.185.467,00 денари, 3.997.982,00 денари, се исплаќаат кон изведувачите од страна на Општина Битола, а 2.187.485,00 денари од страна на Културно – информативен центар Битола.

Во функција на поддршка на локалните угостители, производители на традиционални производи, ракотворби и други производи од храна, општината овозможи изнајмување на 11 куќарки, од што добиен е прилив на средства во општината во износ од 1.019.000 денари.

Културно – информативниот центар (КИЦ) – Битола, воспостави соработка со бизнис секторот, при што склучи договори за спонзорство, а средствата во вкупен износ од 2.299.500 денари исплатени се на КИЦ Битола, додека финансиската поддршка од КИЦ за настаните од програмата изнесува 2.187.485 денари.

КИЦ Битола склучи Договор за соработка со ЈП Паркинзи, во кој е регулирано рекламирањето на спонзорите и вклучувањето на лизгалиштето и Возот „Мечо“ во Зимска приказна.

Дополнително, ЈП Паркинзи преку склучување на Меморандум за соработка воспостави соработка со бизнис секторот, кој со поддршка од 300.000,00 денари овозможи најмладите да другаруваат со омиленото вовче цели 15 дена.

Напоменувам, сите средства од спонзори и поддржувачи се префрлени на сметките на КИЦ Битола и ЈП Паркинзи, согласно меѓусебно правно регулираната соработка.

Клучни податоци за „Зимска приказна“:

  1. Финансиски резултати • Вкупна вредност на програмата на манифестацијата: 6.185.467 денари. • Распределба на трошоци: • Општина Битола: 3.997.982 денари. • Културно-информативен центар Битола (КИЦ): 2.187.485 денари. • Приход од изнајмување на куќарки: 1.019.000 денари. • Средства од спонзорства: 2.298.000 денари (КИЦ).
  2. Локална поддршка и влијание • ЈП Паркинзи, во соработка со бизнис секторот, обезбеди 300.000 денари за лизгалиштето и возот „Мечо“. • Возот „Мечо“ реализираше 1.200 возења, носејќи радост на најмладите. • Лизгалиштето привлече речиси 10.000 посетители со приход од близу 1.000.000,00 денари заклучно со денес – 08.01.2025 година и истото продолжува со работа и следниот период.
  3. Продажба на храна и пијалаци: Над 26.380 порции

Продажбата на храна и пијалаци, вклучувајќи сендвичи, пијалаци и слатки, ја покажува економската активност генерирана од манифестацијата.

Оваа бројка ја нагласува моќта на „Зимска приказна“ да поттикне раст во локалната економија.

  1. Туристички влијанија: Зголемена посетеност • Граничниот премин Меџитлија: • 31.12.2024: 1.519 лица – зголемување од 30% во однос на претходната година. • 01.01.2025: 1.341 лица.

Ова се официјално добиени податоци од СВР Битола од Системот за контрола на лица и возила на граничниот премин Меџитлија на влез во државата
Опис: Ова е јасен показател дека „Зимска приказна“ ја позиционира Битола како регионален центар за празнични настани.

  1. Културни настани: Живот во Битола • Локации: Офицерски дом, Старата битолска чаршија, Плоштад Магнолија, Пацио на Завод и Музеј, НП Пелистер. • Над 50.000 посетители уживаа во различни активности, од музика и театар до ракотворби и храна.

Овие настани ја вратија магијата во Битола, привлекувајќи гости од соседните региони.

Емоции што не се мерат во бројки
Додека статистиката покажува зголемен интерес на веб-страницата и социјалните мрежи, вистинскиот успех на „Зимска Приказна“ се огледа во фотографиите и насмевките што ги споделуваа посетителите. Анкетите покажаа дека најголем дел од жителите на Битола учествувале барем еден ден, а многумина редовно присуствуваа на некој од настаните. Ова беше програма за сите возрасти и вкусови – од пладневни концерти во чаршијата, до парадата на моторџиите Дедо Мразовци и лизгалиштето на плоштадот Магнолија.

„Зимска приказна“ не е само манифестација, туку платформа која ја зацврстува улогата на Битола како лидер во културниот туризам и економскиот развој. Годинава, со успешната програма и бројни посетители, докажавме дека нашиот град има моќ да инспирира, обединува и да расте.

Изјави за медиумите градоначалникот на Битола, г. Тони Коњановски.

Целото видео може да го погледнете на следниов линк: https://www.facebook.com/share/v/14uv6LH3fu/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

Чулев: Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем

Published

on

Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ, напиша на Фејсбук, Наќе Чулев.

„Безбедносно-разузнавачките институции не се реформирани, а во нивните рамки се направени сериозни злоупотреби кои мора да бидат предмет на истрага од страна на Јавното обвинителство. Овие злоупотреби се потврда за користење на институциите за следење и негативно етикетирање на личности, како и за обиди за спречување на промена на власта. Во контекст на наводите објавени од премиерот Христијан Мицкоски за фабрикувани конструкции за пара-полициски вооружени формации, јавно го повикувам Обвинителството да истражи зошто ваквите информации не беа доставени до МВР, иако тоа експлицитно го побаравме во неколку наврати. Имено, по преземањето на функцијата технички министер, побарав писмено, но и во рамки на работен состанок, од надлежните институции да достават информации за потенцијални безбедносни ризици во пресрет на одржување на изборите. Вакви информации, до мене, МВР, но и до владата и Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во тој период воопшто не беа доставени. Тука се поставува јавно прашањето: доколку институциите располагале со такви информации за сериозни безбедносни закани, зошто истите не беа доставени до надлежните институции во исклучително сензитивниот предизборен период и покрај тоа што истото во неколку наврати беше побарано од моја страна?“, прашува Чулев и додава:

„Неопходно е јавното обвинителство да отпочне активности за решавање на овие отворени прашања и утврдување на сите инволвирани лица и незаконски дејствија, додаде тој“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк